Пронајден експлозив сокриен во продавница во Париз

Експлозивот не бил поврзан со детонатори
ПАРИЗ - Полицијата од Париз вчера пронајде експлозив скриен во стоковна куќа во Париз, по повикот од група која бара повлекување на француските војници од Авганистан. Групата се нарекува Авганистански револуционерен фронт, но француските претставници велат дека не слушнале претходно за неа и предупредија дека можеби е лажна информација.
Полицијата извлече пет парчиња динамит од продавницата „Принтемпс“. Експлозивот не бил поврзан со детонатори, што укажува дека целта била да се рашири тревога, а не да се предизвика смрт и уништување.
Францускиот претседател Никола Саркози, кој зборуваше во источниот француски град Стразбур, рече дека Франција нема да преговара со терористи и повика на претпазливост. „Во овој момент ги повикувам сите да бидат многу претпазливи и многу одмерени“, рече тој. (Ројтерс)
|