|
Мислења
Чекајќи го Годо
Љупчо Печијарески
Дали Годо вистински постои или тој е само рефлексија на нашата немоќ реално да се соочиме со проблемите?
Во култниот драмски текст „Чекајќи го Годо“, премиерно изведен во театарот Бабиом кон средината на минатиот век (1953 година), Семјуел Бекет ја раскажува приказната за двајцата скитници Владимир и Естрагон, кои безнадежно го чекаат Годо, замислувајќи дека неговото доаѓање треба да го потврди нивниот идентитет, истовремено овозможувајќи нивна подобра егзистенција. Во тој контекст тие го водат следниов дијалог:
Естрагон: Ајде одовде. Владимир: Не можеме.
Естрагон: Зошто? Владимир: Го чекаме Годо.
Естрагон: Дали си сигурен дека овде треба да го чекаме?
Владимир: Што ? Естрагон: Дали овде треба да го чекаме?
Владимир: Тој рече овде – покрај дрвото. Естрагон: Тогаш требаше веќе да биде овде.
Владимир: Тој не рече одлучно дека ќе дојде. Естрагон: Што ако не дојде?
Владимир: Ние утре повторно ќе бидеме тука. Естрагон: И така секој ден.
Владимир: Односно... Естрагон: Се' додека тој не дојде.
Во контекст на претходниот разговор, се поставува прашањето: што да се прави додека се чека Годо? Според драмското дејство на Бекет – ништо! Апсурдноста на чекањето е единствено решение. Едноставно, не може да се појде натаму. Дури и не се поставува прашањето дали Годо воопшто постои и, доколку постои, кој е тој и што може да направи? Единственото што се знае е пораката дека ако не дојде денес, сигурно ќе дојде утре. И така во недоглед.
Положбата во која се наоѓа Македонија во голема мера се совпаѓа со претходно опишаната состојба. Аналогијата е запрепастувачка - македонските граѓани во изминатите години не прават ништо друго, освен што чекаат. Чекаат влез во ЕУ и во НАТО; чекаат решавање на спорот со Грција; чекаат ослободување од визниот режим, односно ослободување од постојната гетоизација; чекаат подобрување на животниот стандард, намалување на стапките на невработеност и сиромаштија; чекаат странски инвестиции, подобрување на бизнис-климата и намалување на трговскиот дефицит; чекаат да престанат меѓупартиските обвинувања и етничките поделби; чекаат кризата да дојде и да си замине; чекаат избори... и што ли уште не (неколку колумни се недоволни за да се наброи сето тоа). Чекаат сите: земјоделците, млекарите, стечајците, невработените, бизнисмените, политичарите, студентите, пензионерите...
Она што е најзагрижувачко денес во Македонија е што чекањето не е само карактеристика на постојниот општествен живот, туку тоа се' повеќе се промовира во состојба на духот на народот. Се добива впечаток дека македонскиот граѓанин е помирен со фактот дека самиот не може ништо да направи за својата иднина. Тој ја прифаќа октроираноста како доминантна животна филозофија, а неговиот однос кон стварноста резултира со дефетизам и отсуство на сопствена иницијатива и сопствен ангажман во решавањето на личните проблеми, но и на општествените. Кај него во целост е изгубена вербата дека тој, како поединец, со сопствениот труд и чесно работење може пристојно да живее во својата држава. Оставен на маргините на настаните, без реални можности за подобрување на елементарните животни услови, тој се' почесто се повлекува во себе, препуштајќи им го просторот за дејствување на оние кои сакаат да доминираат преку политичката, економската или медиумската моќ што ја имаат. На тој начин се создаваат претпоставки целокупниот општествен амбиент да го креираат луѓе со нагласени медиокритетски особини, луѓе кои немаат елементарно чувство за објективните цивилизациски вредности, а со тоа Македонија се претвора во земја во која преовладуваат тривијалноста, провинцијализмот, ирационалноста, анахроноста и лошиот вкус. Земја во која мала група луѓе профитираат на сметка на големото мнозинство збунети, животни аутсајдери кои немо и речиси без отпор само го посматраат сето тоа. Живеејќи со девизата дека поединецот сам не може да го менува светот и работите околу себе, македонскиот граѓанин прифати да биде заробеник на филозофијата на чекањето. Со тоа, истовремено, чекањето стана и негова судбина и негово пророштво - негов оков што го оневозможува да чекори (живее) во сегашноста. Барајќи го својот идентитет, низ вековите, тој се' помалку знае каде (кој) е денес, а уште помалку знае што ќе биде со него утре.
