Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет
СССР и Германија немаат иста одговорност за Втората светска војна

Медведев ги нарече „цинична лага“ изјавите во кои се става знак на еднаквост меѓу фашистичка Германија и Советскиот Сојуз

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ



МОСКВА - Во пресрет на 70-годишнината од почетокот на Втората светска војна, што ќе биде одбележана во Полска на 1 септември, рускиот претседател Дмитриј Медведев ги нарече „цинична лага“ изјавите во кои се става знак на еднаквост што се однесува до одговорноста меѓу фашистичка Германија и Советскиот Сојуз. Зборувајќи во ТВ-емисијата „Вести на неделата“, Дмитриј Медведев изјави дека Втората светска војна беше голема трагедија на 20 век, која според различни податоци однесе околу 70 милиони животи, а таа бројка се' уште не е утврдена.

Последниве неколку дена руски и полски историчари водеа полемика околу тоа дали Сталин е виновен за судбината на Полска, затоа што Хитлер многу брзо по потпишувањето на пактот меѓу Молотов и Рибентроп за ненапаѓање, како и тајниот протокол, тргна кон исток. Руските историчари потсетуваат дека Полска многу порано потпиша пакт за ненапаѓање со Хитлер. Повеќето руски историчари сметаат дека Сталин настојувал да добие во време, бидејќи бил свесен за неминовноста на војната со Хитлер. Освен тоа, историчарите во Москва мислат дека западните земји сакале да избегнат судир со Хитлер, за да искрвави СССР.

„За жал, денес сме сведоци на јавно назадување (регрес) што се однесува до оцената за Втората светска војна. Уште пред 20-30 години, дури во време на разликите во идеолошките пристапи, постоењето на спротивставени блокови, притоа мислам на западниот свет и истокот, Варшавскиот договор и НАТО, сите беа единствени дека фашизмот доби праведна оцена, а фашистичките злосторници беа заслужено осудени во Нирнберг“, изјави Медведев. Тој додаде дека сега кога се тврди дека постојат општи вредности, сепак, се случуваат поразителни работи. Претседателот Медведев не навлегуваше во изнесувањето на својот став во таа полемика. „Државите од Балтикот, па дури и Украина, ги прогласуваат за национални херои луѓето што им беа соработници на нацистите. Иако сите премногу добро разбираат дека било срамно да се спушта погледот за да не се расипуваат односите“, истакна Медведев.

„Тоа изедначување на вината е цинична лага. Може различно да се однесувате кон СССР, може многу критично да се однесувате кон режимот кој постоеше во Советскиот Сојуз и кон неговите лидери во тој период... Прашањето е кој ја почна војната, кој убиваше луѓе, а кој спасуваше милиони животи и на крај ја с��аси Европа“, изјави Медведев. Тој нагласи дека е убеден во тоа дека не смее да се прекројува историјата за да им се угоди на неколку земји.

На годишнината од Втората светска војна во Гдањск, каде што ќе присуствуваат државници од повеќе од 30 земји, Русија ќе биде претставена од премиерот Владимир Путин. Тој по тој повод напиша и авторски текст за полскиот весник „Газета виборча“. Во Гдањск ќе биде и германската канцеларка Ангела Меркел, која изјави дека тој ден „е сигнал на помирување“ и потсети „за вината на Германија пред себе си“. Голем број Полјаци се незадоволни од тоа што од САД пристигнува делегација со поранешни раководители т.е. поранешен министер за одбрана.

Особено внимание кај полската јавност предизвика доаѓањето на Владимир Путин. Според најновото социолошко истражување, што го спроведе центарот „Полонија“, 76 отсто од анкетираните Полјаци сметаат дека рускиот премиер Путин би требало да и' се извини на Полска што советската армија на 17 септември 1939 година влезе во тогашната полска територија.


#
Статијата е прочитана 809 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 01.09.2009 09:12:09
Kako trgnal svetov, na kraj Hitler ke go slavime kako heroj.
Од: Donald Duck
Датум: 01.09.2009 09:40:16
Rusija, odnosno SSSR, vo 1939 godina, od Polska si gi vrati teritoriite sto i pripagjaa do 1917....ne znam sto baraat Poljacite....
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.09.2009 11:15:36
Се сеќавате на BBC серијата „Светот во војна“ од раните `70-ти? Таму Секретарката на Хитлер (жива и здрава) раскажува за наводните злосторства на војниците на Црвената Армија, но никако да ги спомне оние на нејзиниот претпоставен! Каква иронија!
Од: praska prolet
Датум: 01.09.2009 14:41:00
Abe patko edna koi nejzini teritorii a kade se teritorijiite na ukraina.Za tvoja informacija polska 3 pati e delena.Rusija se sirela sekogas na tucja teritorija i zatoa nikoj ne e saka,kako nie Grcite i Bugarite.Sega nauci nesto

Најди! во Утрински
Свет
Сегашната воена стратегија во Авганистан не дава резултати
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази
Ирак од Србија бара враќање на 19 авиони МИГ
Берлускони отвори автопат во Либија
Во Габон тројца кандидати за претседател - победници
Демократите добија задача да ја спасуваат Јапонија