Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Интервју

Животното осигурување - можност да се заштеди

м-р Елена Мартиновска

Уверени сме дека иднината на животното осигурување е негова продажба преку банките, а тоа ќе ги намали и каматите, вели м-р Елена Мартиновска од „Винер осигурување“

Соња Маџовска

Госпоѓо Мартиновска, животното осигурување е нов производ што ќе го нуди „Винер осигурување“ на пазарот. Дали го истраживте потенцијалот на пазарот и кои се таргет-групите?


Пред да донесеме одлука за почнување со животното осигурување направивме истражување на пазарот и заклучивме дека има потенцијал, а има и можност за развој. Таргет-група се младите луѓе што се' повеќе го разбираат осигурувањето, и тоа не само животното, туку општо осигурувањето. Исто така, стабилизирањето на економијата отвора простор за ваков тип штедење. Ние ќе понудиме повеќе продукти. Прво, ќе одиме со три, но натаму се' повеќе ќе го имплементираме и развиваме животното осигурување. Се разбира, во почетокот не може се' одеднаш. Нашето истражување покажа дека 80 отсто од полисите за животно осигурување се осигурувања на едно лице во случај на несреќа и во случај на смрт. Тоа е стандарден облик на осигурување што натаму, со одредени модалитети и доградби и склучување на ризици, ќе се проширува. Ќе нудиме детско осигурување, што ќе опфаќа тешка болест и несреќен случај, ќе нудиме профит-осигурување, со мотивација за штедење. Со осигурувањето на живот ќе почнеме во јануари 2011 година.

Колкави ќе бидат премиите?

Животот нема цена. Колку сакате можете да одредите, односно колку можете да плаќате за овој тип осигурување. Минималната сума на годишно ниво е 180 евра, а ќе има годишно, полугодишно, квартално и месечно плаќање. Горната граница зависи од можноста за плаќање, се разбира, од здравствената состојба. Како ќе се зголемува сумата на осигурување така ќе има и одредени контролни механизми во однос на тоа дали таа сума ќе се прифати, дали ќе оди со доплата или не. Осигурувањето на живот ќе биде и реосигурано, со добар осигурителен пакет. Обезбедувањето е стопроцентно.

Новина што ќе се обидете да ја воведете е да го споите Вашиот бизнис со банките, ќе успеете ли во тоа?

Работа што мислиме да ја воведеме на пазарот, а која можеби малку потешко ќе оди, но, сепак, сме уверени дека тоа е иднината на натамошното животно осигурување - е продажбата на осигурувањето преку банките. Банките во светот станаа најголеми дистрибутивни канали на осигурителните компании. Во Македонија банкарското осигурување воопшто не постои во рамките на животно осигурување. Малку потешко се прифаќа што значи тоа „бенк-иншуренс“. Ние сега на банките им презентираме што нуди продуктот, а тие треба да го разгледаат, да го усогласат со своите пакети, за потоа да им се понуди на кредитокорисниците. Тоа значи дека во случај на смрт банката е покриена до сумата што е наведена во полисата. Иматели на полисите се банките до исплатата на кредитот, а потоа клиентите. Многу убав производ што на банките им нуди прво обезбедување на покривањето на пласманот, намалување на резервациите и на ризикот. Значи, покрај сигурноста во исплатата на ратите ќе има и штедна функција, па по враќањето на кредитот клиентот има можност да оствари заштеда, а не да излезе во загуба, односно да оствари добивка од тоа осигурување.

Дали тоа може да донесе пониски банкарски камати?

Анализата на западниот пазар ни покажа дека со „бенк-иншуренс“ драстично се паднати каматните стапки на кредитите. Поради покриеноста и намалената ризичност на пласманите доаѓа до намалување на каматната стапка. Тука се исклучуваат и жирантите. Банките и осигурителните компании треба заедно да седнат и да најдат солуција за решавање на намалувањето на каматните стапки. Штом ратата ќе биде помала, автоматски тоа ќе значи и поголема можност за плаќање.

