Четворица осуденици побегнаа од затворот „Идризово“
Осуденици за дрога, разбојништво и за оружје побегнале само неколку месеци пред да им завршат затворските казни
Четворица осуденици без трага и глас побегнале од затворот „Идризово“, а за случката надлежните дознале дури при вечерната проверка на затворскиот круг. Бегството на четворицата осудени за дрога, разбојништво и за поседување оружје се случува само неколку месеци пред да им завршат затворските казни. Надлежните се обидуваат да го минимизираат случајот, наведувајќи дека станува збор за „оддалечување“ од најголемиот затвор во земјава. Полицијата трага по побегнатите осуденици.
Според информациите од Управата за извршување санкции, станува збор за Фуад Џелили (25) од Крушопек, Насер Адили (24) од Скопје, триесетгодишниот Зибер Џељал од Грчец и Ќаморан Рушити од Батинци. Според првиот човек на затворот, четворицата затвореници завчера се оддалечиле од отвореното одделение каде што ги поминувале последните месеци од казната. Вечерта, околу 20,30 часот, при редовна проверка, надзорникот забележал дека од кругот на отвореното одделение недостасуваат неколкумина осуденици.
„Ние ги чекавме да се вратат, но се' уште ги нема“, вели директорот на „Идризово“, Миле Младеновски.
Четворицата биле осудени на повеќегодишни казни затвор, а до излегувањето од „Идризово“ им останувале уште да издржат казна по шест месеци или по една година. Избеганите за сето време биле сместени во отвореното одделение на затворот, поради нивното примерно поведение и со оглед на тоа дека не биле претходно осудувани, велат од Министерството за правда. Тие биле работно ангажирани, имале право на слободен викенд, но досега не го злоупотребиле тоа.
Рушити е осуден на шест години затвор поради неовластено поседување оружје, а треба да одлежи уште една година од затворската казна. Неговиот затворски цимер Адили има судска пресуда за пет и пол години затвор за разбојништва. Тој има уште една година да одлежи зад затворските решетки. Третиот бегалец, Џелили, поради дрога бил осуден на четири години затвор. Во отвореното одделение требало да остане уште шест месеци. Последниот осуденик, Зибери, е осуден на 6,8 години затвор за разбојништво. „Идризово“ регуларно требало да го напушти идната година.
„Оддалечувањата“ од отворените одделенија на затворите се честа практика во македонските затвори. Поради можноста затворениците да излегуваат од кругот на затворот за да ги извршуваат работните ангажмани, но и по користењето на слободните викенди, се случува затворениците да одлучат да н�� се вратат зад затворските решетки. Затворот во најкраток можен рок е обврзан да ја извести полицијата за бегството. (Д.Т.)
kako moze zatvorenici so tolkavi kazni da sedat vo otvoreno oddelenie?Ova e samo edna od nizata greski na min.Manevski kogo sto ocigledno nikoj nisto ne mu moze.
Од: verag
Датум: 17.09.2009 13:18:58
Ако осудени за разбојништва, дилери на дрога и тие со опужје се цело време во отворени одделенија, кој е во затворените? Можеби осудени за сообраќајки при кои има загинати/
Од: dukopandurmakedon
Датум: 17.09.2009 15:31:22
kako se slucuvaat cirkuzite kaj nas covek ke pomisli ili se ovie eptem naivni ili glupi kako magare a mislat deka popametni ne postojat.znaes sto bre brat ke se vratat za nova godina maskirani kako dedo mraz da vi poklonat po edno stap-lizavce.