Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Странските државјанства како спас од прогонот

Ексминистерот Владо Димов го спаси бугарскиот пасош, а српските документи ексцариникот Драган Даравелски

Ексминистерот за здравство Владо Димов по два часа поминати пред истражен судија, завчера од судот во Варшава замина како слободен човек. Со бугарскиот пасош и личната карта која му е издадена во Софија, тој веќе денеска може да се врати на работното место раководител на дигестивниот оддел на клиниката Токуда во Софија, каде што работи изминатава година.

Судските органи во Варшава не се одѕваа на барањето на македонската полиција, која распиша потерница за Димов, поради истрага за злоупотреба на 40 илјади евра. Засега е нејасно дали Димов го спаси бугарскиот пасош или, пак, тоа што станува збор за полесно кривично дело за кое е предвидена казна затвор до три години.

Македонската полиција добила известување на Варшава, но тоа било штуро и без објаснување зошто Димов е ослободен. „Ќе бараме дополнително објаснување за ваквата одлука, а ќе го известиме и Министерството за правда“, вели Иво Котевски од МВР.

Димов беше уапсен во понеделникот на аеродромот во Варшава, при обидот да лета за Софија. Тој веќе неколку години е надвор од земјава и работи на угледни европски клиники, додека полицијата и даночниците го стегаа обрачот околу него.

Од полицијата најавуваат дека и понатаму останува активна меѓународната потерница која што е распишана против него во март годинава. Тој се бара по наредба на истражниот судија од Струмица за истрага за незаконски вработувања во Здравствен дом во текот на 2005 година, додека бил министер за здравство, при што бил оштетен Буџетот за 2,5 милиони денари.

Со оглед на тоа дека Димов има бугарски пасош веќе две години, се' поизвесно е дека Бугарија нема да дозволи екстра��иција на сопствениот државјанин, со што македонските власти стануваат немоќни.

„Финтата“ со вадење на странски државјанства, со цел да се избегнат македонските судови е често применувана пракса во земјава. Македонија со години наназад не успева да обезбеди екстрадиција на најбараниот бизнисмен Драган Даравелски, кој замина во Србија. На страницата на МВР се' уште е активна потерницата по него, но неговиот српски пасош е помоќен од сите инсистирања тој да биде предаден во земјава.

Ексдиректорот на Царинската управа, со српското државјанство ја ескивира пресудата од седум години затвор поради злоупотреба на службената должност и овластување, со што била оштетена државата за 2,5 милиони евра. Пресудата беше потврдена од Апелациониот суд, но се уште не поминала низ филтерот на врховните судии. На Даравелски му се судеше во отсуство, бидејќи српските власти одбиваат да го испорачаат кумановецот.

Еден од ретките кој не го спаси странското државјанство е Методија Смиленски. Поради повеќе обвиненија за злоупотреби, бизнисменот со австриско државјанство пред две години со силно полициско обезбедување од Србија беше екстрадиран од Србија во земјава. Против него се водеа повеќе постапки во скопскиот, штипскиот и светиниколскиот суд, од кои дел завршија со судски пресуди, а некои се уште се во тек. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 875 пати.

Испрати коментар

Од: Darko
Датум: 09.07.2009 02:31:50
Go barate li Daravelski? Kade e toj dali e dostapen na policijata?
Од: Ал Капоне
Датум: 09.07.2009 07:27:30
Бугаринот Димов направил „полесно кривично дело“ и „работи на угледни европски клиники“... Уште малку па ќе го прогласите за херој овој криминалец, предавник во бегство и бивш висок фумкционер на СДС.
Од: Trajko
Датум: 09.07.2009 08:58:35
Ako,Vlado Dimov ne beshe izbegan od zemjata i nemashe da ima BG drzavjanstvo,sigurno sega ke beshe visok funkcioner vo vladata na pastirot.Zarem od mesechina ne se gleda ,deka Nikolaj gi sobira site odmetnici.
Од: Ајван Доктор
Датум: 09.07.2009 09:13:44
Некако, по правило, се случува отпосле да дознаваме за министерчињата и властодржците дека всушност биле Странски Државјани! До кога? Предлагам до Збирштината на РМ, да донесе закон според кој ќе биде Забрането во власта да седи „граѓанин на МК“ - Странец, или со двојно државјанство! Патриоти по зло-у- потреба, му се доволно на овој народ! Така, најверојатно, „парламентот“ ќе ни се преполови, па ќе има и помалку џаболебари на грбот на народот!
Од: petre
Датум: 09.07.2009 10:23:49
Samo uste eden hostapler od nizata hostapleri vo SDSM!!!
Од: manta
Датум: 09.07.2009 18:47:48
Како по обичај, никој не го осудува криминалот или тие што биле на функција а сториле криминал. За сите овие шо оставиле коментари поважно е дали тој бил член на ДПМНЕ или СДСМ. За вакви овци и бачило е луксуз

Најди! во Утрински
Втора страница
Испрати СМС за пуч
Verbatim
Се разговара само за името, повтори Нимиц во Атина
Карикатура
Роже Федерер