Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Беговската куќа во Тетово го добива автентичниот лик

Се реставрира и конзервира куќата на Мехмет Палоши

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Старата беговска куќа во Тетово, повеќе позната како „куќата на Мехмет Палоши“, се реставрира и конзервира, со крајна цел повторно да го добие автентичниот лик. Работите се изведуваат под непосреден надзор на стручни лица од Националниот конзерваторски центар, под раководство на реализаторот на проектот Цветанка Хаџи - Пецова. За годинава се предвидени зафати на покривот за да се отстранат сите опасности што може да ги донесе невремето и да влијае на зачувувањето на двата ката на куќата. Покривот целосно се прередува.

Старите ќерамиди се симнуваат и една по една, се чистат и враќаат назад. Дрвената конструкција се преработува, чисти или заменува со нова, зависно од состојбата во која се наоѓа. Оџаците се надѕидуваат до првичниот изглед, како и баџата, која го зазема централниот дел над покривот на куќата. Во првобитна положба се доведува и стреата. Целиот зафат ќе чини околу 100.000 евра кои ги обезбедува Министерството за култура. Средствата се одобруваат сукцесивно, а работите ќе се одвиваат онака како што ќе се одобруваат финансии. Овогодишниот зафат кој трае два месеца, се однесува само на покривот.

Беговската куќа во Тетово е градена пред 200 години. Во 1950 година како специјален споменик на османлиската профана архитектура, била земена под заштита на државата. Иако поминале шест децении, била оставена била на судбината на семејството, чии пак членови, за свои потреби доградувале, преградувале, адаптирале, со што, според Цветанка Хаџи- Пецова, влијаеле на внатрешниот изглед, па и надворешно, бидејќи доградувале објекти за различни потреби. Сепак токму тоа придонело куќата да не биде запуштена, да и бидат сочувани оригиналноста, висината и габаритот. Зачувани се и старите карактеристични делови: амаџик, мусандра и огништа. Хаџи - Пецова вели дека се работи за голем објект со димензии 25,6 х 15,6 метри, со приземје и кат, а оригиналноста била зачувана и споредувана според записи на патеписци, оградена со високи ѕидови на кои имало четири кули за набљудување.

Објектот се наоѓа во непосредна близина на Шарената џамија во Тетово и заедно со Стариот амам, чинат една целина од историското и културното минато на градот. Според проектот, куќата на Мехмет Палоши ќе претрпи внатрешни и фасадни и надворешни прилагодувања, во кои спаѓаат и отстранување на се' што влијаело на првичниот изглед.

„За сите работи што ги изведуваме, сопствениците ни дадоа согласност. Во тие рамки се и предвидувањата овој репрезентативен објект како градска куќа, да се прилагоди за туристички потреби, но и со етнолошка поставка и за измени од културна и едукативна природа. Приземјето би ја имало музејската страна, додека на катот би се одржувале собири, семинари и друг вид специјализирани средби, главно од културата и историјата. Две соби на катот предвидуваме да ги намениме за краток претстој со ноќевања, во вистински „автентичен амбиент“ - вели раководителката и реализатор на проектот, Цветанка Хаџи - Пецова.

Старата Беговска куќа обилува и со повеќе резбарени експонати, поставени како делови на таваните, вратите, прозорците и на други места според тогашните обичаи и традиции.

 


Статијата е прочитана 196 пати.

Испрати коментар

Од: Qamil
Датум: 28.07.2008 14:39:26
Sli[na ahitektura vredna da se so[uva orinalniot izgled ima i vo Gostivar na ul. Ko[o Xoxsi vo koja stanuva i zivee familia [ako. Pred nekolku godini ava kuka ja poseti edna Tv stanica od Turska i emituvaa dokumentarna programaq. Nee loso da se intervenira za restauracija i, za[uvuvanje na ovoj objekt. So, po[it.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Обична вечер“ - монодрама на Милан Гутовиќ на „Битолско културно лето“
Концерт на Адмир Точи во „Света Софија“
Мозаиците во Чифте - амам го донесоа струмичкото сонце
„Метар и половина до Цезар“ - во Сули-ан
Јазикот на музиката се разбира секаде во светот