Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија
НСДП ја поднесе резолуцијата за името

НСДП вчера ја достави до Собранието резолуцијата за решавање на спорот за името со Грција и од спикерот Трајко Велјановски побара да ја стави на првата наредна седница, како единствена точка на дневниот ред. Лидерот на НСДП, Тито Петковски, во изјавата за медиумите рече дека мора да се изгради државна стратегија за успешно справување со ова прашање.

„Доколку претседателот на државата и премиерот оценат дека има потреба да соопштат информации од доверлив карактер, собраниската седница може да биде затворена за јавност“, рече тој. Во случај Велјановски да не закаже посебна собраниска седница, НСДП ќе побара резолуцијата да биде на една од веќе закажаните седници, а ако и тоа не се случи, ќе побараат поддршка од 20 пратеници.

Алудирајќи на празничниот говор на Груевски, Петковски рече: „На партиски журки не се прави стратегија за спорот со името, за тоа треба да се дебатира во парламентот. Поединечни препукувања во јавноста кој е поголем патриот, во целина и' штети на Македонија. Не е дозволена никаква дисонантност, бидејќи тоа е голема шанса за Грција“. Петковски соопшти дека НСДП во текот на денешниот ден ќе поднесе иницијатива за оценување на уставноста на Законот за прислушување. (О.В.)

Статијата е прочитана 456 пати.

Испрати коментар

Од: димитар
Датум: 11.09.2008 00:57:09
Треба да ги прекинеме преговорите, бидејќи ПОМПа (Поранешниот Македонско-Отомански Пашалкук атина) ја прекрши меѓународната спогодба на ОН, со ветото против Македонија. А конечно решение ќе се најде после 2012, а најдоцна до истекот на 2013, по истекувањето на Букурешткиот мировен договор.
Од: MAKEDONCE
Датум: 11.09.2008 11:41:44
i jas mislam treba da se prekinat pregovorite i da se bara vo oon priem pod ustavno ime ..grcija e prekina privremenata spogodba i toa e kraj nema poveke sto da razgovarame so niv ..samo problemot e sdsm i presedatelot branko koj so petni zili se na stranata na grcija za smena na imeto..i nim nema da im uspee

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
И надлежните уплашени од чешмата-убиец во Битола
Бранителите ќе почекаат за предвремена пензија
Владата собира поени на сметка на општините
Холандија финансиски ќе го помага нашето евроинтегрирање
Огромен пожар ги пеплоса ридовите над Миладиновци