Владимир Велјановски
географ
Претпладневниот дел од денот, како и секогаш, ќе го поминам на работното место, по што следуваат минути за одмор и можеби мала прошетка на кејот на Вардар. Вечерните часови ми се резервирани за следење на „Евросонг“ и, секако, голема поддршка за момците од „Некст тајм“ пред кои стои голема задача.
Соња Ристеска
политиколог
Стандардно, наутро сум на работа во организацијата „Аналитика“, каде што ќе се задржам до 16 часот, а потоа заминувам дома на пладневен одмор. Засега немам некој конкретен план околу вечерните часови, но не ја исклучувам можноста да излезам на кафе-разговор со пријателите.
Виктор Петров-Викса
радиоводител
За почеток да кажам дека имам еден куп обврски кои морам да ги завршам денес. Почнувам со радиоемисијата од 8 до 10 часот наутро на Сити радио, а потоа, на мое огромно задоволство, имам термин предвиден за прошетка со мојот велосипед. Следува кафе со моите драги брат и татко, а потоа ручек со сопругата. Во 19 часот имам важен состанок поврзан со мојата емисија што треба да стартува наскоро, а потоа сум слободен до крајот на денот. |