Број 2935  петок, 13 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Затвореникот бил повреден во тепачка?

Според сознанијата на семејството Мирчески, во затворот се случила тепачка, во која со остар предмет бил расечен нивниот син

Даниела Трпчевска



Семејството Мирчески во Кичево е вознемирено по завчерашната телеграма која им пристигна од Скопје. Министерството за правда ги известило дека нивниот триесетгодишен син Игор Мирчески од затворот „Идризово“, поради повреди на лицето и вратот, е префрлен на лекување во болница. Лошата вест семејството ја слушнало уште во вторникот вечерта, кога им се јавил другар на Игор од ќелијата во „Идризово“, раскажувајќи им дека во затворот се случила тепачка. Отпрвин не верувале на лошата вест, но со телеграмата која пристигнала следниот ден од Скопје, се потврдиле нивните стравувања.

„Во вторникот навечер ни се јави едно другарче на Игор, кое се наоѓа заедно со него во ’Идризово’, и ни кажа дека син ми бил нападнат од некого, но не ни кажа дека толку е повреден. Не верувавме, не знаевме дали е вистина, се' додека завчера не пристигна телеграмата“, раскажува Мирка, мајката на затвореникот Игор Мирчески, кој завчера беше пронајден облеан во крв во ќелијата во затворот „Идризово“.

Управата за извршување санкции тврдеше дека се обидел да си го одземе животот, но полицијата и истражниот судија ги проверуваат сомневањата дали Мирчески бил нападнат од некој од затворските цимери. Во писмената изјава за инспекторите, тој посочил дека бил нападнат од друг осуденик поради наводен долг од 150 ев��а.

Според сознанијата на семејството, во затворот се случила тепачка, во која бил повреден нивниот син. Со вакви сознанија располага и полицијата, но и истражниот судија кој вечерта извршил увид во ќелијата каде што бил пронајден повредениот кичевец.

„Извршен е увид од страна на истражен судија и, според првичните сознанија, станува збор за тепачка меѓу две лица, а заднината на целиот случај ќе се утврдува допрва“, вели портпаролот на Основниот суд Скопје 1, Седат Реџепагиќ.

Чуварите при редовна проверка во вторникот околу 14 часот го забележале Мирчески како лежи на креветот на кој имало крв. Видливи биле исеченици на неговиот врат и лицето, по што бил префрлен во болница.

Неговата мајка и членовите на најблиското семејство завчера го посетиле во „Идризово“ каде што по санирањето на повредите повторно бил вратен во затворската амбуланта.

Мирка вели дека нејзиниот син, кој веќе неколку години се наоѓа на издржување на казната доживотен затвор, досега не се пожалил дека има мака, ниту, пак, дека некој му се заканува. „Досега не рекол ништо, првпат вакво нешто да му се случи“, вели мајката, додавајќи дека при средбата со синот во амбулантата, тој изгледал добро. „Изгледаше дека е добро, ама дали го боли тој си знае најдобро“, ја опишува својата средба со синот мајката Мирка, додавајќи дека добиле ветување во затворот оти Игор ќе биде префрлен во друга ќелија.

Од Министерството за правда велат дека затвореникот се наоѓа во амбулантата каде што е под постојан надзор на обезбедувањето и ќе остане таму се' додека не се подобри неговата здравствена состојба. Директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гаврилоска, тврди дека во затворот немало тепачка и ги отфрла шпекулациите дека инцидентот го предизвикале лица од друго затворско крило, со образложение дека е невозможно да се случи тоа.

„Пред да се случи ова, немало никакви сигнали ниту индиции, ниту, пак, имало тепачка во крилото каде што се сместени лицата осудени на доживотен затвор. Сите тие се сместени во иста просторија, а моментално таму има 24 лица“, вели Гаврилоска. Деновиве бројката на осуденици ќе се зголеми на 25, со доаѓањето на охриѓанецот Лазо Радески, кој се' уште се наоѓа во Приемното одделение, а пред неколку дена беше осуден за сериските убиства на дилери на девизи.

Од Управата се' уште нема одговор кога и каде било пронајдено прошталното писмо кое, наводно, го оставил Мирчевски за своите родители, ниту, пак, како се случило тоа еден ден по инцидентот да биде испратено во МВР, заедно со досиејата на осудениците. „Писмото веднаш штом е пронајдено, е испратено и предадено на полицијата. Осуденикот им признал на Крим-техника и на истражниот судија дека напишал проштално писмо“, вели Гаврилоска.

Полицијата вчера интензивно работеше на расветлување на овој чуден случај. „Во Крим-техника се вештачат предмети пронајдени во ќелијата, а истражен судија ќе разговара со повредениот и ќе се вршат проверки на исказот даден во полиција. Потоа е можно да биде поднесена пријава доколку се утврди дека е точно тврдењето на Мирчески оти бил нападнат во затворот“, вели помошник-министерот за односи со јавноста Иво Котевски. Се проверува и веродостојноста на писмото кое, наводно, го напишал Мирчески и под какви околности било напишано.

Мирчески е осуден на доживотен затвор за убиството на Радослав Божиновски од село Малковец и на Митра Силјановска во 2005 година. Инцидентот се случува во период кога адвокатот на Мирчески најави тужба во Стразбур за повторување на судскиот процес за Силјановска откако полицијата изнесе сомневања дека таа, всушност, била жртва на кичевскиот новинар Владо Танески.

 


Статијата е прочитана 705 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 13.03.2009 01:24:05
a sto mislese igor ke ubivam sadisticki nikoj ne mi moze nisto a za zatvor moze ic ne ni si pomisluval ili pak si mislese kako na letovanje ke si , e toa e zatvor nikoj nemoze a te zastiti i sekoj moze a te provocira, a i ko znae moze si nesto povrzan so tanta nisto neee cudno da i ti pocnes so maraton da preplivuvas kofa kako tanata koi nemase kondicija da izdrzi i da ja prepliva taa kofa, ti ova ne go citas znam ama moze nekoj ke ti kaze za tvoite natpisi i komentari.
Од: borce
Датум: 13.03.2009 04:28:02
Аманте колкава статија за убиец. Како ли им било на тие што тој ги убил? За такви ни еден ред да не потрошите и нив треба да ги храни државата,Море како во Кина и Америка смртната казна да се врати а не ментални убијци да бидат бесплатно хранети па и под заштита некој да не ги повреди.па амбуланти па лекувања,ѓавол ипол а тој убиец.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (11)
Цела Влада во кампања
Заев тврди дека осомничениот за возилото на Мојсеј бил човек на ВМРО-ДПМНЕ
Зденко
Европскиот парламент побара датум за преговори за Македонија
Изборот на судии и на обвинители одложен по изборите!
Бил Гејтс пак изби на врвот на најбогатите во светот
Зелена нелогичност
Музеј и за жртвите од кризата
Напаѓачот од Алабама убивал „по список“
„Индиго Бомбај“ е „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Брутото им ги скрати платите на дел од работниците
Иванов му се нафрли на Ружин за клетвите
Чекајќи го Годо
Компромисот за името не треба да има моноетнички предзнак
Експремиерот Георгиевски во одбрана на Тупурковски