Број 2374  петок, 04 мај 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Политика

Владата ќе бара одговорност за Тапанџиоски за бришењето на невработените

Денеска Тапанџиоски треба да достави до МВР детален извештај за бришењата што ги правел

Од Владата најавуваат дека врз основа на извештајот на директорот на Агенцијата за вработување, Стојче Тапанџиоски, што треба да го достави во МВР денеска, министрите на наредната седница ќе одлучуваат дали да поведат одговорност за функција - директор и ќе побараат негова смена од раководното место.

Тапанџиоски, како што бараше самиот, треба да достави извештај во МВР за случајот со бришењата на невработените лица за време на претходната влада, во што, како што изјави самиот на последната прес-конференција, и тој учествувал под притисок на претходниот министер за труд и социјала, Стевчо Јакимовски. Веднаш потоа Тапанџиоски беше повикан на информативен разговор во МВР и во тек е полициска истрага. Тапанџиоски бараше дополнителни неколку дена за да обезбеди документи кои ќе ја потврдат точноста на неговата изјава. Освен тоа, МВР бара од Тапанџиоски да поднесе детален извештај за процесот на бришењето на невработените, но и да ги посочи сите инволвирани лица.

Од опозицискиот СДСМ деновиве во неколку наврати беше побарана одговорност и смена на Тапанџиоски од функцијата директор, а неговите изјави беа оценети како лаги.

И на вчерашната прес-конференција од СДСМ изјавија дека изјавата на Тапанџиоски била обид за манипулација со граѓаните. СДСМ ја повика Владата да почне да работи на вистински реформи кои ќе донесат реални инвестиции и вработувања, за што секогаш ќе ја имаат поддршката на опозицијата. Повод за вчерашниот прес, според портпаролот Емилијан Станковиќ, е изјавата на Тапанџиоски дека за време на мандатот на минатата влада, како службеник во Агенцијата, наводно под присила, избришал 18 илјади невработени лица, меѓу кои имало и веќе починати граѓани, како и невработени заминати на службен пат. Од СДСМ прашуваат, од кога починати граѓани се евидентираат како невработени и како невработени лица одат на службен пат.

„Конференцијата што ја одржаа Тапанџиоски, вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии, Трајко Славески, е врв на пирамидата лаги на ВМРО - ДПМНЕ во последните девет месеци“, потенцира Станковиќ. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 543 пати.

Испрати коментар

Од: berovec
Датум: 04.05.2007 08:20:12
tapanciovski treba da zaraboti krivicna prijava za onaa sto go rabotel
Од: trpe
Датум: 04.05.2007 08:41:03
Gospodinot direktor javno priznava (ne e iznudeno!) deka pravel zakonski prekrsoci. Ama, policijata mu dava vreme da sobere dokazi. Ama, se uste e direktor i po obicaj brise li brise! I toa studenti, penzioneri, emigranti, mrtvi dusi i onie na koi ne im treba vrabotuvanje (se snasle i bez nego). Zosto ne e vo pritvor kako doktorot ili site drugi? Ima sansa da popreci na istragata.
Од: JAS
Датум: 04.05.2007 16:54:09
Koga ke ima lustracija za novite spiuni kako Tapandjiovski.

Најди! во Утрински
Политика
Лошата кохабитација минус за Македонија пред ЕУ
Превозот на опасни материи ставен во законски рамки
Идната г-ѓа Груевска не сака да биде во центарот на вниманието
Киро Глигоров го прослави деведесеттиот роденден
Јавните пари се трошат нетранспарентно, тврди „Транспарентност Македонија“
Ректорот Мартиновски нема докази дека студентските избори се фалсификувани

"""