Број 3599  вторник, 07 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Албанците изборни кралеви

Македонија избра континуитет, десницата прогласи изборна победа, владејачката коалиција доби уште една шанса, мирни избори по жестоката предизборна кавга и Албанците кралеви - се најударните наслови во странските медиуми вчера за изборите во земјата. Сите се согласуваат дека гласањето било мирно и без проблеми, а бугарскиот шеф на дипломатијата отиде чекор напред, па ги прогласи изборите за демократски и фер пред меѓународните набљудувачи.

Сега ВМРО-ДПМНЕ треба да си најде коалиционен партнер, а ДУИ е посилен од кога и да е, е коментарот на агенцијата Ројтерс. Партијата што освојува најмногу места во албанскиот блок вообичаено станува како „крал-играч“ и главен партнер во владината коалиција, оценува агенцијата. Според оцената, гласањето било во сенка на обвинувањата за вознемирувања и за планови за протести во текот на кампањата. Ројтерс го оквалификува премиерот Никола Груевски како популист и заклучува дека изборите се важен тест за патот на земјата за влез во ЕУ и во НАТО. „Македонија беше предупредена дека изборните нерегуларности ќе им наштетат на нејзините напори за евроинтеграција“, се наведува во оцените со додавка дека земјата нема најдобар историјат во одржувањето избори. „Премногу нешта се на тест. Ако се случеше било што од предвидувањата, Македонија ќе ја ризикуваше својата иднина. ЕУ ќе беше подалеку од кога и да е“, цитира за АФП еден западен дипломат. Агенцијата, исто така, се навраќа на спорот за името како главен за овој процес заклучувајќи дека двете партии го заобиколиле спорот во кампањата ветувајќи само дека каква било промена ќе оди на референдум. За АФП изненадување е дека опозицијата го дуплирала, па и надминала бројот на местата во парламентот, иако власта ветувала натамошни економски и политички реформи што ќе го забрзаат влезот на земјата во ЕУ и во НАТО. „Македонија ги избра реформите. Ние сите сонуваме Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО. Татковината е во сигурни раце...“, се најцитираните реченици од говорот на Груевски по победата. Се цитира и изјавата на Влатко Ѓорчев дека овие избори биле класична битка меѓу две различни опции - транзициска и реформска и дека СДСМ сега добила шанса сама да се реформира. Во сите извештаи неизбежно се наведува дека Македонија е една од најсиромашните европски земји и е загрозена од високата невработеност и просечната плата од околу 300 евра.


#
Статијата е прочитана 1249 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 07.06.2011 11:40:52
Ako ni Evropa, ni mediumite, ni politicarite, ni narodot nemozat da "svatat" deka partiskata drzava funkcionira partiski, odnosno deka imame drzava 10,20,30 % togas koj da gi poarni sostojbite?Verojatno onie resto 70%-90%, koi ne veruvaat vo drzavata kako sto veruvaat onie dvaesetina % , koi se na partisko - drzavna vlasti koi veruvaat vo svojot nacin na vodenje na drzavata! Vakvite iskazuvanja , me pravat siromav i nevraboten vo izminatite 2 decenii! Statusot na "vecit opozicioner" ne e bas prijaten! No, povtorno nemozam da svatam koe dobro politicarite i partiite i go napravija dosega na drzavata ! Tie vodat! Jas sum voden!Ama i grmam!!!

Најди! во Утрински
Политика
Изборите со највисока оценка досега
Лисици уште првиот ден - уапсен Љубе Бошкоски
Три пратенички фотелји со само 2,5 илјади гласа
СДСМ се остри за уште пожестока битка
Големите ги „прегазија“ малите на изборите
Манасиевски го напушта кормилото на ЛДП
Албанците останаа покуси за четири мандати
МВР ги оцени изборите како најдобри досега
Изборите фер, но со поплаки за нерегуларности

"""