Во таква атмосфера се дочекуваат и претстојните избори. Тие многу повеќе се доживуваат како политички мегдан, значаен за афирмирање на партиските интереси, сведен на реторички надмудрувања, отколку како реална можност за суштински промени во општествениот амбиент во државата, што би воделе кон создавање претпоставки за подобрување на состојбите во клучните сфери на општественото живеење. Независно од тоа кој ќе ги добие изборите, суштинските проблеми за опстанокот и развојот на државата и натаму остануваат отворени. Ниту во далечините не може да се препознае силуетата на Годо. Имено, не само што не се знае кога тој ќе се појави, туку не се знае и дали набрзо ќе се појави!? Што е најлошо, не се знае дали некогаш воопшто ќе се појави. Политичките партии и нивните лидери се' повеќе почнуваат да личат на Владимир и Естрагон. Тие чекаат клучните проблеми во државата да се решат сами по себе. Немајќи јасна визија за конкретна политичка акција, тие се надеваат на чуда. Притоа, кога се на власт, се' повеќе сакаат да веруваат (а во тоа ги убедуваат и граѓаните) дека сме на вистинскиот пат, а и самите добро знаат дека стоиме во место.
Македонското општество се претвора во голема чекалница. Апсурдот е негова основна животна филозофија. Аксиолошкиот систем целосно е дисторзиран, работите ја губат својата основна логика, па така минатото станува наша иднина; изолацијата - доброволно прифатена судбина; отсуството на вистинските вредности се супституира со полтронство, сервилност, некомпетентност и просечност; секојдневните животни радости исчезнуваат пред се' поприсутната егзистенцијална несигурност на граѓаните; работите стануваат инверзни до ниво на нарушување на основните принципи и правила на општественото живеење. Само за илустрација: насекаде во светот економијата е основна дејност за обезбедување материјални средства за живот, додека во Македонија политиката се наметнува како пресуден чинител за обезбедување егзистенција. Согласно со тоа, изборите се посматраат како единствена можност за создавање реални претпоставки за вработување или напредување во кариерата. Имено, победата на партијата чиј член е граѓанинот, а не неговите професионални и човечки квалитети, се наметнува како основен фактор за негово побрзо вработување. Оттука, додека во цивилизираниот свет пазарот на труд и неговите законитости ги регулира проблемите на вработувањето, кај нас тоа го прават политичките избори. Мора да се признае дека на тој начин апсурдноста на живеењето во македонската чекалница го доживува своето совршенство.
Можете да го поставите прашањето: до кога ќе биде тоа така? Одговорот треба да го побараме во самите себе. За почеток е доволно да се прашаме дали Годо вистински постои или тој е само рефлексија на нашата немоќ реално да се соочиме со проблемите? Во секој случај, на изборите не мора секогаш, по автоматизам, да бидеме за Годо - за промена можеме да се обидеме да размислиме со својата глава, односно да покажеме дека, иако сме уморени од чекање, сепак, знаеме да ги препознаеме вистинските кандидати и сме подготвени да гласаме за нив. Некој може да каже: што доколку ги нема? Независно од тоа што прашањето е хипотетичко (според некој друг, нив ги има), одговорот е егзактен: доколку мислите дека ги нема, исто така, треба да се излезе на изборите и јавно да се каже тоа. Изборите, покрај другото, ја имаат и таа функција. Тоа е единствениот начин, порано или подоцна, да стигнеме до најдобрите и најквалитетните.
(Авторот е универзитетски професор)
|
|
Статијата е прочитана 1166 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: NANE |
Датум: 13.03.2009 01:45:25 |
|
dobra statija nema sto bravo!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Бобан |
Датум: 13.03.2009 05:24:36 |
|
Текстот е вистински погодок. Метафората за Годо е нашата судбина. Чекајќи остаревме. Немоќни да направиме било што само меѓусебно се караме и уништуваме. Се чини кога еден ден ќе станеме свесни дека треба судбината да ја земеме во свои раце ќе биде доцна. Сепак за тоа најмногу се криви политичарите. Само до кога че ги трпиме. |
|
|
|
|
|
|
Од: Гаго |
Датум: 13.03.2009 07:10:08 |
|
Феноменално, само за кого. Дваесет години транзиција има во овој текст. Владимир и естрагон тоа сме сите ние, предводени од нашите политички лидери. Бранко, Љупчо, Никола дали читате. Ние сме Ваши жртви. Не мрднавме од место заради Вас. Дали воопшто имате грижа на совест. Прочитајта дватри пати колумнава можеби ќе ви стане јасно што сте направиле од Македонија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Дане |
Датум: 13.03.2009 07:56:51 |
|
Професоре, моите честитки. Се гордеам што имав можност, четири години, како Ваш студент, да учам од Вас. Но уште по мило ми е што и денес читајќи Ве во Утрински Весник можам и тоа повторно да го правам. Во толку мал простор толку многу суштински да се каже ретко кој тоа го може. Се надевам дека и понатаму ќе продолжите да пишувате на ваков начин: отворено, без страв, аргументирано и пред се за доброто на Македонија. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovica |
Датум: 13.03.2009 08:48:25 |
|
Drag profesore, ona so ~ekaweto vi e to~no, kako i ona so poltronstvoto. No, nie ~ekame zatoa {to né ne duvna revolucioneren vetar, pa od ednoumie, preminavme vo mnogu-ednoumija. Samo liderite se namno`ija, no vo partite nema vnatrepartiska demokratija. Logi~no e toga{ {to ne sme revolucionerni. No, i biznismenite preku vrski vo politikata stanaa mo}ni i bogati, pa i tie nemaat hrabrost, kako vistinska nacionalna bur`oazija, da gi istisnat politi~arite. Izgleda deka defektot e vo socijalizacijata, po~nuvaj}i vo semejstvoto, obrazovanieto, `ivotnite situacii. Nikoj od ni{to nema strav, zatoa {to, za se mo`e da se fati vrska. Defektot ne se isprava, kolku sakate vie moralizirajte. Dali ste dozvolile da vi se sprotivstavi nekoj student, i dali ste priznaete deka bil vo pravo? Za toa treba doblest. Probajte da se setite dali vi uspealo toa nekoga{. Duri i vie, pove}e gi sakate poltronite, bidej}i so niv nema glavobolki. Ne vi ja kritikuvam kolumnata, tuku iluziite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bezizlez |
Датум: 13.03.2009 10:02:29 |
|
Profesore! Vo kultniot tekst na S. beket, Godo nikogas ne dojde. Dali e takva sudbinata i na Makedonija , da vecno go cekake Godo , a nikogas ne go docekame? Kade e tuka izlezot od ovaj corsokak i ovaj dolg kosmar vo cekalnata vo koja nisto ne se docekuva?Makedonskasta inteligencija mora da da go bara i najde izlezot od ovaj " bezizlez", Vo sprotivnost ce bide istoriski osudena kako pasiven kolaboracionalist na ova propadjanje na Makedonija. Takstot vi e odlicen |
|
|
|
|
|
|
Од: Nana |
Датум: 13.03.2009 10:09:02 |
|
Cestitki. Koga bi imalo vakvi statii poveke,se poblisku bi bile do Godo. |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 13.03.2009 10:41:18 |
|
Професоре, време е да прочитате и раманот "Неименливото ", исто така од Семјуел Бекет, кој скоро го читав, а е во контекст со вашава колумна. Во контекст на осакатеноста, ограниченоста на видикот и илузијата на чекањето.Поздрав! |
|
|
|
|
|
|
Од: Павле |
Датум: 13.03.2009 15:22:32 |
|
Незнам дали ќе го објавите коментарот,ама БРАВО за авторот.Секоја чест за споредбата.
Навистина овие на заглавија во „лајна“. |
|
|
|
|
|
|
Од: poranesen "stutent" na SSEFP |
Датум: 13.03.2009 15:25:41 |
|
sekoja cest profesore,moram da priznaam,i togas koga bev vas student ,a i sega si potvrduvam pred samiot sebesi deka i toga i sega ja zboruvate surovata realnost od koja nema beganje,kolku pobrzo ja svatime tolku podobro za nas,samo togas ke mozeme da pocneme so Nov pocetok.momentalno mi doaga pred mene polniot amfiteatar br.4 i vasiot glas kako ni kazuvavte i za mitot za gilgames,i mitot za siziv i mahapharata........Od taa institucija ve zapomnav samo Vas.a ostanatiot Dzgan od profesori koi go vodat fakultetot, ne zasluzuva nitu da go spomnam a kamoli da go zapomnam |
|
|
|
|
|
|
Од: perica |
Датум: 13.03.2009 17:20:21 |
|
Ke dojde, ako ne ovaa Sreda, togas drugiot Petok. |
|
|
|
|
|