Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Заев од СДСМ смета дека не е време за оставки, бидејќи е потребна активна и силна опозиција
Билјана Јовановска
Со најавата на Радмила Шекеринска, лидерката на опозициониот блок „Сонце - коалиција за Европа“ за повлекување од челната функција во СДСМ, почитувајќи го принципот за одговорност за изборните резултати, како да повлече нога и кај другите коалициони партнери. Во сите партии од левоориентирана коалиција има помали или поголеми бранувања. Многумина во повлекувањето на лидерите ја гледаат својата шанса, своите „пет минути“, но притоа како недоволно да се размислува за партиските интереси. Дали во вакви услови на партиите им е потребно дополнително внатрешно протресување кое ќе има свои последици и врз претстојните локални и претседателски избори? Одговорот ќе си го даде членството кога ќе се направат сите анализи на причините за ваквите изборни резултати, а дури потоа ќе одлучува дали ќе ја прифати понудената оставка на нивниот партиски лидер.
Во постојните услови, кога партиските штабови мора да бидат подготвени за следните избори, јасно е дека предвремените повлекувања на одделни лидери ќе се доживее само како уште една победа на нивните политички противници. Оттаму, нема да зачуди доколку власта максимално се погрижи да ја искористат оваа состојба во своја полза и преку одделни членови да ги потпомогне внатрепартиските бранувања на опозиција.
Зоран Заев од СДСМ, кој се спомнува како еден од можните наследници на Шекеринска, смета дека сега не е време за оставки. „Тоа може да предизвика внатрепартиски делби, ќе отвори нечии лидерски апетити, но сигурно негативно ќе се одрази на партијата. Изборните штабови на коалицијата ’Сонце‘ не се затворени, така што мора да работиме и да размислуваме за изборите кои се за само неколку месеци. Се' друго би било контрапродуктивно, зашто на државата и' е потребна стабилна и силна опозиција“, вели Заев.
Во НСДП на Тито Петковски, внатрепартиските потреси траат подолго, од времето кога се расправаше дали на парламентарните избори партијата ќе има самостоен настап или ќе и' се приклучи на левоориентираната коалиција предводена од СДСМ. Оттаму, барањата за оставка на партискиот лидер не се ни вчерашни, ниту изненадувачки. Во изјавата за „Утрински весник“ Петковски порачува дека за сега не размислува за оставка.
„Изборите се' у��те не завршија, така што допрва треба да се направат опстојни анализи за причините за ваквиот изборен резултат. Останувам на она што е запишано во Статутот на НСДП - Централниот одбор ќе свика конвенција на која ќе се гласа за доверба на претседателот, но и на ЦО“, објаснува Петковски.
Се' уште актуелниот потпретседател на НСДП, но и на Владата Живко Јанкуловски има спротивен став: „Лично бев за самостоен настап на НСДП. Не го прифатив понуденото пратеничко место и да бидам во коалицијата ’Сонце‘ зашто не можев во кампањата да го критикувам моето успешно работење во Владата. Меѓутоа, она што го направи Петковски е голем неуспех на партијата и тој сега треба да има доблест да ја признае грешката, да ја отповика одлуката за пристапување кон коалицијата ’Сонце‘ и да си поднесе оставка“. Убеден е дека партијата може да се консолидира доколку претседателот постапи вака.
Постизборни превирања има и во ЛДП, иако, како што вели Андреј Жерновски, партијата нема причини за незадоволство. „Со четири освоени мандати во околности во какви што се одржаа парламентарните избори, ЛДП оствари пристоен резултат. Квалитетот на пратеничката група гарантира жестока и бескомпромисна битка против Груевски и неговата политика. Јован Манасиевски е претседател на ЛДП само една година и лично сум задоволен од начинот на кој ја води партијата и со право очекувам дека неговото време и времето и на ЛДП допрва доаѓаат“, дециден е Жерновски.
Тој вели дека согласно со внатрепартиската процедура секој има право да ја иницира оставката на лидерот, но познавајќи го составот на ЛДП, убеден е дека таквите идеи ќе доживеат неуспех. Тоа деновиве го прави ексминистерот за труд и социјала Стевче Јакимовски, кој смета дека Манасиевски треба да понесе одговорност.
