Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Се разговара само за името, повтори Нимиц во Атина

Посредникот во спорот по средбата со Бакојани имаше средба и со лидерот на грчката опозиција, Папандреу

Тамара Грнчароска
Миркица Поповиќ


Еден ден по Скопје, вчера и на Атина и' беше врачен новиот предлог од медијаторот од ОН за решавање на спорот за името, Метју Нимиц, со препорака и Грција сериозно да го разгледа изменетиот октомвриски сет на идеи, како излез од проблемот.

Посредникот во грчко-македонскиот спор рече дека новиот предлог е со мали промени од предлогот од октомври, кој го содржи името „Република Северна Македонија“. Нимиц час и половина разговараше со шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, по што соопшти дека тоа бил одличен разговор на кој на Бакојани и' ги пренел впечатоците од разговорите во Скопје. „Ја известив и самиот бев известен за ставовите на двете страни“, изјави Нимиц, додавајќи оти верува оти неговата работа ќе продолжи уште подобро.

Нимиц по средбата со Бакојани даде речиси идентична изјава на онаа која ја даде во Македонија по средбите со македонскиот државен врв, велејќи дека „постои јака волја од двете страни за изнаоѓање решение“. „Верувам во разговорите за изнаоѓање решение со реципрочна добивка, верувам дека сме многу поблиску до крајно решение, за тоа сум и поголем оптимист од претходно“, изјави Нимиц. Тој и во Атина, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е оптимист дека ќе се постигне напредок во решавањето на проблемот до крајот на годината, повтори оти не верува во рокови.

На прашањето да ги објасни изјавите од Скопје за националниот идентитет и јазикот на соседната земја, медијаторот одговори: „Она што се дискутира толку години е прашањето за името“, додавајќи дека „некои работи се едноставно неменливи, како фактот оти по��тои земја која во ОН се води под референцата ФИРОМ и со години посакуваме да се најде заедничко решение за името на таа земја“. „Постои јазик кој го зборува еден одреден народ, меѓутоа, ние сме насочени кон наоѓање решение за името“, потенцираше Нимиц.

Посредникот од ОН и во Грција настапил со пооптимистички став и, како што пренесуваат грчките новински агенции, речиси е сигурен дека ќе се најде решение за името. Според него, и двете страни сакаат да ги подобрат заемните односи. „Знам дека Владата во Скопје сака да се најде решение за проблемот, со цел да се подобрат односите со Грција“, е ставот на Нимиц, кој информираше дека на средбата Бакојани рекла оти сака да се подобрат односите со северниот сосед на начин кој ќе биде достоинствен и праведен. „Постои силна волја за решавање на проблемот и од двете страни и се надевам дека во оваа насока се и идеите и предлозите кои ги дадов. Се надевам дека и двете страни сериозно ќе размислат за тоа“, изјави Нимиц.

Посредникот Нимиц во Атина информираше дека сега ќе почека Атина и Скопје да ги разгледаат неговите идеи, за што и од двете страни било побарано дополнително време, и оти тој ќе биде во контакт со нив. „Ги охрабрувам двете страни да продолжат со преговарачкиот процес, што би значело одделни средби или една заедничка средба на двете страни“, изјави Нимиц.

По средбата со Бакојани вчера посредникот одржал и 50-минутна средба и со лидерот на главната грчката опозициона партија ПАСОК, Јоргос Папандреу, која бара одржување на предвремени избори во Грција во септември. По средбата со Папандреу, Нимиц изјавил дека не разговарал со Папандреу за предлогот, бидејќи тоа би значело кршење на протоколот. Без изнесување повеќе детали за тоа што било разговарано на средбата со Папандреу, Нимиц само изјави дека тоа бил „добар разговор“. Папандреу и Бакојани вчера два пати се обидоа да се сретнат и да разговараат за средбите со Нимиц, но поради работните обврски состанокот го одложиле за подоцна во денот или за денеска, пренесуваат грчките медиуми.


Статијата е прочитана 1434 пати.

