„Обична вечер“ - монодрама на Милан Гутовиќ на „Битолско културно лето“
Во пациото на Заводот и музејот на Битола ( алтернативен простор, Мала сала на Центарот за култура), вечерва во 21 часот Милан Гутовиќ, еден од најпопуларните актери во Србија и поранешна Југославија, ќе ја изведе монодрамата „Обична вечер“.
Претставата е политичко кабаре кое се игра на Белградската сцена од 1986 година, а Гутовиќ кој ја засмејува публиката со секојдневни теми, е нејзин комплетен автор, наградуван со голем број награди. Досегашната кариера му е исполнета со претстави од класичниот и модерен репертоар, но популарноста ја стекна првенствено како комичар. (К.Б.) |