Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Антикорупциска бара да сопрат новите вработувања

Констатиравме дека најмногу барања за вработувања има во здравството, изјави Мирјана Димовска

„Не се дозволени нови вработувања додека траат изборите. Ова е законски режим на однесување што важи од моментот на распишувањето избори се' до конституирањето нова влада“, изјави вчера на прес-конференција претседателката на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска.

Државната комисија за спречување на корупцијата упати предупредување до институциите во државата кои располагаат со јавни пари да сопрат со вработувањата и најави дека ќе бидат под постојан мониторинг.

„Во овие избори првичен впечаток е дека во игра се многу вработувања. Од предметите по кои работиме, констатиравме од јавните огласи оти се бараат 434 извршители. Од нив, 157 се во здравството“, потенцира Димовска.

ДКСК, по иницијатива на Советот за радиодифузија, во врска со настапите на министерот Лазар Еленовски емитувани на телевизиите А1 и Канал 5 на 30 мај, побарала информација од медиумите за тоа кој го нарачал емитуваниот спот објавен во времето за платена политичка програма и кој го платил неговото емитување. Одговорите на овие прашања, според Димовска, се пресудни за утврдување за каков вид политичко рекламирање станува збор.

Постапувајќи по претставка од областа на денационализација доставена од повеќе лица, ДКСК има поднесено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење раководни службени лица од Министерството за финансии - Одделение во Општина Чаир и од Државниот завод за геодетски работи. Лицата се осомничени за злоупотреба на службените овластувања, бидејќи спротивно на законските прописи отуѓиле имот кој бил предмет на денационализација. (К.Ч.)


Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар

Од: маре
Датум: 07.06.2008 09:54:13
Многу доцна се сетила антикорупциска да ја опомене власта ,која на 30.05.2008 година во Куманово вработи 11 членови на ВМРО во Центарот за култура во Куманово,во Агенција за вработување,во новиот затвор во К,шање и многу други места.
Од: svesen
Датум: 07.06.2008 13:23:37
Sega duri i nemora da se vrabotat rabotata e zavrsena celta e postignata ,Dodeka ima ovci za srizenje lesno mu e na Gruevski
Од: goran
Датум: 07.06.2008 14:30:45
Toa e politikata na gruevski i vmro koja ke ne vrati 100god nazad a ne s100 cekori napred.
Од: mary
Датум: 07.06.2008 15:58:11
кај брат ми во градинките се случува хаварија. секој ден запослуваат, верувале или не, по 20 луѓе. и тоа од министерство им велат кои , од кои села да ги вработатат, на кои места... ова никогаш не било..пред избори и после избориве не се запрени да вработуваат.. има ли некој да ги контролира. катасртофа.поззз
Од: ssss
Датум: 07.06.2008 21:43:03
ne sum partiski opredelena , ziveam nadvor od MK,samo kratko,... burata se najavuvase ,uste pred 17 god ,nikoj ne veruvase deka brodot poleka tone ....narodot koj bese na brodot jadese i piese bezgrizno nadevajki se deka ke stigne do celta ...no poleka burata se zasiluvase taka da brodo pocna tolku silno da se lula ,sam sto ne potona ,i sto napravi narodot -pocna megu sebe da se karaat pa duri i da se ubivaat ...ponataka pretpostavete si sto se slucilo.........pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Канал 77 со најизбалансирано известување за изборите
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Треба да се прошири улогата на Генералното собрание на ОН
Еленовски ги даде на суд Шекеринска, Минчев и Мисовски
Притвор за учесници во изборните инциденти во Гостивар и во Дебар