Испрати коментар

Од: Rage
Датум: 09.07.2009 00:24:40
A zosto voopsto da se razgovara, zatoa sto nekoj prifatil da se razgovara za nesto sto e apsurd, ime. A, sega nekoj treba da se soglasi na promena za koja pobajagi ima navivacki fanovi ovde kaj nas, i na kraj ke prifatime smena na imeto, koe ke znaci promena na se drugo, a opozicijata ke izmie race i ke rece pozicijata loso se dogovorila demek tie bi dosle do podobar dogovor i taka se vo krug. Pozicijata ke ne ubeduva deka imalo pritisok i moralo, a mora samo da se umre, no koga Bog saka, am nie izgleda sakame predvreme da si umreme na svetska politicka scena.
Од: nekoj
Датум: 09.07.2009 00:43:37
I taka medijatorot im go kaza na ovcite od FYROM, ona sto i sekoj so malku mozok i koj navistina ima identitet, go znae! A toa e, deka ona sto si, nikoj ne moze da ti go odzeme, pa te narekuval li kako sakal! No za da moze da se zboruva za identitet, vie prvo mora da go sozdadete, FYROMci, vie ne znaete koj ste seuste! Drzava sozdadena vo 1991 pod ime FYROM, prvo mora da sozdade identitet, zatoa eden sovet, ne kopajte mnogu vo antikata, tuku setirajte eden nov start point i trgnuvajte napred oti nema nikoj vreme da ve ceka. P.S. 21 vek sme.
Од: kris
Датум: 09.07.2009 00:51:48
grcite veke slavat na youtube, go skrsija nasiot identitet, i sega ke treba na cel svet da objasnuvame kakvi makedonci sme od taa Severna Makedonija. uste se raduvaat deka albancite ke baraat federalizacija na novata Severna Makedonija, zasto makedoncite veke ne se konstitutiven element, ednostavno ke ne snema, ke bideme severno makedonci. taka, taka, sega neka mu ja mislat politicarite sto mislat deka odkazuvanjeto od imeto ke bilo zaradi stabilnost i clenstvo vo NATO i EU. pa ke ja vidime taa stabilnost sega! SRAMOTA!!!
Од: NATO-JATO
Датум: 09.07.2009 01:21:57
Postoi eden narod , koj zboruva nekakov jazik ,koj e vas sosed na Grcite i toj narod dise tamu, jade , pie na edna zemja gradi kukji, ponekogas i zgradi, imaat i koli (auta) na dizel, plin, benzin itn.imaat i vizi ,ajvar ,burek severen sekako ...bla bla... e BRAOS BE NIMIC! Fala mnogu i SIKTER ottuka!
Од: Goce
Датум: 09.07.2009 01:28:54
Prekin na pregovorite e samo resenie za povolno za nas. Imame ime ! Da zivee Makedonija
Од: dedo dimo
Датум: 09.07.2009 04:52:02
Izgleda sve idi kon krajot i za kapituliranje .Ako na vistina narodot od Makedonija se pravi glupav i misli so prifakanje drugi pridavki ke vlezime vo EU i NATO i samo ke lezime a drugi ke raboti da ne hrani ,mnogu se lazime ,na zalost ,mozda polosho ke bidi ?.Pochekajte pa ke vidime ,a izgubenoto nikogash nema da go dobieme.Gruevski veleshe " da go potsetam -so skrshen rbet ne sakame vo EU i NATO ",a sega shto ,mozebi i bez glava ,samo trupot .Makedonskiot narod treba dobro da razmisli .shto ke dobie a shto ke izgubi .EU i Nato eden den ke se raspadnat kako i yugoslavia iSovetskiot sojuz a Imeto na edna zemja i eden narod e vecho!
Од: pogled
Датум: 09.07.2009 07:32:53
1. “Тамо где ВЕЧНО СУНЦЕ сја, тамо је (СЕВЕРНА) Македонија“. 2. Откако ќе се реши проблемот со името, потоа ќе следуваат долгогодишни уценувања, бојкотирања и вета за идентитетот, јазикот, културното наследство и сл. (Можеби ќе побараат Хераклеја да се префрли во Грција или пак да биде во нивни состав?). Но тогаш тоа ќе биде на европски терен и за Грција тоа ќе биде многу полесно.
Од: Trajko
Датум: 09.07.2009 08:19:23
