Веста за крајот на Втората светска војна и конечната победа на антихитлеровската коалиција над фашизмот ја слушнав во Скопје. Се најдов на плоштадот, каде што за неколку минути дојдоа сите скопјани. Сите беа радосни, весели и насмеани. Од височините на Кале се огласија топовски плотуни. На плоштадот засвирија зурли, тапани и хармоники. Се развиори огромно оро. На сите им беше јасно дека ќе ги нема повеќегодишните страдања, гладувања и смртоносните звуци на оружјето. Народот ќе заживее во слобода и, што беше највесело, ќе живее во своја држава. Заминаа во историјата османлиското, српското и бугарското ропство.
Народот требаше веднаш да тргне да ги расчисти и обнови куќите, мостовите, патиштата и понекоја фабрика разурнати во војната. За да се стори тоа, македонската војска од своите редови ослободи поголем број војници за да се вклучат во обновата и изградбата на својата држава. Само Осмата македонска дивизија на народната одбрана остана и натаму мобилна за да се пресмета со остатоците на разбиените вооружени формации што ги организираа фашистичките окупатори од платени домашни предавници за борба против НОВ. Оваа дивизија мораше да ги обезбеди и границите со соседните држави и да ги заштити органите на новата народна власт, бидејќи остатоците од бандите започнаа да убиваат нејзини активисти. Оваа активност на Дивизијата за народна одбрана траеше подолго. На крајот сите тие беа ликвидирани или заробени и предадени на судските органи.
Нашиот народ треба да биде горд поради тоа што под раководство на Комунистичката партија на Македонија масовно тргна во борба против најстрашното фашистичко зло, ставајќи се на страната на антихитлеровската коалиција предводена од СССР, Америка и Англија. Од посебно значење е учеството на Македонскиот корпус со две дивизии во завршните операции за ослободување на Југославија, борејќи се од Срем до Целје.
Во периодот по Втората светска војна нашиот народ со голем труд и самоодрекувања изгради современа држава со сите нишани: организира народна власт, македонскиот јазик го прогласи за државен, основа основни, средни и високи школи за образование, ја формира МАНУ, се возобнови и заживеа Македонската православна црква, се изградија многу патишта и фабрики итн.
Ние, борците од борбата против окупаторите, имаме многу причини да бидеме задоволни од нашата борба и од повоените достигнувања. Но, имаме и причини со нешто да бидеме незадоволни, особено со некои активности на раководствата на нашата држава по осамостојувањето на Македонија. Ние, борците и инвалидите од НОБ во поодминати години, доживеавме да гледаме или да слушнеме за искршени бисти на загинати народни херои во НОБ, за сквернавење на спомен-обележја за значајни настани од нашата борба, за отфрлени називи на училишта на народни херои и замена со други, за скратување или отфрлање настани од НОБ по предметот историја во училиштата. Не сме против кога се преземаат исправки во некои претерано нагласени настани од НОБ, какви што можело да има во периодот по војната, кога и нашиот занес беше огромен поради победата. Но, никако и никој Македонец патриот нема да се согласи македонската држава, која опстои над 45 години, да се нарекува како србокомунистичка, комуњарска или вештачка творба на Тито и Сталин. Со тоа им дадовме повод погрдно да не' нарекуваат и некои историчари од соседните земји. Посебно жалиме што нашите државници достојно на значењето не го одбележуваат 9 Мај. Цвеќе на партизанските гробишта на тој ден полагаат само боречките организации, а доколку некогаш го прави тоа некој од власта, тоа е срамежливо. Говорам дека ниту цвеќе не се полага на паднатите борци, а за свечена академија по повод 9 Мај (Белград) или воена парада (Москва) не станува ни збор. За нас е жално што МАНУ и докторите по историја, кои со такви титули се здобиле во нашата држава благодарение на победата над фашизмот, молчат. Ова го толкуваме како нивно одобрување на игнорирањето на борбата на нашиот народ за слобода.
Убедени сме дека сите наведени активности што ни се случуваат по осамостојувањето на нашата држава со кои се негира нашето минато по 1941 година или се ревидира се штетни за напредокот на нашата држава и голем дел од народот не го одобрува тоа. Тоа ни дава повод да бидеме задоволни со убедувањето дека Македонија ќе ги совлада и сега, како и порано, сите пречки и ќе опстои за век и векови.
