Во Габон тројца кандидати за претседател - победници
ЛИБРЕВИЛ - Тројцата главни кандидати на претседателските избори во Габон вчера се прогласија за победници, јави француското радио, иако се' уште не се објавени официјални резултати и никој од кандидатите не наведе податоци за нивните пребројувања. Али Бен Бонго беше фаворит на гласањето во неделата, за избор на наследник на неговиот татко Омар Бонго, како шеф на оваа централно африканска држава - производител на нафта. Меѓутоа, тој се соочи со опозиција што се обидуваше да спречи предавање на власта во династијата.
Одѕивот на гласачите во неделата беше висок, но силните дождови и големото присуство на безбедносните сили значеше дека учениците во главниот град Либревил беа мошне празни за време на пребројувањето на гласовите. Прелиминарните резултати, кои првично требаше да бидат објавени во неделата навечер, беа одложени. „Официјални резултати не се објавени, но тројцата главни кандидати, Пјер Мамбунду, Али Бен Бонго и Андре Мба Обаме, се прогласија за победници“, објави вчера изутрина радиото „Франс интернационал“. (Ројтерс) |