ЕУ даде мандат за преговори со Русија
Брисел - Русија и Европската унија (ЕУ) ќе може да започнат преговори за спогодба за стратегиско партнерство во јуни на средбата на европскиот врв.
Давањето мандат на Европската комисија (ЕК) за преговори со Русија за нова спогодба беше блокирано од Полска кон крајот на 2006 година. Варшава побара соработка со ЕУ за разрешување на ситуацијата околу руското ембарго врз увозот на полско месо. (Макфакс) |