Нека ни е ��естит 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, и нека ни е вечна нашата држава Македонија.
G-dine Gogov, za da gi soprete site krsenja na bisti i navredi za vasata borba i se drugo sto navedovte vo vaseto pismo, i za da go podobrite imidjot zad se sto stoite treba agresivno da se distancirate od SDSM. Taa partija (i lugeto vo nea) prestavuvajki se za vasi naslednici imaat izvedeno nevidena krazba na opstestveniot imot so sto go imaat osiromaseno narodot do kraj. Jasno, imaat napraveno i drugi svinjarii, no ova e osnovniot problem. Mladite luge, koi ne znaat podobro, zatoa ve identifikufaat vas so niv iako nie postarite znaeme podobro.
Од: makbulgar
Датум: 12.05.2009 04:50:57
едно е то4но дека Мак постои по 1945г
Од: Kole Mangov
Датум: 12.05.2009 06:51:48
Slobodata na eden del od nashata Makedonija me upati kon nasheto antickoto minato.Toa mi se sluchi stihovi vo 1977 godina.Poradi nashata antika Grcija ne progoni od nashite rodni mesta i ne gio napravi ovoj sdramotilok po nashata nezavisna drzava.
Од: Archelay
Датум: 12.05.2009 07:38:44
Da go potsetam avtorot i ke mu bide jasno deka mnogu dzilitanje so 9 maj znaci i zbogum so EU.Zosto?Site nejzini clenki,site do eden bea ili sorabotnici so Hitler ili tajni sorabotnici.A za da im se odmazdat na neposlusnite,na balkanot vospostavija horor.Ete takva e taa bagra.
Од: ivana
Датум: 12.05.2009 08:28:25
Ne im zameruvajte segasnava vlada ima mnogu rabota okolu spomenicite,konjanicite,sportskit sali,muzeot za vosocni figuri ,crkvi i tn.samo kratko ke im bide brzo sami sebe ke se pobedat ama i ke se obesat za na vek.Vo pravo ste da zivee 9MAJ denot na pobedata.
Од: Itar Pejo (vmrovec)
Датум: 12.05.2009 09:41:23
Kako da go slavime devetti maj koga togas pobedija partizanite, rusite, amerikancite i anglicanite. Site komunjari!
Од: Мошо
Датум: 12.05.2009 10:01:57
Фактот што го заборава оваа власт е: дека Југословенските Борци од НОБ ја создадоа Државата! Она што неуспешно го правеа генерации претходници (најмногу поради прејакиот „мирис на рози“) им успеа единствено на Нив. Но секогаш (постојано) се прашувам: Немате ли вина и Вие, самите Борци, за ваквиот однос кон Вас? Од Вашето долгогодишно привилегирање, преку создавањето квази-борци (со два сведока) па дури и поставување на раководни функции на оние од спротивниот табор (некои дотуркаа дури и до претседатели) преку молчењето за актуелните состојби (за да и` се додворите на власта). Застанавте на страната на оние што Рушеа (националсоцијалистите) во пресудниот момент - кога требаше да се Спротиставите! Она што беше поим за Држава, самите го прогласивте за „темница на народите“, поради Вашата нејасна визија за настаните од минатото и искривената претстава за „самостојноста на народите“. Поради ова Ве избришаа и од учебниците (повторно е пресилен „мирисот на розите“)!
Од: Ози
Датум: 12.05.2009 14:33:19
ВМРОвците неколку пати низ поновата историја си играа ’ослободување’ на Мк. Резултатот е познат. Потоа дојдоа комуњарите и вистински го направија тоа. Се плашам само да не ни се повтори историјата па да мора пак комуњарите да не спасуваат т.е. да не вадат од г...а.
Од: Ljubica
Датум: 12.05.2009 15:08:52
Се гордеам што доаѓам од земја чиишто борци и прогресивни млади луѓе ја одбрале вистинската страна и застанале против злото. Би се срамела да сум од Бугарија, Унгарија, Германија... Во моментов се срамам само што имаме ваква власт која не наоѓа за потребно да им оддаде признание на вистинските градители на македонската државност - антифашистите и партизаните.
Нека Ви е вечна слава на сите вас борци, народни херои, партизани - историјата, иако во моментов манипулирана, секогаш пресудува правично. Вашите имиња и борба се огромна чест за Македонија и нас младите генерации.
Честит 9 Мај!