Одбивањето на ерга омнес од страна на претседателот на државата - порака за дома или за надвор
Соња Крамарска
Грчкиот предлог за име за севкупна употреба ерга омнес не е реална основа за решавање на грчко-македонскиот спор за името, оцени неделава претседателот Ѓорге Иванов во интервју за грчкиот институт ЕЛИАМЕП. Тврдото одбивање на повеќегодишните барања на Атина за ново име со географска определница и за севкупна употреба, од страна на македонскиот претседател, се совпадна со пристигнувањето на извештајот на Европската комисија, од кој повторно стана јасно дека Брисел нема намера да ја елиминира Грција како пречка за македонските евроаспирации.
Иванов, од неговото доаѓање на функцијата во мај 2009 година, досега се држеше безмалку настрана од преговорите меѓу Скопје и Атина. Освен неколку куси изјави во кои не дава јасни ставови како и познатата изјава „разумен компромис е разумен компромис“, тој остави впечаток дека спорот за името и' го препушти на Владата, што и не се оценува како толку лош потег со оглед на тоа дека шефот на државата се доживува и како татко на нацијата.
Меѓутоа, случ��јно или не, Иванов реши да се вмеша во спорот. Во опширно интервју за грчката невладина организација, која во Скопје стана позната по тоа што нејзиниот член Евангелос Кофос држеше трибини овде објаснувајќи ги грчките негаторски ставови кон Македонија, Иванов сега им вели „не“ на грчките барања.
„Нашето чувство дека грчката страна постојано ги радикализира своите позиции со цел да го одложи решавањето на спорот за името и официјално се потврди со фамозните осум точки доставени од преговарачот Василакис кон крајот на минатата година“, рече Иванов во интервјуто.
Оваа порака до Атина наиде на рамнодушност таму, но и во Македонија не поттикна некои посебни анализи, иако тајмингот во кој е испратена и содржината на ставовите отвораат многу прашања. Зошто, по серијата средби (седум досега) меѓу премиерите Груевски и Папандреу, кои се добро примени во меѓународните кругови, се огласува претседателот Иванов со комплетно одбивање на грчките барања. Дали тоа одбивање е порака дека завршуваат преговорите или, пак, е порака за нивно суштинско отпочнување, бидејќи е јасно дека досега македонската страна преговараше повеќе формално отколку суштински.
Тактиката што може да се прочита од досегашните потези на Скопје е дека македонскиот преговарач Зоран Јолески формално се среќаваше со посредникот Метју Нимиц, но дека Владата во Скопје, всушност, чека светот да ја притисне Грција да се откаже од барањата за промена на нашето име или барем да не ги поставува како услов за зачленување на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Проблем во позиционирањето на Македонија во преговорите околу спорот се и спорадичните лобирања дека Грција, сепак, треба да го остави на мир својот северен сосед и да дозволи интеграција на Балканот во ЕУ. Такви се и неодамнешните оцени на поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Данецот Сорен Јесен Петерсен, и на Даниел Сервер од Институтот за мир во Вашингтон. Тие во заедничка колумна во „Њујорк тајмс“ се заложија Брисел и Вашингтон „да го одврзат јазолот што ја стега Македонија“, алудирајќи на Грција. „Владата во Скопје води тешка битка против Атина. Без решавање на овој проблем Македонија се соочува со долг пеколен период, без членство во НАТО и во ЕУ“, предупредија тие.
Но, какви се реалните шанси Грција да се повлече од ирационалните барања кон Македонија. Досегашниот тек на односите покажува дека тие се рамни на нула. Вернер Хојер, државен секретар во германското Министерство за надворешни работи, изјавил оти е можен напредок на Балканот само откако ќе се направи пробив во спорот меѓу Македонија и Грција. „Се надевав дека тоа ќе се случи пред самитот на НАТО, но сега ми се чини дека нема да успее“, рекол тој, оценувајќи дека „во спорот недостига разумен дијалог на сите учесници“.
До самитот на НАТО во Лисабон останува уште малку време. Очекувањата на Македонија дека ќе се постигне напредок во зачленувањето во Алијансата набргу ќе паднат за едно скалило подолу. Изјавата на претседателот Иванов не ја разјасни ситуацијата дали Македонија е подготвена да влезе суштински во процесот на преговорите или, пак, испрати порака до Атина дека нема расположение во Скопје за отстапки околу името.
