Број 2374  петок, 04 мај 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Политика

Ректорот Мартиновски нема докази дека студентските избори се фалсификувани

Ректорот не верува дека кој било студент би бил подготвен да фалсификува избори

БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА

Изборите за претседател на Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ немаа регуларна завршница, беа проследени со фалсификати, целата постапка е оспорена и пред судските органи, а ректорот Ѓорѓи Мартиновски му даде зелено светло на кандидатот Самоил Малчевски за влез во просториите на организацијата. Истовремено, им даде легитимитет и нему и на одлуката на нелегитимното Собрание, како и на сите придружни случувања непримерни за избор на претседател на студентите на најстариот државен универзитет. Иако ова беа едни од највалканите студентски избори, во кои за остварување на целта буквално не се бираа средства и методи. И самиот Малчевски не криеше дека зад него стои владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Парадоксот да е поголем, ректорот Мартиновски претходно бил информиран од експретседателот на ССУКМ, Александар Давчевски, дека Малчевски со фалсификуван печат доставил документи во Централниот регистар за да му издаде решение за нов застапник на ССУКМ.

„Непријатно сум изненаден од потегот на проф. Мартиновски“, вели Давчевски, „зашто сметав дека ректорскиот збор тежи. Три-четири дена пред да потпише договор со Малчевски за користење на просториите на ССУКМ, ме убедуваше дека како студенти не смееме да бидеме подложни на никакви притисоци и влијанија, дека изборите мора да добијат регуларна завршница. Беше толку лут на службите во Ректоратот кои му испратиле на Малчевски покана за присуство на седница на Ректорската управа што дури го викна и генералниот секретар и, тропнувајќи со раката на маса, од него побара да ги казни тие што ја испратиле поканата“, ни раскажува Давчевски.

Во изјавата за „Утрински весник“, првиот човек на Скопскиот универзитет тврди дека ништо не му потпишал на Малчевски, туку со него само го продолжил договорот за користење на просториите на ССУКМ. „Не навлегувам кој е легитимен претседател и кој има регуларни документи и печат“, објаснува Мартиновски. „Лично не сум видел документи кои би ме увериле дека изборите за претседател на ССУКМ биле нерегуларни, такви докази се' уште немаме во Ректоратот, а судот не донел привремена мерка. Поради тоа треба да се биде претпазлив во тврдењата дека изборите биле фалсификувани и нерегуларни, зашто не верувам дека на такво нешто би бил подготвен ниту еден студент на нашиот Универзитет, а најмалку кандидат за претседател на ССУКМ“, тврди ректорот на Скопскиот универзитет.








#
Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар

Од: preku sve vise...
Датум: 04.05.2007 09:28:14
Pa normalno deka ne veruva, bidejki i oni se vmesani vo izborot na pretsedateli na sojuz na studenti na fakultetite... Eee profesori, profesori, odlicen primer davate... na sekoj fakultet dekanot se grizi pretsedatelot na soodvetniot sojuz da bide "negovo dete"...

Најди! во Утрински
Политика
Лошата кохабитација минус за Македонија пред ЕУ
Превозот на опасни материи ставен во законски рамки
Идната г-ѓа Груевска не сака да биде во центарот на вниманието
Киро Глигоров го прослави деведесеттиот роденден
Јавните пари се трошат нетранспарентно, тврди „Транспарентност Македонија“
Владата ќе бара одговорност за Тапанџиоски за бришењето на невработените

"""