Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Судот одлучи: штрајкот на шеќеранци бил нелегитимен

Битола - Шестмесечниот штрајк на вработените во Шеќераната бил нелегитимен. Вака пресуди Апелациониот суд во Битола откако бугарските газди на фабриката ги тужеа незадоволните работници дека не го пријавиле навреме штрајкот. По ваквата одлука на судот, вчераутро на штрајкувачите не им беше дозволен влез во фабриката. Сега капиите се отвораат само за сезонците, кои на нивните работни места ја започнаа кампањата за преработка на жолт шеќер. За штрајкувачите веќе е извесно дека од еден до последен ќе останат на улица.

„Од Апелација добивме пресуда дека се забранува нашиот штрајк. За сите овие шест месеци испадна дека штрајкот е нелегитимен и не смееме повеќе да штрајкуваме. По ова, го известивме работодавецот дека влегуваме на нашите работни места. Но, да биде иронијата поголема, за нас утрово од 5,30 часот капијата беше затворена“, изјави Драги Лингуровски, претседател на синдикалната организација.

Синдикатот обвинува дека одлуката за спорот помеѓу вработените и газдите на Шеќераната е куриозитет во македонското судство. Бидејќи, истите судии и во Основниот и во Апелациониот суд во Битола по два пати носеле контрадикторни одлуки. „Истата гарнитура судии еднаш носи одлука дека е нелегитимен штрајкот, па потоа дека е легитимен и сега дека пак не бил легитимен. Апелација прво ги советуваше основните судии дека погрешно го примениле материјалното право, а сега и тие судат токму на тој принцип. Ова е апсурд што никаде го нема“, додава Лингуровски.

Штрајкот на вработените во битолската Шеќерана е лош сигнал за третманот на работничките права во Македонија, сметаат штрајкувачите. „По сите овие судски одлуки и интервенции од инспекциите во Македонија, никој повеќе нема да се охрабри да штрајкува. Штрајкот за македонските работници ќе биде табу-тема. Ова е уништување и на синдикатот. Ова е синдромот на Македонецот за самоуништување“, реагираше Златко Вељановски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

Штрајкувачите велат дека за цело време на штрајкот не добиле поддршка од Регионалниот синдикален совет на ССМ во Битола. Единствено Агросиндикатот на Македонија застанал во нивна поддршка.

„Ова е прво искуство во Македонија штрајк да биде прогласен за нелегитимен откако во 2005 година е донесен Законот за работни односи. Законските решенија се многу контрадикторни, нема дефиниции докрај. Не се почитувани процедурите во судот и, најверојатно, во овој случај има влијанија од одредени позиции“, вака Живко Даневски, претседател на Агросиндикатот го коментираше случајот на Шеќерана. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 410 пати.

Испрати коментар

Од: bitolcanec
Датум: 16.09.2009 09:05:32
Судот донесе правилна одлука. Се показа дека штрајкот имаше друга позадина зашто синдикатот на фабриката не ги прифати сите предлози за згголемување на платите вклицувајки и 30 посто на вработените во производството.Претераа и се ставија над законот кога ја блокираа работата на фабриката. Со тоа направија кривицно дело и заслузија сите да останат без работа. Судот во слуцајот показа голема доблест што судеше само по закон и не подлегна на притисоците за хуман и социјален однос кон штрајкуваците
Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.09.2009 11:01:08
Ова може единствено да се случува во Земјата на Чудата! Единствено таму работниците имаат право на Работен Штрајк! Наравоучение: Не смеете ни да плачете, кога ве тепаат Новокомпонираните Феудалци, самопрогласена „елита“! Уште еден доказ за одземените права на оние кои мислеа дека во Капитализмот, цветаат Рози!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Мирче Јовановски
Едиторијал
Нина Нинеска-Фиданоска
Мислења
Петар Арсовски
Мислења
Мимоза Ристова

Свет: фото сторија
Сиднеј прекриен со црвен прав
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува