Книшките готови, возачите добиваат негативни поени за сообраќајни грешки
Кога возачот ќе добие 100 негативни поени, му се ништи возачката дозвола
Горан Адамовски
Возачките книшки се готови. Возачите што ќе се огрешат пред законот со поситни прекршоци, како што се неврзан појас, зборување на мобилен телефон, преминување цик-цак, возење без светла и слично, а кои нема да сакаат да платат казна, ќе бидат евидентирани во книшките, што важат од средата. Тие ќе се издаваат по лично барање на граѓаните и ќе чинат 100 денари. Возачите што немаат направено прекршок, не мора да вадат книшки. Негативните поени се опција само при поситните прекршоци, додека при потешките, како што се возење под дејство на алкохол, минување семафор на црвено светло или возење без возачка дозвола, не постои ваква алтернативна можност. Возачката книшка трае три години, но доколку возачот стигне до 100 поени, му се ништи возачката дозвола и ќе мора да полага одново. Возачите што направиле прекршок во изминатата година, откога почна да важи новиот Закон за сообраќај, а не го платиле, треба да дојдат во најблиската полициска станица да им бидат впишани поените што им се евидентирани во компјутер.
„Издавањето на возачките книшки се врши во сите СВР, во одделенијата за управни работи и во ПС од општа надлежност – Надворешни канцеларии за управни работи (поранешни СВР и ОВР) при издавање на новите возачки дозволи“, велат од МВР. Книшките автоматски ќе им се издаваат на граѓаните што ќе го положат возачкиот испит.
Кон пријавата за издавање возачка книшка се поднесува возачка дозвола, две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 см и лична карта. Впишувањето негативни бодови ќе се врши според местото на живеалиштето на сторителот на прекршокот.
Од МВР информираат дека во првите два дена во Скопје биле издадени 61 возачка книшка, во Куманово - 70, во Тетово - 22, а во Штип - 4.
Едноставно кажано, кога полицаецот ќе ве казни за поситен прекршок, на пример за погрешно паркирање на автомобилот, имате избор да платите 45 евра за казната, односно 25 евра ако платите во рок од осум дена или да добиете 25 негативни поени. Ако се одлучите за поените, тогаш во рок од 30 дена треба да ја однесете книшката во станица заради регистрирање на негативни бодови. Ако не го направите тоа, полицаецот што ви ја пишал казната ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршоците на МВР.
За потешките прекршоци, како што се возење под дејство на алкохол, минување семафор на црвено, погрешно паркирање во близина на пешачки премин или непропуштање пешаци на обележан премин, не важи можноста за негативни поени. Тука важат енормно големи казни, кои се дуплираат ако не се плати во рок од осум дена.
ПОЛЕСНИ ПРЕКРШОЦИ
- Користење мобилен телефон за време на возење: 45 евра или 25 негативни поени
- Неврзување сигурносни појаси: 20 евра или 10 негативни поени
- Непрописно запирање или паркирање: 45 евра или 25 негативни поени
- Возење без запалени светла: 35 евра или 20 негативни поени
- Непоседување или непокажување возачка дозвола: 20 евра или 10 негативни поени
- Непрописно движење по обележана сообраќајна лента: 20 евра или 10 негативни бода
- Пречекорување дозволена брзина на движење од 10 до 30 км на час во населено место: 45 евра или 25 негативни поени
- Непријавување на промена на живеалиште од возач: 45 евра или 25 негативни бода
ТЕШКИ ПРЕКРШОЦИ
- Возење под дејство на алкохол: 400 евра
- Минување семафор на црвено светло: 300 евра
- Возење без возачка дозвола: 300 евра
- Непропуштање на пешак: 300 евра
- Погрешно паркирање во близина на пешачки премин: 250 евра
Of mori majko, pak pogresno prepisale od EU-Drzavite!
Од: Dr Coci
Датум: 04.10.2008 06:39:29
Kakvi evra bre lugje? Vo Makedonija imame DENAR!
Zakonot e NEUSTAVEN! Toa sto bese donesen na brzina i "napamet" bez javna rasprava, ( kako i drugite) samo dodava na navredata na intelektot na Makedonecot. Zapaleni svetla denje, kompjuteri vo kamioni... za da "ne' primele vo Evropa"!? Pa nie se smenivme voi drzavata bez plan "B" sto dodeka ne primat? Kakvi i da e pravila moze da se voveduvaat samo otkako ke ne primat vo EU i NATO, a vo sprotivno predlagam da se ponistat site takvi zakoni sto bea doneseni pod prinuda i izgovori za EU i NATO, i toa pocnuvajki od t.n. "Ramkov Dogovor"!
Од: crni
Датум: 04.10.2008 08:39:08
of lele koga gi gledam kaznive kolkavise ke pomislam ziveeme vo amerika a ne v makedonija udri siromastija koja e sredna plata na graganin auste se udirat u gradi evropski vozacki koj nikoj ne ja priznava osven so internacionalna vozacka ubavo vikat ovci ko ovci cel zivot kutat ako taka i treba za takov narod evropski zakoni sakat sakat u evropa tamu gi cekaat med i mleko
Од: EU it
Датум: 04.10.2008 10:04:25
Do lugeto sto go pravat zakonot za korupcija vo zapad postojat zakoni sto gi teraat vozacite da razmislat za svoite vozacki dozvoli zosto tesko se steknuvaat a bez niv nemozat so svoite avtomobili da stignat do svoite rabotni mesta koi mu znacat zivot i egzistencija, poenite se za site prekrsoci pigorosni i do21 poen se odzema vozacka ane kako kajnas so tolerancija do koga vaka komu mu odgovara ova vlasta preku ova saka pari anarodot da gine sekoj prekrsok vo soobrakajot od moja gledna tocka e ist netreba da ima podelbi.Za cenata vo evra ili denari ako sme MAKEDONCI si ja znaeme nasata valuta.
Од: anita
Датум: 04.10.2008 10:53:19
sto e ova fasisticki zakoni?samite go baravte vmro vi "donesi red" neka vi e na zdravje vo koja zemja vo ev kazni pogolemi od plata?obicno tamu soobracajni kazni se pomali ed edna dnevnica.
Од: Avstralianec
Датум: 04.10.2008 11:50:46
Leeele poeni ke zemaat znaci zgreshi 4 pati duri togas ke ti ja zemaat dozvolata pa i ne me chudi 250 evra ili edna nadprosecna mesecna Makedonska plata za parkiranje zvuci kako film od bajkite daj da sobirame pari, pa mozebi i imaat pravo avtomobili vozat samo bogatite vo Makedonija pa zatoa rajo ne se sekiraj ke platat na ,sveti zimi majka a za nas strancite koi doagame na odmor vo Makedonija mozebi e znak deka ne treba da odime doma na odmor tuku i toa ne me sekira policajcite se nepismeni sekogas vo Makedonija koga mi baraat Voz.dozvola im davam zdravstvena legitimacija i se e vo red ne znaat da chitaat pa duri me prashuva za adresa kade ziveam mu velam pishuva na dozvolata pa pishuva 1 saat i mi dava beleska aj Sv.Petar neka ni e na pomosh.A ne se samo vo Makedonija takvi vo drugi drzavi im davame Arapski dozvoli i pak ne gi razbiraat aj kutri policajci e samo ako te zakacat so nekoe evro pod raka e togash neka ti e na zdravje,samo se seguvam.
Од: skopje
Датум: 04.10.2008 12:38:45
Kaznite ne se golemi.Za da ne platis,poarno pridrzuvaj si se na propisite.Standardot so ovoa nema vrska.Treba ednas da se stavi kraj na ovoj soobrakaen haos.Znaci,vozete vnimatelno,za da ne vikate posle deka nemate pari da platite,deka standardot ni e nizok,deka redovno ne primame plati i tn itn
Од: Strumica
Датум: 04.10.2008 14:47:55
Skopje,taka e ve podrzuvam,eve vo strumica e vistinski haos nem nikakvi pravila ni propisi,vozat na koj kako ke mu tekne , zatoa treba malce red,samo taka so visoki kazni ke se naucat kako se vozi,go podrzuvav ovoj zakon na vladata
Од: GOSTIVAR
Датум: 04.10.2008 16:16:56
TAKA TREBA MAKEDONIJO NEKA UCAT DA VOZAT TAKA
Од: грагани
Датум: 04.10.2008 17:25:05
малку е ова за сите вас чекај уште што ке следува за оваа проста маса од народ,гласајте за преродбата,преродбата се случува