Животното осигурување во Македонија е најмало во регионот, зафаќа само 2,5 евра за жител, во соседните земји е 15 евра за жител, а во ЕУ достигнува до 1.500 евра. Зошто е тоа така?

Во Австрија се печатат илјадници полиси дневно. Значи, таму не прашуваат зошто им е осигурување. Без разлика дали станува збор за животно или за друг вид осигурување. Кај нас засега се осигурува само тоа што мора. Осигурувањето на автомобилот е задолжително и тоа зафаќа 60 отсто. Во 2009-2010 година доминантно беше осигурувањето од незгода, каското и имотното осигурување сега се' повеќе се бараат, како и осигурувањето за одговорност на дејност. Значи, полека осигурувањето си го наоѓа своето место на пазарот.

Дали граѓаните може да се надеваат дека, конечно, ќе поевтини зелениот картон?

Па, дали ќе се намали цената, тоа е некоја математичка калкулација што ќе треба да ја направат Агенцијата за супервизија и Националното биро за осигурување, имајќи ги предвид податоците од осигурителните компании. Значи, максимално работиме на тоа. Се сака да им излезе во пресрет на осигурениците, но да не биде на штета ниту на државата ниту на осигурителните компании. Сите наши граѓани што учествуваат во сообраќајките во Италија или во Грција најчесто се целосно виновни. Штетите што се исплатуваат се огромни.

Оваа година, за разлика од стопанството, осигурителниот бизнис добро се држи. Какви се резултатите?

Во последниот квартал „Винер осигурување“ бележи добивка од 300.000 евра. Премиите се паднати, но со добро мониторирање на ризикот и решавањето на штетите постигнавме добри бенефити. Брзото и ефикасно исплатување на штетите е најголема реклама за нас. „Винер осигурување“ пред една и пол година, од последното место се искачи на четвртото, така што грабиме, но не сакаме брзо, сакаме полека и стабилно. Брзите успеси можат да бидат и брзи падови, тоа не го сакаме. Тоа не е интенција на „Винер груп“. Тие не ни ја наметнуваат својата политика, не' оставаат сами да ја водиме на локалниот пазар, ама тоа што ќе го испланираме и навистина треба да го оствариме.


#
Статијата е прочитана 1189 пати.

Испрати коментар

Од: Branko
Датум: 13.12.2010 15:01:05
Se e vo red so životno osiguruvanje ,ama tuka kaj nas toa e nevozmožno,so ovaka mali plati,nevrabotenost i 2 % da plaćaat toa vodi samo kon bogatenje na osiguritelnite kompanii.Utre koga će se sruši sistemot tie što uplaćaat mesečno će im davaat + za 1 leb mesečno.Hrvatska propadna i vtoriot stolb a kamo li tretiot,a životnoto go plaćaat samo dodeka go otplatat stanbeniot kredit i posle zbogum,parite nazad kolku i da se poarno vo keć i pomalku otkolku na rati ama nikakvi.
Од: nikola
Датум: 14.12.2010 09:00:27
Dobro kazano od gospogata.. Kaj nas lugeto plakaat sekoja godina za osiguruvanje na kolata, kasko , a za zivotot nema pari..?? Samo koga na krajot ke se sluci nesto - na site im se vraka razgovorot so osiguritelniot agent koj im nudese zivotno osiguruvanje od ne daj boze...ama togas e kasno - em bez dragata osoba , em bez pari uste poveke....Navika treba kaj nas - pari se najduvaat ( inace jas sum osiguran veke 2 godini, i znam deka ne zgresiv)

Најди! во Утрински
Економија
Винарите се' поисплашени од грчкиот притисок
Албанците се спасија од поскапување на струјата
Без многу врева усвоен буџетот за 2011
Сонце и фиданка - симбол за органска храна
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency