Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Албанците се спасија од поскапување на струјата

Албанскиот регулатор за енергетика, ЕРЕ, донесе одлука со која цената на струјата за сите потрошувачи останува непроменета. „Цените на енергијата за 2011 година ќе бидат идентични со овие од 2010. Исто така, нема укинување на двојните тарифи, што значи дека за оние што месечно трошат до 300 киловат-часови цената останува 7,7 лека, додека за над 300 квч е 13,5 лека“, изјави првиот човек на ЕРЕ, Бујар Неправишта. Потрошувачите на електрична енергија во Албанија се спасија од зголемување на цената, бидејќи ЕРЕ одлучи да ја намали цената со која албанската електрокорпорација КЕШ и' ја продава на „Чез Албанија“, поранешна Електродистрибуција. Според ЕРЕ, јавната компанија КЕШ, која моментно на „Чез“ му ја продава струјата по цена од 2,03 лека за квч, наредната година ќе ја продава по 1,48 лека. Министерот за економија и енергетика и вицепремиер, Илир Мета, оцени дека одлуката на ЕРЕ е во правец на заштита на потрошувачите. „Чез Албанија“, КЕШ и секторот за пренос бараа поскапување на струјата од 1 јануари наредната година за 12 отсто. Од почетокот на годинава албанските потрошувачи плаќаат струја поскапа за 13 отсто споредено со лани. (МИА)


#
Статијата е прочитана 718 пати.

Испрати коментар

Од: DRagan Kumanovo
Датум: 13.12.2010 14:27:12
najmnogu se spasija Albancite... sto ne plakat struja vo Makedonija... a i onie u KOsovo u srpsko vreme :)
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 17:11:55
Блазе си им на албанците во Албанија , нашите секако не плаќаат !!А „благодарение на пожртвованоста и напорната 24/7 работа “ на нашата блада и оваа 2011 ќе нистигне честитка со 10% поскапување !!!Тендери ли се тендери , проценти ли се проценти !!!Сето тоа народот ќе го позлати !!!

Најди! во Утрински
Економија
Животното осигурување - можност да се заштед��
Винарите се' поисплашени од грчкиот притисок
Без многу врева усвоен буџетот за 2011
Сонце и фиданка - симбол за органска храна
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency