Собранието се дави во ѓубре
Шесте контејнери на паркингот зад зградата на Собранието и Домот на Армијата во центарот на Скопје се подготвуваат за зимата, па во нив има складирано ѓубре за неколку месеци. Отпад од храна, пијалаци, картонски кутии се распостранети во радиус од неколку метри од контејнерите. И пратениците кои секојдневно го користат паркингот немо набљудуваат како купиштата ѓубре малку по малку се изедначуваат со висината на зградата во која работат. Единствено граѓаните не сфаќаат дека, всушност, се сведоци на планска акција за складирање смет, па коментираат дека ако е вака валкано на неколку метри од Собранието, како ли е во населбите низ градот. (Г.А.)
|