„Метар и половина до Цезар“ - во Сули-ан
„Метар и половина до Цезар“ е насловот на српската театарската претстава која во продукција на „Балкан ново движење“ ќе биде одиграна вечерва во отворениот простор на Факултетот за ликовни уметности - Сули - ан, со почеток во 21 часот.
Претставата чиј режисер, а воедно и актер е Весна Станковиќ е работена по текст на Славиша Радовановиќ. Во неа играат и актерите Љепомир Ивковиќ и Александра Ристиќ. Комедијата „Метар и половина до Цезар“ е прв драмски текст на Радовановиќ, кој како писател досега ги објавил и романите „Празни години“, „Салашар“, „Очув“ и други, а за романот „Француска култура кибрит“ ја добил и наградата „Мирослав Дерет“. (К.Б.) |