Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Канал 77 со најизбалансирано известување за изборите

МТВ 1, МТВ 2 и Сител отворено ги фаворизирале владејачките партии

Советот за радиодифузија вчера на прес-конференција ги објави првичните резултати од медиумското покривање на предвремените парламентарни избори.

Според овие резултати, најголема неизбалансираност во известувањето за време на изборната кампања е забележана кај МТВ 2 -Програма на албански јазик, МТВ 1 и Телевизија Сител, додека најизбалансирано известувало Радио Канал 77. Кај МТВ 2 - Програма на албански јазик е забележена драстична неизбалансираност во корист на ДПА, додека кај МТВ 1 и Телевизија Сител во корист на коалицијата „За подобра Македонија“.

„Другите радиодифузери беа избалансирани, иако и кај некои од нив е забележана одредена неизбалансираност. Советот за радиодифузија ќе упати укажување со препорака како да не се повтори ваквата неизбалансираност во другите изборни процеси“, рече претседателот на Советот, Зоран Стефановски.

Најчести прекршувања што ги забележал Советот за радиодифузија кај електронските медиуми за времетраење на изборната кампања биле користењето ТВ-програма што не е поврзана со изборите, а била во нивна функција, емитување огласи и реклами на органите на власта, учество на малолетни лица во платено политичко рекламирање, користење посебни информативни емисии во форма на интервјуа за политичко рекламирање и објавување резултати од јавно мислење по 26 мај. Во текот на изборната кампања, Советот изрекол вкупно 36 мерки согласно со Законот за радиодифузна дејност и 118 мерки согласно со Упатството за медиумско претставување.

Констатирани се и вкупно 19 прекршувања на изборниот молк, односно на 31 мај молкот го прекршиле МТВ 1, МТВ 2 - Програма на албански јазик, Македонско радио - Прва програма, ТВ Сител, ТВ Шутел, ТВ Здравкин од Велес, ТВ Кис од Тетово, ТВ Гурра од Кичево и ТВ Нова од Гевгелија. На 1 јуни молкот го прекршиле ТВ Сител, ТВ А1, ТВ Алсат М, Радио Канал 77, ТВ Скајнет, ТВ БТР и ТВ МТМ од Скопје, ТВ Нова од Куманово и ТВ Кис од Тетово.

За изборите најмногу известувала МТВ 1 со 19 часа, 45 минути и 35 секунди, а од комерцијалните медиуми Телевизија Алсат М со 10 часа, 26 минути и 43 секунди, додека најголем обем на политичко рекламирање е емитувано на Канал 5 - 25 часа, 45 минути и 46 секунди. (П.Р.)


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар

Од: X-man
Датум: 07.06.2008 00:48:58
Takvite TV-centri vo zapad , istiot den se zatvarat .
Од: OF LELE
Датум: 07.06.2008 05:17:51
Ajde bre kolku ste naivni !! Vecer i Latas se Sampioni, vo slugareneto na Vladeackata Partija, so Golemi Bukvi SLUGARENE na Vladeackata Partija. Zatoa Vecer, povece ne mi dava mesto za moite nepartiski komemtari.Vecer nee nisto drugo, tuku ;Edno Smerna Partiska Ulica.
Од: bivs skopjanec
Датум: 07.06.2008 05:50:36
NEMOJ DA LUPAS GLUPOSTI nepoznat coveku,"SLOBODNITE" MEDISKI SREDSTVA se SEGDE, na zapad,istok,sever ili jug samo sredstvo za propaganda na "MOKNITE" ideolozi na potrosuvackoto opstestvo poddrzuvano so KVAZI DEMOKRATIJA i agresivna NElojalna konkurencija.Zatoa propadna socijalistickoto samoupravuvanje, od reakcionerni kvazi intelektualci, ELITATA na javacite na apokalipsata.
Од: trevizo
Датум: 07.06.2008 12:05:26
kako izvestuvase MTV vo predizbornata kampanja taka edna nedela po izborite stapia vo strajk malku e za tie glavi sega ce pocnat korenje da jadat toa eblagodarnost od ,,patorot"do niv najskapana TV vo cel svet.
Од: realen
Датум: 08.06.2008 01:10:46
Ako TV Sitel izvestuval pristrasno za VMRO (a taka e) togas A1,Kanal 5,Telma izvestuvaa pristrasno za SDSM (fakt notorenn). Ako Vecer bil naklonet na VMRO togas Utrinski,Vreme,Spic,Dnevnik,Vest bea otvoreno na strana na SDSM.I posle ke kazete deka vo MKD vladeel mediumski mrak,deka mediumite bile pod kontrola na vlasta,deka nemalo slobodno novinarstvo.Pa za kakva nesloboda na meduimite kukate bra luge.Opozicijata na ovia izbori imase poveke novinari,vesnici i TV na svoja srana otkolku vlasta.I pak doziveea poraz.Bidete realni i priznajte deka e taka.Gi sledam vestite na site TV i gi citam skoro site dnevni vesnici vo RM.Osven Sitel i Vecer site bea na strana na SDSM.Sekogas se minimizirase i se doveduvase pod somnenie rabotata na Vladata se odese do tamu sto se kritikuvase za se i sesto pa i za apsenje na ajducite i neplakacite na danok.Pa od kade Vi toa deka Gruevski gi stavil mediumite pod svoe ne znam
Од: asef
Датум: 08.06.2008 08:58:01
nenedobro toa ocenka 1

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Андов се повлекува, Петковски не размислува за оставка
Антикорупциска бара да сопрат новите вработувања
Грчки полицајци принудиле македонски камионџии да чистат ѓубре на граница
Треба да се прошири улогата на Генералното собрание на ОН
Еленовски ги даде на суд Шекеринска, Минчев и Мисовски
Притвор за учесници во изборните инциденти во Гостивар и во Дебар