Претседателот на Либералната партија Стојан Андов самиот најави повлекување од челната позиција, но не поради изборните резултати, туку затоа што за еден месец му истекува мандатот. Во ЛП веќе има претенденти на лидерското место, меѓутоа, и по промени на врвот, пратеникот Андов нема да го менува курсот.
„Јас сум избран како кандидат на ЛП, која е дел од коалицијата ’Сонце‘ и немам ни причини ни намера да ја менувам страната. Имаме програма и здрава ориентација, така што ќе дејствувам опозиционо“, објаснува Андов.
Mizerija ziva ne mislele da podnesat ostavka????Namesto da se skrijat vo nekoja dupka od stram od bruka Tito ne mislel za ostavka a za sto mislese koga vo kumanovo mu poracuvase Nikola vo nedela ke padnes gotov si e mizerio edna i tebe pred 1 god vo ovoj vesnik ti poracav oti ko cile ke zavrsis bezideen covek bez vizija aroganten samobendisan a totalno nesposoben.Si mislese mnogu jak faktor si vo vladata eve se uveri kolku jak si bil celo clenstvo te napusti pa vo civilizirani drzavi posle vakov debakal se samoubivaat samo ti ni si imal oset ni ke imas a Stole burleska ziva teska mizerija so toj Orovcanec taka mislea ajde gotovo ami voj narod vise ne go laze nikoj Nikola postavi visoki standardi
i mnogu ke treba da se pomaci koj i da e za da dojde na vlast.
Од: janev68
Датум: 07.06.2008 01:07:37
Gospodo Andov i Petkovski odete si oti znaete deka vi e otidno letoto so vas nema perspektiva,ucete gi vasite pokolenija da mislat drugo od vas togas ke bideme zdrava i silna Makedonija
Од: General vo penzija
Датум: 07.06.2008 01:10:30
Samo na sud za proverka na legalitet na referncata .
Од: london
Датум: 07.06.2008 01:19:57
Rada da bese iskrena vo predizborieto kako sto e sega so ponudenata ostavka ke dobiese nekoj pratenik poveke,sepak treba izdrzana programa so konkretni celi i pomalku plikanje kon protivnicite.Sepak najgolema greska e sto gi zede pod svoe grckite svatovi Tito,Stojan i onoj kako bese na O-nesto. A Tito se znae ne bil nikogas za narodot tuku da sedi na nekoja funkcija, pa zatoa i se otcepi od SDS i napravi ,,privatna ''partija ,ama za zal privlece i mnogu cesni luge vo nea koi sega se najdoa vo ,,nebrano'' si ja sakaat svojata NSDP ama ne so lider kako Tito koj ima gon obraz!!!
Од: Boshko
Датум: 07.06.2008 02:25:53
Da,ne evreme za ostavki od nichij vodach na opoziskite partii pa i n Stojan Andov ,kogo nikogash ne sum go podnesuval,no za dobroto na narodot ne treba barem sega ostavki.
Treba se da se stabilizira i vo site partii,da trgni rabotata na podobro i duri potoa da se zboruva za ostavki,a ne raznishani partii i ushte liderite da se povlechat,pa toa e chist propast.Ve molam pomislete i toa mnogu dobro i dokazet mu na narodot deka Banditite na Guevski ne znaat da vodat drzava,ne se dorasnati.
Од: АлександарМКД
Датум: 07.06.2008 02:26:20
Не ми е јасно што се бламмираа Шеќерќето и дедо Андов , си даваа оставка без веза, когај сигурен сум не покасно до крајот на оваа година СДСМ и ЛДП нема да постоја како партије , може да бида некој земјоделски задруге или таќе нешто... А богами и на Утрински весник не му престои некоја блескава иднина па затоа не е ��ошо да почне да произведуе тоалетна хартија ќе ви треба !!
