Премиерот и министрите деновиве ги гледаме по изборни митинзи. Ќе речете што има тука нелегитимно? Тие се дел од партиската структура која е на власт и природно е во предизборието да бидат присутни на митинзите, да ги поддржуваат кандидатите од својата партија и да ги претставуваат партиските програми.
Но, она што е неприфатливо во сето ова и за премиерот и за целата министерска свита покрај него е тоа што на крајно непристоен начин се злоупотребува позицијата на власта во партиска кампања. Со ударнички лопати во рацете, целиот владин кабинет е растрчан по градилиштата. Заедно со кандидатите за градоначалници, предаваат спортски сали, иако голем дел од нив не се готови. Фрлаат песок и на најмали проектчиња на водоводи и одводни канали, од регионални до локални патчиња, и што ли уште не. Да потраеја избориве малку повеќе, мислиш цела држава ќе ни ја изградеа.
Груевски токму од изборната говорница го презентира и владиниот пакет од осум милијарди евра, кој ќе го реализирал од сега, па во наредниве седум години. Поради ваквата нивна ангажираност, Владата како да се стави во еден вид предизборен мораториум, затоа што ниту премиерот, ниту министрите може да се најдат на работните места. Сега целата Влада е 24/7 активна, но во ударничко собирање предизборни поени. И покрај тоа што за време на кампања, законите строго налагаат да не се започнува со изградба на објекти, вработувања, или, пак, со какви било проекти за кои се потребни државни пари, работ��те на теренот се сосема наопаку.
Фактот што Груевски и неговата партија ја имаат власта и управуваат со државните институции не им дава за право на овие претседателски и локални избори и да го злоупотребуваат тоа за свои партиски и предизборни цели. Самиот Груевски пред стартот на кампањата, во својство на премиер и лидер на најголемата владејачка партија, токму во Клубот на пратениците во два наврата ги собра лидерите за да се договорат околу одржувањето фер и демократски избори. Но, очигледно Груевски самиот прв го прекрши зборот, а наедно покажува голема хипокризија околу намерата да создаде фер предизборна атмосфера.
Прашање е дали под фер и демократски избори единствено подразбира да нема пукања и убивања? Дали знае дека фер однесувањето подразбира и еднакви права на сите учесници во изборниот процес, а не и злоупотреба на позицијата со кршење на законите?
Во сето ова недолично и бескрупулозно однесување на власта, до степен кога во прашање се доведува и регуларноста на целиот изборен процес, Антикорупциската комисија како да пропадна во земја. Ја нема ниту со збор ниту со глас, барем формално да ја предупреди Владата за незаконското трошење државни пари во предизборие. Претседателката Мирјана Димовска, откако обезбеди за себе трет мандат, како да работи во илегала. Се чини како да чека да помине целата изборна збрка, па потоа кога се' ќе заврши, ќе даде оцена за тоа колку била фер кампањата и дали имало некаква изборна корупција. Антикорупционерите како да не сакаат да забележат дека партијата на власт токму корупцијата ја подметнува како изборен лост во сопствената политичка кампања.
И во целото предизборно милје некако чудна е и улогата на странските дипломати. И тие нешто се растрчани, главно по проблематичните центри, па делат беџеви за демократски избори и со кренат показалец како деца ги караат раскараните политичари да не се тепаат. И американскиот амбасадор Филип Рикер и евродипломатот Ерван Фуере, засега, се фокусираат да им објаснат на нашите изборни натпреварувачи како се прават цивилизирани избори. Подоцна, можеби ќе ги учат што значи навистина одржување фер и регуларни избори.
Битното е да се гради а не битно кога, дали било пред избори или после избори.Практиката покажува дека секогаш досега пред избори се засилуваат градежните работи, така да обвинувањата дека оваа влада врши предизборен маркетинг не држат вода.
Од: Остваруваме
Датум: 13.03.2009 07:51:02
Нема ништо незакон��ки во тоа што Никола Груевски на митинзите зборува како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како таков тој на граѓаните им вети многу работи и сите ги оствари. Токму во тоа е и поентата - сите проекти што ВМРО-ДПМНЕ ги ветува на изборите, подоцна и ги остварува. Во реализацијата на програмата, проектите, во градењето на објекти нема ништо незаконско, никаква корупција и тоа само треба да не радува затоа што е тоа во интерес на граѓаните.
Од: марјан
Датум: 13.03.2009 08:43:39
мислам дека е добро сто несто се работи па и на овој нацин оваа влада несто работи за разлика од сите останати па да ги оставиме на раат да работат
Од: seuste normalen
Датум: 13.03.2009 09:13:21
Vie sto Ostvaruvate i ana, se gleda koj Ostvaruva! Nisto ne raboti Vladava veke tri godini, samo udira na skapi reklami za nasi pari. Nisto ne e napraveno, a ako e napraveno, napraveno e bidejki bilo otporano dogovoreno. Sramota e sto sekoj santimetar od bilo koj komentar go okupiraat platenicive na VMROvcinjava. Sram se za demokratijata i makedonskiot narod, a i za slavnite junaci od minatoto cie ime go prisvoija i sega go onecestuvaat. Statijata e odlicna i ja oslikuva realnata situacija so ovie sto se sega na vlast a se odnesuvaaat kako da se nebare nekoja sekata. Zborot na Pastirot e Dogma. Kade ke odat samo koga ova ludilo ke zavrsi i ke treba da rabotat nesto. Edinstveno ako ne planiraat masovno begstvo so parite sto za rekordno vreme gi ispokradoa i so stranskite pasosi. Ova i se slucuvase na Srbija so edna slicna Vlada, pa posle site fatija MAGLA! Lopovi ke ve stigne kaznata!
Од: Македонец во Македонија
Датум: 13.03.2009 09:16:35
И, подобро е да биде во кампања, отколку да донесе уште некој закон, според нивниот терк за закони за „доброто на народот“. Аман, кога ќе си одат, за да не ми ја кројат судбината?!
Од: do ostvaruvame
Датум: 13.03.2009 09:33:49
Sto e ostvareno od vetenoto ve molam? Stranski investicii - nikogas poniski! Nezavisno sudstvo, nepartiska policija, civilizirano zdravsto i obrazovanie mozda?
Site famozni zakoni doneseni nasilno i nabrzina - padnaa na Ustaven...a ima takvi sto doprva kje padnat....Spektakularni apsenja bez realna zavrsnica? Progon na politicki neistomislenici? Siluvanje na mediumi? Idiotska Antikvizacija na istorijata?
Odlicna Vlada, odlicen lider....Ein folk, Ein Fuhrer....Uber Alles
Kje se svestite site eden den, samo se plasam kasno kje bide. Ova sto go pravi sega Grujo e vekje videno vo Srbija i Hrvatska (Milosevic i Tudman), Chile (Pinoche) Italija i Germanija (Musolini i Hitler). Dobro zname kolkav ceh platia gragjanite na tie drzavi......no nasiot narod e seuste zaslepen so kultot na lichnosta na Grujo, iako toj jasno pokazuva fashisoidno odnesuvanje....
Од: Nikola
Датум: 13.03.2009 09:46:45
Nisto od pravna drzava, a zaradi toa, nisto i od Evropa i Nato! Vrabotuvanja za vreme na kampanja ima vo Mepso, Elem, a i vcera vpred vladata imase kup narod, cekajci intervju za vrabotuvanje.
Од: Ni sram ni perde
Датум: 13.03.2009 10:27:40
So dva zbora: Ovie navistina nemaat ni sram ni perde. A zarem ne znaat kolku se smesni i providni?
Од: маглата за народот
Датум: 13.03.2009 11:14:44
Обаво си остваруваат по некоја дневница, наместо на работа во кампања и плус паричка у џеб. Две лопати пред избори, после ке му ја мислиме. Никој не сака да не види од надвор. Само и ако ова помине кај граганите на Македонија, тогаш стварнио мислам дека сé е можно кај нас.
Од: bjanka
Датум: 13.03.2009 11:14:53
Aman, odete si,za zal,toa e pusta zelba,
Од: m-r
Датум: 13.03.2009 11:44:02
Krajno nemoralno i politicki nekulturno.A Antikorupciskata komisija mozebi e podobro da si go smeni imeto, bez prefiksot anti.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 13.03.2009 11:50:08
Kampanjata na ovcarot e selska, glupava i providna, no kaj glasackoto telo na FYROM takva kampanja e najefikasna. Za zal.
Од: Трпе
Датум: 13.03.2009 12:14:28
Овој месец ЕПП владата и мистер Рејтинг треба плата да земат од заштедените пари на партијата за градење на рејтингот.Тие работеле на поставување каментемелници,фрлајки по една до три лопати.Дали им е познато колку плата зема градежен работник за работа од 10 сати на ден.Само изгледа дека така е подобро отколку да седат во владата и да носат погрешни закони.Иако и од каментемелниците нема некој кар.Не е работава само да се започнуват објекти треба да се завршуват.
Од: R.R.
Датум: 13.03.2009 16:29:30
Leeleee nsol koj da kritikuva.SDSM bese beter koga bese na vlast,ama togas si molcea,arno im bese a??? Napred VMRO !
Од: Delcevo
Датум: 13.03.2009 17:54:28
More uste nekoj den ke pocne i dupki da ni kopa za grobovi, samo ako ne go glasame ke vidime kakov e toj udarnik, i site negovi podanici-kopuci koi udarcicki udiraat.
Tuka e i N.N. od Delcevo koj e vraboten vo MVR a se pretstavuva kako sef na stabot za kandidat na VMRO DPMNE od Delcevo i javno im se zakanuva na opoziciskite protivnici deka toj e semokniot so amon na partijata.
Pa neka vidi onaa nivnata ministerka za kakvo lice se raboti, ako moze da vidi.