Џон Кери на чело на Комитет за односи на Сенатот
ВАШИНГТОН - Сенаторот Џон Кери од Масачусетс се очекува следниот месец да ја преземе функцијата претседател на влијателниот Комитет за надворешни односи на американскиот Сенат, јави лидерот на демократите во Сенатот. Кери (65), кој беше претседателски кандидат на демократите во 2004 година, ќе го замени демократскиот сенатор Џо Бајден од Делавер, кој ќе стане потпретседател на новоизбраниот претседател Барак Обама на 20 јануари, истакна лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Реид. Кери се наоѓа во прва посета во странство како иден претседател на комитет. Во посетата е предвиден престој во Полска, Грузија, Индија, Авганистан и во Кувајт. (Ројтерс)
|