Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ПОГЛЕД

Испрати СМС за пуч

Димитар Чулев

Пучистите во Хондурас требаше претходно да испратат СМС-порака до електоратот во која ќе им најавеа дека имаат намера да го урнат актуелниот претседател Зелаја. Се покажа дека не беше доволно човекот „во пижами“ да го извадат од дома, да го качат во авион и да го испратат во непознат правец... Десетици илјади луѓе излегоа на улиците барајќи враќање на протераниот претседател.

Светот, навикнат на „стотици“ пучеви во Јужна Америка (од раните 60-тите години на минатиот век континентот беше синоним за воено-диктаторски режими, кои речиси секојдневно ги изместуваа демократските обиди за стабилизирање на државите), овој пат му даде за право на протераниот Зелаја. Обама рече дека мандатот на Зелаја не бил се' уште исцрпен, а за автократот меѓу социјалистите во Јужна Америка, Чавез, тоа бил пуч против целиот континент.

Времињата се сменети. Пучистите, генерали, полковници и некои други пониски воени структури, сега не можат да сметаат дека ќе освојат телевизиска станица, пошта и, евентуално, странска агенција и ќе прогласат воен удар во земјата. Сега владите паѓаат на демократски избори и кога победуваат „кадифени“, „зелени“, „портокалови“, „виолетови“ и некои други револуции.

Наместо стравовладение од времето на Пиноче и на некои други кога луѓето „испаруваа“, сега на улиците во Хондурас има десетици илјади кои бараат враќање на демократски избраниот претседател. Помошта однадвор (Хондурас е единствена суспендирана од земјите од Јужна Америка по Куба во 1962 година), покрај повиците да се почитуваат гласот на народот и човековите права, им ги поматуваат сметките на пучистите.

Најавата на Зелаја дека доколку „имал падобран ќе скокнел од авионот“, е небитна. Битна е свеста која се смени во Јужна Америка.


#
Статијата е прочитана 2062 пати.

Испрати коментар

Од: Ace od Avstralija
Датум: 09.07.2009 02:27:54
Znaci vie SDSM-ovci epten preteruvate !!! Sega koga e najosetliva borbata so Grcite za imeto, vie povikuvate na puc. Kolku ste plateni za ova? Ili se zanesuvate deka ce bidete plateni i nekoj si i nesto posle? SRAMOTA i najgolem sram za SDSM, sto osven mucki i kriminal na "legalen" nacin, nisto drugo ne znae i ne moze da ponudi !!!
Од: dr Kozma
Датум: 09.07.2009 06:45:58
Odlican tekst !
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 09.07.2009 08:28:30
Од секогаш верував дека нашиве новинари и „слободоумни“ граѓани премногу гледаат CNN (во превод Ц` Н` Н`). Не ни очекувам дека ќе кажат нешто инакво, нешто што е сопствен продукт, мисла... Така некако изгледа и идејата за лош пуч (кој не е поддржан од ослободителната CIA, но и од надежта Обама).. Авторот се заборава во приказната, како да се работи за некој друг континент, а не за Јужна Америка, каде Северната (САД), интервенира постојано со воени „игри“ (стотици илјади се убиени во име на „демократијата и слободата“), уште од предминатиот век! Точно е! Времињата се сменети! Сега, претставата е превртена во поддршка за „легално“ избраните! Е сега... што сето тоа можеби и има некои сличности со нашите SMS пораки, тоа е сосема нешто друго!
Од: do ace od Australija-PATRIOTOT
Датум: 09.07.2009 10:20:31
Se prasuvam ama navistina so sto ve hranat tamu vo Australija i tebe i Orce profesoro:)))))) abe covek prosto vi zaviduva kolku ste pametni a pak da ne zboram kolku ste golemi patrioti koi ja branat Makedonija odaleceni preku sedum planini i morinja,ccccccccccc

Најди! во Утрински
Втора страница
Verbatim
Се разговара само за името, повтори Нимиц во Атина
Странските државјанства како спас од прогонот
Карикатура
Роже Федерер