Од: John Chicago
Датум: 07.06.2008 04:13:28
Tito,Stole..i ostala komunjarska sitna boranija se drzat cvrsto na komunjarskata deviza:Gas davam,Vlast ne davam..xa,xa,xa
Од: od mene
Датум: 07.06.2008 04:40:00
Ako Tito glumese deka e evropski orientiran, neka izdrzi maski i neka si podnese ostavka.Taka e toa vo Evropa.Sega ke gi ispituvale rezultatite...Sto ke ispituvas be crni Tito?Skrij se tamu, barem ne davaj izjavi,ne se brukaj. Penzioniraj se kako covek.
Од: dragan
Датум: 07.06.2008 05:02:59
ne sum tolku protiv ni edna partija , no sdsm mora da svati deka narodot vece gi procita , i mozat da gi lazat samo strarite ljudje. Koj e toj tolku pameten politicar da moze 20 godini da vodi i upravuva edna drzava. ovie od sdsm e vsushnost toa. Ne dozvolija na maladi kadri da vlezat , ako vleze nekoj toj ce bide nekoj si rodnina po krv odnosno degenerik. Idninata em e samo vo nov i svez kadar no sega vece mislam deka e docna
Од: demokrat
Датум: 07.06.2008 07:46:15
Leshnarite nema da uspeat! Na RM i trebaat cesni i iskreni lideri kako Sekerinska i Manasievski inache loso ni se pisuva, jadni ke bidat tie "lideri" vo ona sto ni pretstoi - ke lideruvaat so beda i izolirana drzava . Rado, doblesno e toa sto go napravi kako chin, ni nie te sakame i ni trebas i vo sdsm i vo Makedonija i tie celi treba da ti se posilni od licnata gordost
Од: Vasko
Датум: 07.06.2008 09:08:38
Потребно е сите лидери на опозицијата да си поднесат оставка и тоа на вонреден конгрес.Ова го велам од причина што доколку чекаат тоа да го направат на редовен конгрес само ќе изгубат време и на наредниве локални избори ВМРО ДПМНЕ ќе ги победи истотака убедливо.Па мислам а повеќето ќе се согласат со мене на народот му е доста од Андов,Петковски итн.
Од: vucko 15
Датум: 07.06.2008 09:31:57
Nie stalno odposle gi postavuvame pravilata,prava i odgovornostite.KOga na izbori ima proporcionalni listi z pobeda po toj redosled odi oprdelba za pratenici ,TREBA da ima takva lista i vo partiite koga ke izgubat prvite da si davat ostavka ili da pocbat odnovo od mesnite organizacii i tka ke ima nekoj kriterium.A i vo partiite mozes brzo da napreduvas ako te zemat pod svoe staratelstvo.
Од: mare
Датум: 07.06.2008 09:51:14
Народот на овие избори не е свесен сто избра,се продаде за 500 денари глас ,а ВМРО-вците лекари од Куманово немаа никаков срам за пуста власт цел ден го влечеа гладниот народ со силс да излези и да гласа.Народе освести се.Никакви оставки само напред бргу ќе свати гладниот народ што му дал Груевски,а уште побргу што го преварил.
Од: jota
Датум: 07.06.2008 10:53:33
Radmila sposobna si i imas dobra programa mam dzabe se dodeka okolu tebe se lapacite od vremeto na komunizmot;Andov,Tito,Bucko,Crvenko,Popovski...otkaci gi i Mak ce dobie preporod.....
Од: Itar Peyo
Датум: 07.06.2008 11:47:36
Andov ne smee da si odi dodeka ne si ja zavrsi rabotata. Go donese zakonot za lustracija no nikoj uste ne slusam deka e lustriran. Neli vo FYROM (imeto od badjot na Gruevski) rabotite ne odea zatoa sto kodosite se uste na vlast. Sega sto pravime?
Од: Lile
Датум: 07.06.2008 12:17:56
Taka e. Samo napred. Gubitnicite kako Zaev, Rada i Tito se kriterium sami za sebe. Tie sami odlucuvaat dali ke si odele?!?!?!? A be odma da si odite. Odma. Vie izgubivte, a ne nekoj drug.
Од: Стефанов
Датум: 07.06.2008 12:56:15
Капетанот Стојан Андов го напушта бродот кој сериозно тоне во момент кога се соочува и бега од разгневеното членство кое најпосле сфати дека итрецот ги гледа само личните интереси. Компасот на Андов го водеше либералниот брод лево-десно, ги исфрлуваше од него оние кои имаа сопствено мислење и став и на крајот од почетниот респектиран состав остана само Зоран Крстевски , кој деновиве бара смена на Андов. Дали е ова почеток на крајот на „лидерот“ кој ја уништи сопствената партија?
Од: Ohridzanec
Датум: 07.06.2008 13:06:06
Kampnjata za ovie izbori na SDSM zaedno so koalicijata vo dosegasnite parlamentarni izbori bese najslaba. Ne ponudija nikakva programa tuku odea samo na vredzanje na koalicijata za podobra makedonija i licno na Grueski. Zatoa e potrebno site lideri na opozicijata da dadat ostavki za dobroto na Makedonija.
Од: Nukola
Датум: 07.06.2008 14:48:34
Pocituvana redakcio,
Zar ne svakate deka vremeto na Andov, Petkovski i tie kako niv e izminato. Zarem treba uste so Vasa pomos da go citame vo vesnicite, tie toa so nisto ne go zasluzuvaat. Najdobro da gi snema da odat vo zaboravot, da se spasima od takvite lesinari , demagozi i mativodi, sto nisto ne dokazaa ( se izvinuvam sem za svojot djep no od narodnote pari ). Ve molam nivnoto ime da ne se spomnuva.
Од: Petre
Датум: 07.06.2008 15:08:39
Prasanje do urednicite na utrinski:
Kade se vasite omileni komentatori? koji do vcera bea pomnogubrojni vo podrskata na sdsm,a sega odednas se se smeni? Da ne vi treba nov urednik na vasiot cenet vesnik?
p.s. a ke go objavite li ova? ili......
Од: Boka
Датум: 07.06.2008 20:17:09
Od deset godisna vozrast gi gledam nezasitnive politicari na nasata politicka scena a ne znaat ni dve recenici na makedonski literaturen da povrzat....Odete si ednas vo zaborav vo istorijata.Bidete samo loso sekavanje.
Од: Фауст
Датум: 08.06.2008 03:29:36
Ако е Никола толку способен како што се прави на сите негови митинзи и нарачани емисии, тогаш зошто не прифати дуел со Шеќеринска? Зашто рејтингт автоматски ќе му паднеше и под нулата, зашто ќе требаше да одговара на значајни прашања, а не само да живее во тој негов виртуелен свет. Ако продолжи вака со неговата политика ќе си се враќаме само назад и ќе гледаме како нашите соседи цутат на секој можен план.
Треба да се работи на меѓународната политика зашто е мнгу значајна, а не само да си се прајме патриоти. Па, кого лажиме - сами си се залажуваме.
Луѓе како Радмила и се потребни на нашата држава.
Од: trpe
Датум: 08.06.2008 08:16:49
Za mene ova okolu SDSM - ovcite ne me iznenaduva.Kako sto ne me iznenaduva nitu odnesuvanjeto na gospogja Sekerinska . Pogolemiot broj na lideri od ovaa partija prvo vrabotuvanje im bese prvi luge na ovaa nasa namacena drzavicka.Zatoa rezultatot e takov kako sto treba da e.Sledno sto treba e :revizija na imotnata sostojba na sekogo koj bil na funkcija i odzemanje na ona sto go ukral.Na pitacki stap da se odnesat,zelenje za aramii na sopstveniot narod nema.
Од: slavica
Датум: 08.06.2008 22:25:57
Dali LDP nekogas misli da napravi reformi vo partijata? Istite faci, istite iminja se vrtat otkako postoi partijata.Tamu ima solidni luge koi ne se drustvo na pretsedtaelot i nemozat da dojdat do izraz.A pretsedatelot vo soj film. Antitalent za lider.Nitu eden od isbranite pratenici ne e kvaliteten.Neka se trgant na strana i neka dadat prostor na drugi. Vo sprotivno ce zgasne parijata.