Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

По земјотресот, Сечуан стравува од излевање на вештачките езера

Постои опасност 69 брани да попуштат, иако се преземаат чекори за намалување на тој ризик

Кинеските војници ги почнаа работите околу одблокирање на езерото формирано од лизгањето на земјиштето за време на катастрофалниот земјотрес во провинцијата Сечуан. Околу 1.800 војници донесоа експлозив до езерото Тангџијашан, каде што ќе се обидат со експлозија да ги отстранат урнатините, соопштија државните медиуми. Нивото на водата во езерото, кое е на три километри од градот Беичуан, брзо се зголемува и експертите стравуваат дека би можело да ја урне препреката.

Во регионот и понатаму се чувствуваат загрижувачки тензии. Во неделата шест лица загинаа, а илјада беа повредени кога се случи силен удар. Четири лица загинаа во Ханжонг во провинцијата Шанкси, објави новинската агенција Ксинхуа. Едно лице го загуби животот во провинцијата Сечуан, а друго во Гансу. Повеќе од 270.000 дома се уништени или сериозно оштетени, додава агенцијата. Десетици езера беа формирани кога лизгањето на земјиштето предизвикано од силниот земјотрес што се случи на 12 мај ги блокираше реките.

Во неделата вицепремиерот за водни ресурси, И Џингпинг, изјави дека езерата се „под контрола“, но ситуацијата ја опиша како сериозна. Прогнозите за обилни дождови во следните неколку дена би можеле да предизвикаат препреките што ги блокираат езерата да попуштат и да ги поплават околните места. Илјадници лица по должината на езерото беа евакуирани.

Се' уште постојат континуирани загрижености околу состојбата на браните во регионот. Џингпинг изјави дека постои опасност 69 брани да попуштат, иако се преземаат чекори за намалување на тој ризик. Повеќе од 300 беа погодени од земјотресот, додаде тој, наведувајќи дека на повеќето од нив водата е испуштена, а во останатите нивото е намалено. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 182 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
ФАРК нема да преживее без Мануел Маруланда
„Феникс“ испрати историски фотографии од пределите на Марс
Јушченко бара заминување на руската флота од Крим
Милибанд ќе го замени Браун на премиерската функција?
ЕУ даде мандат за преговори со Русија
Израел има 150 нуклеарни глави