Mnogu pesimistichki razmisluvanja.Zatoa sme tamu kade sme.Dali nekoj veruvashe deka ke bideme izolirani i deka ke ziveeme polosho od Bugarija,Albanija i Rumunija.No prichinata e mnogu golema vo Makedonija.Se javija golem broj lazni patrioti koi imeto ne go davat a drzavjanstvoto si go prodavat za da moze da go vozat otpadot od evropa.Dali od ovie takanarecheni patrioti ima chueno ovie 15 godini nekoj da ne imenuva firomci i dali go zboruvame firomskiot jazik.So prifakanjeto na firom vlegovme vo OON i ne prizna okolu 120 zemji kako makedonci.Kolku zemji vo svetot ima kade gi narekuvat gi narekuvat koj kako saka spored svojot jazik.Grcija kolku iminja ima,Anglija i dr.No nekomu mu odgovara da bideme izolirana,zemja vo koja ke vladee diktatura i kriminal.A obichnite gragani se lazat za podedena edna koska a se losho informirani.Dali nekoj moze da svati deka vo makedonija poveke odpolovinata narod zivee polosho od nekoi domashni milenichinja.Po nekoja logika ne trebashe da odbereme i samo
Од: Makedonec vo SAD do Grkot "nekoj"
Датум: 09.07.2009 08:51:12
Znachi maskata padna i ne izdrzha srce grchko! Otkade ti vpechatokot deka ne znaeme koj sme? I te molam sledniot pat koga kje pishuvash komentar na sajtov, zakluchi si go shisheto uzo vo vitrina, vaka izleguvash premnogu smeshen psihuvajki pijan. Vistinskoto prashanje ne e dali nie Makedoncite znaeme koj sme, tuku dali vie t.n. "Grci" znete koj ste? Veshtachka nacija sozdadena od nasilna asimilacija na Ermenci, Vlasi, Makedonci, Turci, i Kopti od Egipet, Turcija, Sirija, Irak i koj znae se ushte od kade. Imav prilika ovde vo SAD da zapoznam brachen par na Egipetski Kopti - chisti Arapi po rasa no ete so pravoslavna "grchka" religija. Nitu eden argument vo ovoj apsurden spor ne e na vasha strana. Vo istorijata Grcija kje bide zapamtena kako edinstvenata zemja koja se obide da go ubedi celiot svet deka IMETO na druga zemja e ZAKANA za nejzinata bezbednost. Alo Hellas razbudete se!! SVETOT VI SE SMEE!!!
Од: Saso Germanija
Датум: 09.07.2009 09:02:19
Za vreme na NOB ni pustaa oruzje i obleka za da pravime makedonska drzava, oti bea na tesno, Grcija kako nie okupirana, London bombardiran. SEgasnata NOB e demokratska, oti ne im trebame sakat da ne sotrat. Imperijalisticka e igrata za da ne' nasednat na tenok led a Bugarija prokopsa so taa EU. Apsurd.
Од: Славо Македонски
Датум: 09.07.2009 09:27:03
Ех... Кога на Античките Гр... пардон, Македонци, им смета префиксот Славо, тогаш ќе си добијат суфикс Македонија. Во причинско-последичен превод: Оној кој живее во Антиката, Секако ќе Изумре во Сегашноста!!! Е, сега, во секое зло и по некое добро: Античките македонци најпосле ќе може да си ги вратат „гооолемите имоти“во Елада!
Од: Maksimalna otstapka
Датум: 09.07.2009 09:28:09
Максимална отстапка што можеме да ја направиме во спорот со Грците е географска одредница (додавка) на името. Мислам дека добар предлог е„ Република Македонија (северна)“ . Значи , само се додава зборот „северна“ во заграда, за да дообјасни дека се работи за северниот дел на Македонија. Точка. Никаков пакет од дополнителни желби на грците. Не сме обврзани на такви преговори, за јазик, идентитет , кога , зошто , како ќе го користиме зборот македонски и слично. Тоа е наше право, и е поткрепено со меѓународното право. Грчки лобисти, дека политиката не била фер, дека ние сме биле послаби па требало уште да попуштаме и слично, секогаш ќе има. Ама , ние ќе се бориме со м��ѓународно право, со надворешна политика која ќе бара помош од сите што имаат интерес Македонија да влезе во НАТО пред се(САД, Турција, Бугарија, Албанија, Хрватска ... ).И толку. Не се дава име( името е нешто што трае илјадници год.) за влез во организација која , историски гледано, може да се распадне во 10 или 100.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 09.07.2009 09:29:26
