Доктор по тенис, Гренд слем мајстор. За кого друг е наменето ова ако не за швајцарското момче од Базел, Роже Федерер, недопирливиот во светскиот тенис. Во неделата ја освои шестата титула на Вимблдон во последните седум години, вкупно 15 гренд слем трофеј во неговата кариера, потфат што успеа да го оствари за период од шест години. Успеа да го урне рекордот на Пит Сампрас од 14 титули на турнирите од големата четворка, но и да го симне Рафаел Надал од челната позиција на АТП ранг листата.
Тешко веројатно е дека ќе се појави некој што ќе биде кадарен да го надмине во догледно време. За него, неговата игра, ударите изградени до совршенство, движењето доведено до перфекција, сите говорат во суперлативи, од Пит Сампрас преку Бјорн Борг и Род Лејвер. Истовремено сметаат дека Федерер нема да застане тука. Ќе игра и освојува се' додека има желба да го прави тоа, се' додека го држи натпреварувачкиот дух, па прогнозираат дека до крајот на кариерата ќе придодаде уште најмалку три гренд слем трофеи во, и онака, пребогатата колекција.
По Вимблдон, Федерер може да се олабави и целосно да се посвети на сопругата Мирка и приновата што ја очекуваат наскоро. Првпат во животот ќе стане татко што дополнително ќе го стимулира да продолжи со владеењето во светскиот тенис. (С.Д.)
Dajte be ednas barem Vie od Utrinski ste taka poliberalni okolu sprotov, dajte na cover page stavete slika od Roger kako main news i urnete gi stereotipnite naslovni strani na koi glavni faci vi se onie moroni od tipot na Manevski, Pero Stojanovski, Ace Spasenovski ili Angelina Jolly-Slavevska! Roger e genie, za nego moze da se zbori i pisuva i da se davaat superlativi vo sekoj pogled, a ima iljada raboti sto moze da se dolovat za negovata igra, negoviot mentalitet negovite uspesi, negovite pocetoci, informacii koi se lesni za citanje, od koi ne stega srceto, vo koi nema elementi na korumpirani makedonski sudii i lazlivi ministerski penzioneri. Toj e tolku skormen i ednostaven sportist, a tolku golem, ednostavno nepovtorliv shampion, covek sto se ragja ednas vo iljada godini. Samo poradi nego prodolziv da gledam Sport na TV,inaku odamna ke bev otiden da lovam ribi naTikvesko za vreme na live sportskite natprevari kade glavni faci se onie mizerni sapunicari fudbaleri od Brazil i Spanija