Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет
Ирак од Србија бара враќање на 19 авиони МИГ

На крајот од осумдесетите години на минатиот век, за време на ирачко-иранската војна, авионите биле испрати во Србија на сервисирање

БАГДАД - Ирак преговара за враќање на 19 борбени авиони што режимот на Садам Хусеин на крајот од осумдесетите години на минатиот век, за време на ирачко-иранската војна, ги испрати во Србија на сервисирање, соопшти ирачкото министерство за одбрана. Делегацијата замина за Србија за да го почне процесот и „да ги врати потрошените пари од страна на поранешниот ирачки режим“, се наведува во соопштението од страна на министерството. Санкциите спроведени врз Ирак поради инвазијата на Садам врз Кувајт во 1990 година направија да биде невозможно да се вратат борбените авиони „МИГ-21“ и „МИГ-23“ додека тој беше на власт. „Ние разговаравме за оваа работа со српската страна за можноста за поправање на овие авиони и нивно враќање во служба“, соопштија од министерството. „Сите знаат за нашата потреба за борбени авиони“.

Два авиона се подготвени за „моментна употреба“, се наведува во соопштението, а постигнат е и прелиминарен договор со српските власти за поправка на останатите авиони и нивно враќање. Во соопштението не се наведува кога се дознало за постоењето на овие борбени авиони.

Ирак сака истовремено да ги обнови силните воено-воздухопловни сили, додека се обидува да ја реорганизира армијата уништена од инвазијата предводена од САД во 2003 година и одлуката на американските администратори во Ирак за распуштање на ирачките сили како последица на тоа. (Ројтерс)

 


#
Статијата е прочитана 986 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
СССР и Германија немаат иста одговорност за Втората светска војна
Сегашната воена стратегија во Авганистан не дава резултати
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази
Берлускони отвори автопат во Либија
Во Габон тројца кандидати за претседател - победници
Демократите добија задача да ја спасуваат Јапонија