Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Јазикот на музиката се разбира секаде во светот

Младата македонска флејтистка Лина Андоновска, која живее во Австралија, чекори на светските музички сцени

Лина Андоновска се смета за една од најталентираните флејтистки од помладата генерација музичари. Има македонско потекло, а родена е и живее во Австралија. Иако млада, Андоновска веќе зад себе има бројни рецитали, камерни настапи и солистички настапи со симфониски оркестри не само низ Австралија, туку и во европските земји. Во моментов, концертира со Симфонискиот оркестар на Канбера и Австралискиот младински оркестар, а по потреба, вели, често е дел и од Симфонискиот оркестар на Тасманија, како и од оркестарот на Австралиската опера и балет.

Пред неполн месец, Лина Андоновска настапи како солист со Симфонискиот оркестар на Тасманија, изведувајќи го Концертот за флејта и оркестар од финскиот композитор Еиножухани Раутавара, кој тамошната критика го оцени како брилијантен настап. Андоновска вели дека мошне често настапува и со гитаристот Харолд Гретон со кој до крајот на годината ќе снимат и ЦД. Во моментов е ангажирана со настапи на реномираните фестивали за класична музика во Финска, Франција и Англија.

Како што и самата вели, страста кон музиката ја наследила од мајка си, познатата македонска пејачка на популарни мелодии од 70-те, Лена Трајковска. Музичкото образование, Лина го завршува во Австралија, на тамошниот Национален универзитет, а за време на студиите, добитник е на неколку стипендии како најталентиран музичар. Минатата година доби уште две стипендии од организацијата „ArtsACT“ и „Karmel Honours Scholarship“, од самиот факултет. Уште една потврда за нејзиниот талент, се и натпреварите за класична музика, каде што, на Австралискиот национален натпревар за флејта и Австралискиот национален натпревар за пиколо во Сиднеј влезе во финалниот круг, додека на Музичкиот натпревар во Нов Зеланд, во полуфиналниот круг. Нејзините планови се да магистрира во Мелбурн, или во Швајцарија.

Лина Андоновска се ориентира кон изведба на дела од модерни автори, иако, како што вели, блиска и е музиката и од епохата на барокот. „Сакам и камерна музика, но ги издвојувам авторите како Сергеј Прокофјев, Арво Перт, Тору Такемитсу, Игор Стравински, Антони Дворжак и секако Бах. Ја следам и популарната музика, не само класичната, зашто сакам да бидам информирана за се што се случува во светот на музиката“. Досега, вели Ан��оновска, немала можност да настапи во Македонија, но дека тоа и е огромна желба која се надева наскоро ќе и се исполни. Ја потврдува тезата дека музиката е универзална, сфаќајќи ја како единствен јазик кој се разбира секаде во светот. За моментната ситуација во контекст на развојот на класичната музика во Австралија, Андоновска смета дека музичарите таму се отворени за секакви идеи. „И тоа повеќе од Европа и од Америка“, вели. „Сепак, сметам дека класичната музика во Австралија не е толку прифатена од поширокиот круг љубители на музиката како што е во Европа. На европјаните класичната музика им е секојдневие, таа е сериозен сегмент од нивната култура. Во Австралија повеќе пари се вложуваат во спортот, па и народот повеќе сака да следи спорт, отколку да посетува концерти“, вели Лина. (Т.И.)


Статијата е прочитана 156 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Обична вечер“ - монодрама на Милан Гутовиќ на „Битолско културно лето“
Концерт на Адмир Точи во „Света Софија“
Мозаиците во Чифте - амам го донесоа струмичкото сонце
Беговската куќа во Тетово го добива автентичниот лик
„Метар и половина до Цезар“ - во Сули-ан