Citam deka EU/NATO bi raspadnale;pa zarem MK nema da se raspadne?Cekajte,teskoto oro tek ke go zaigrate!Od `91 navamu MK se zanimava so improvizacii.Da se dogovorijaa politickite eliti vo `91 vo kakva MK sakat da ziveat,togas nemase da se slucat "FYROM",promena na simbolite,2001god. i niza drugi raboti.Sekogas velev deka vo 2009 mnogu nesta ke se slucat vo i okolu MK,i kako sto gi sogledam i analiziram rabotite,veke nema beganje od promena na ustavnoto ime,vo najmala raka redefiniranje na ramkovniot i dr.Zal mi e za MK i nejzinite gragjani;no taa nema idnina i za nekolku godini (<5god.!)ke se raspadne,a ne EU i NATO,zosto kade ima sloga,ima i boga.Vo MK nema ni ednoto,ni drugoto.Za mene licno federalizirana severna MK bi bila podobro otkolku spojuvanje na istocna MK so BG,kade MKcite bi bile gragjani od 2.red;dodusa i vo SFRJ MKcite bea gragjani od 3.red(posle SLO,HR i SRB so BIH)iako imaa nivna republika!Zatoa ne ripajte mnogu,bidejki MK globalno gledano e pomala od komarec!pozdrav:-)
Од: Kuzman
Датум: 09.07.2009 10:09:59
Ne bi trebalo da e potrebno da se diskutira za identitet i ime na jazik. No ete krajnata cel so site postapki dosega na grcija prema onie koi se identifikuvaat kako etnicki Makedonci mu e da go odzemi pravoto drug osven grk da go nosi prefiksot Makedonski. Makedoncite se somnevaat vo diskusii za nivnoto ime i baraat grcija jasno da kazi deka nema poveke da gi omalovazuva i diskriminira onie koi se osekaat kako Makedonci po nacija. Sakaat garancija nikoj vo idnina, ako veke se dogovoruvaat, nikoj da nema pravo da rece toj covek ne e Makedonec i ne zbora Makedonski jazik. Makedonec da se znae od koja drzava doagja i Makedonski jazik kade se zbora. Makedoncite ednostavno baraat konecno prifakanje, koe se ceka veke poveke od 100 godini. Vo sprotivno Makedonci se gubat kako etnicka zaednica i Makedonija vleguva vo nemirni vodi na dograbaj koj kako ke stigni. Makedonija ke bide cel na delbi. Toa go znaat grcite i tie se inicijatori.
Од: Obedineta Mak. Dijaspora
Датум: 09.07.2009 12:35:11
Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka! Treba da primenime srpskoto scenario: 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za Sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud za pravda; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje. Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za legalitet na specificni dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime. Po dbivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite tela i organi vo OON.
Од: Jon
Датум: 09.07.2009 14:29:25
Ako Makedonskata Vlada i Opozicija nema hrabrost da im rece na grcija kako i svetot 'nie sme Makedonci koja bila sankcija stavete na nas ne promenuvame nisto' i prekinete 'razgorvorite', togas zosto voopsto da postoi? Nema nisto bez teskoti. Vreme e za Makedonija da pokaze deka ima sila i da kaze NE - dosta e i tocko.

Најди! во Утрински
Втора страница
Испрати СМС за пуч
Verbatim
Странските државјанства како спас од прогонот
Карикатура
Роже Федерер