Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Стотици вработени во „Фени“ и во „Митал стил“ на принуден одмор

Причината за тоа е падот на цената на суровините на светските берзи, компаниите бараат помош од Владата

Речиси половина од вкупниот број вработени во „Фени“ и во „Митал стил“, поточно од погонот топла валалница за ленти, деновиве се пуштени на принуден одмор. Станува збор за над 300 работници од овие две компании. Причина за тоа е ниската цена на фероникелот на светскиот пазар, како и на феросилициумот и на силиконманганот. Додека лани еден тон фероникел чинеше 50.000 долари, сега тој се продава по цена од 18.000 долари, па држењето на работа на вкупниот број вработени за „Фени“ и за „Митал стил“ би значело загуби наместо добивка, затоа што тие произведуваат по однапред договорени количини. На работниците испратени на принуден одмор ќе им се исплаќа по 70 отсто од платата, а погоните во наредните месеци ќе работат со намален капацитет.

„Поради тешката финансиска состојба на Комбинатот, како и пазарните услови, бевме принудени 190 работници да пуштиме на принуден одмор во период од три месеци, а тие ќе земаат по 70 отсто од платата. Очекуваме помош од Владата во оваа тешка ситуација преку враќање на поволностите што ги имавме како слободна економска зона, потоа со снабдувањето со струја и помош за изнаоѓање нови наоѓалишта на руда“, изјави Константинос Даскалакис, генерален директор на „Фени“. Тој додаде дека ситуацијата во компанијата не е последица на светската економска криза, туку на конјунктурата на пазарот и падот на светската цена на металите.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, кој вчера беше во посета на Комбинатот, Владата не може многу да им помогне, но ќе вложи напори да одговори на нивните барања, а компаниите треба да бидат истрајни во овој момент кога цените на металите паѓаат.

Неизвесно е до кога ќе трае оваа ситуација, односно до кој период цената на никелот на берзите во светот ќе биде толку ниска што компаниите нема да имаат потреба од толкав број работници.

„Работниците не се отпуштаат, туку или се користи остатокот од годишниот одмор или се праќаат на принуден. Синдикатот цело време е вклучен во постапките на раководствата и засега се' се одвива според колективните договори и Законот за работни односи, каде што се предвидени вакви ситуации. Договорено е со раководството работниците наизменично да се праќаат на принуден одмор, не едни исти луѓе да седат дома, а други да одат на работа. Се надевам дека состојбата по кусо време ќе се промени и фирмите нема да треба да стават клуч на врата“, вели Пеце Ристески, претседател на СИЕР (Синдикат на индустрија, енергетика и рударство). Тој додава дека оваа ситуација не е и во „Силмак“. Напротив, таму се соочуваат со недостиг од работници поради зголемениот обем на работа поради моменталните високи цени на феросилициумот на светските берзи.

Според Митко Кочовски, директор на „Макстил“, компанијата засега работи добро, затоа што челикот што го произведуваат и пласираат на странските пазари моментно има стабилна цена.

„Допрва ќе видиме како ќе се одразат глобалните економски случувања врз нашето работење. Нашите производи засега имаат добри цени и нема зошто да отпуштаме работници“, вели Кочовски.

Она што загрижува во овие случувања е што токму оваа индустриска гранка остварува најголем дел од вредноста на извозот и со тоа учествува со највисок процент во БДП. Намаленото производство од компаниите во наредните месеци, а што може да биде и подолготрајно, ќе ги намали извозот и девизниот прилив, а со тоа ќе се зголеми и онака високиот трговски дефицит. (Екипа на „Утрински“)


Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар

Од: Kire
Датум: 04.10.2008 08:19:04
E gospoda pa koga imase dobra cena zar ne namlativte pari go truevte Kavadarci rabotevte bez filter i uste sto ne vi dadi drzavat a za samo vas da ve bide . Prodadeto go ima sigurno investitori sto i na cena od 18 000 ke rabotat samo da znaete Feni e rentabilen so cena na nikelot od 2800 $
Од: Битола
Датум: 04.10.2008 11:05:52
Ајде,ајде шо не снајде,со портокалите.
Од: Ace
Датум: 04.10.2008 17:34:19
Ete gi naste eksperti na celo so ministero Trajko. Ne sme bile izlozeni na svetskata kriza. Tolku se kratkovidi ako e pola svet u recesija nie ke napreduvame. Aha!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Средношколците на улица поради новите тестирања на нивното знаење
Обвинителството одлучува за кривична пријава против Марина Кавракова
Државата се договори со семејствата на загинатите во несреќата на Борис Трајковски
Книшките готови, возачите добиваат негативни поени за сообраќајни грешки
За јавно веце кумановци да „стиснат“ уште три месеци!