Pa Grcite ne go esapat Ivanov ne go ni komentiraat toa sto go kazal bidejki tie so nego ne sakaat nitu da pregovaraat. Zatoa i Ivanov ne treba da se bode oti Grcite znaat koj e vlast vo Makedonija. Ete taka Ivanov saka vtro mandat i nema sto drugo d aponudi pa se zanimava so imeto.Toj vo svojot dvor ne si gi resava rabotite na primer vo ARM nisto novo vo Agencija kriza, vo nadvoreesna politika dreme, na vantresen plan isto taka, etnicki nacionalizam na site strani . I kako da go tretira coek seriozno. Ne mu e ova univerzitet i studenti koi za ocenak klimaat so glava DA PRETSEDATELE.
Од: prijatel
Датум: 13.11.2010 13:17:53
Грците знајат дека Ѓорѓе е обичен пиун во рацете на Грујо,и затоа него и не го есапат.Ѓорѓе не е фигура ниту во Македонија,замислете Македонија има претседател со нула рејтинг,е со таков претседател нема Европа,ке останеме заглавени на овие Балкански простори долго долго.Таква е назалос вмровската политика.
Од: Itar Pejo
Датум: 13.11.2010 14:41:16
Se dodeka Makedonija ima teritorijalni pretenzii prema sosedite, narocno prema Grcija, rabotite nema da se pomrdnat od mrtva tocka. Osven ako Grcija ne propadne. Ili Evropa
Од: Kavadarcanec
Датум: 13.11.2010 16:06:01
Izgleda grcite ne go esapat nasiot Pretsedatel kolku sto nie go esepime izjavite na grckiot. Sramota vi se komentarite, da plukate po sopstveniot pretsedatel koj ako nikoj ne go sakase nemase da go izberat. Sega svakam zosto na grcite im e lesno da ne igraat tolku godini.
Од: filozof
Датум: 13.11.2010 16:09:13
A sto sakate vie g-gjo Kramarska,da prifatevme e.omnes do sega sto pati ke gi pocnevme pregovorite!
Од: OKRI
Датум: 13.11.2010 16:40:30
Bidejki e ignoriran od politicarite(koi veke ednoumno zboruvaat za socuvuvanje na identitetot a ne na imeto) narodot treba da najde nacin za opstestveno no institucionalno dejstvuvanje za da si go ostvari interesot.No bidejki treta partija kako treta opcija bi ja zgolemila i onaka golemata i nelojalna megupartiska konkurencija, poizgledno i poostvarlivo mi se cini deka e formiranje na ad-hok komisija ili komitet koj bi organiziral i sprovel referendum za imeto so sto bi se opfatil i kanaliziral glasot i interesot na ovie 80% ignorirani i otfrleni gragani od politickata "elita" vo nivniot mazohisticki pohod(posvetenost na ponizuvacko pregovaranje) kon zapadnite asocijacii, osobeno sto dobar del od tie 80% se clenovi na partiite i ne bi sakale nivniot glas da odi vo polza na druga partija. No Organizacionen Komitet bez politicki pretenzii tuku so eden povod i cel-zacuvuvanje na imeto bi bil prifatliv bez ogled na partiska i druga pripadnost. Znaci dali citat. i komen. se za vakva ideja?
Од: Beznacajna izjava
Датум: 13.11.2010 18:43:08
Izjavite na Ivanov se potpolno beznacajni, bidejci toj so samiot nacin na izbor, poltronska poslusnost kon vladeeckata partija, nesmasno vrsenje na pretesedatelskata funkcija i davanje na nesmasni i " ze;eni" izjavi, samiot sebe se dovede vo situacija da nikoj ne go" esapi" za zi politicka figura, no obicna marioneta koja treba da go " odglumi" svojot pretsedatelski mandat, da dobie nekoe kilo vo tezina( masala) i kako bezlicna figura ja napusti politickata scena , bez nikakvo licno obelezje. Se soglasuvam donekade so Itar Pejo , deka nie vo povece navrati direktno ili indirektno manifestirame neodgovorno teritorijalni pretenzii kon sosedite, posebno Grcija. Paslusnete gi izjavite na Todor petrov< straso Angelevski, Vlatko Djorcev, pa i nekoi drugi ludje bliski do vlasta i ce najdete mnostvo na izjavi kade se izrazuvaat indirektno ili cak i direktno teritorijalni pretezii. A toa nas vo ovie momenti ne ni odi vo prilog
Од: НАЈДОБАР ДО СЕГА
Датум: 13.11.2010 19:32:42
Председателот Горѓи Иванов ке биде запаметен како најдобриот председател на Р Македонија до сега.
Од: Koj?
Датум: 13.11.2010 19:51:34
Horhe whoo?
Од: nikola
Датум: 13.11.2010 22:36:36
"Itar Pejo" - pa i ne si odraz na nekoja itrina. Osven ako gi "rabotis" grcite za golemi pari da im pklasiras sitni zadovolstva...