Број 2935  петок, 13 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

5 прашања 5 одговори

Компромисот за името не треба да има моноетнички предзнак

Претседателскиот кандидат на ДУИ Агрон Буџаку

Ако се оди на промена на името, би можело да се разговара и за промена на химната и за знамето, вели Агрон Буџаку, претседателски кандидат на ДУИ

Жаклина Хаџи-Зафирова

„Стоиме на зборот“ е паролата што ја употребувате во Вашата кампања како претседателски кандидат. Што ветивте, а што постигнавте како партија досега?

Паролата ја отсликува нашата конзистентна политика од формирањето на партијата, како и мојот ангажман како партиски и државен функционер. За време на првата коалиција со СДСМ во 2005 година добивме статус на земја-кандидат на ЕУ. Второ, направивме многу реформи во системот на одбраната за приближување кон НАТО-стандардите. Реализиравме многу одредби од Охридскиот рамковен договор, како, на пример, легализирање на Тетовскиот универзитет, државно финансирање на високото образование на албански јазик, потоа носење пакет-закони за децентрализација, пописот на населението, Законот за државјанство, Законот за употреба на етничките симболи… Најважниот елемент е концептот на интеграција на Албанците и други заедници во државата, во државните институции.

Постигнавме стабилност во меѓуетничките односи, но и како опозиција останавме верни на нашите определби без да го менуваме политичкиот курс. Сето тоа резултираше со наши победи ��ако партија на сите избори одржани досега. Ние сме единствена партија која секогаш победувала, не само тука, туку мислам и пошироко во регионот. Сета таа поддршка се должи на тоа што ние стоиме на зборот.



Најавувате брзо решавање на спорот со името. Како планирате да ја остварите оваа Ваша заложба како иден претседател?

Уште од 2002 година порачавме дека Албанците во Македонија, како и другите етникуми треба да бидат вклучени во решавање на спорот со името. За потсетување, тогаш бевме нападнати од македонските медиуми со коментар зошто Албанците да се мешаат во ова прашање. Не' нападнаа и албанските партии со образложение зошто Албанците да се грижат за името. Останавме доследни и се залагавме за поддршка на државната политика за двојната формула и зачувување на уставното име. Се залагам за колку што е можно побрзо изнаоѓање компромис со што, пред се', би се отстранила најголемата пречка за зачленување во НАТО и би се забрзал процесот на интеграција во ЕУ. Мој предлог е директно вклучување на ЕУ и САД за што побрзо изнаоѓање решение за името, по примерот на спорот меѓу Словенија и Хрватска. И во програмата за предвремените парламентарни избори, а и сега за овие избори, имаме став дека за нас најприфатливо би бил очекуваниот компромис за името да не го исклучува мултиетничкиот карактер, односно да нема моноетнички предзнак.



Дали овој став се однесува и на прашањето за знамето или химната?

Ако се оди веќе на промена на името, како на пример во случајот на Косово, каде што знамето и химната немаат моноетнички елементи, би можело да дојде предвид сите во Македонија да поразговараме и за ова прашање.



На митинзите нагласувате дека се залагате за патување во Европа без визи, но Вашите пораки беа спомнати претежно во контекст на зближување на Албанците од Македонија со нивните роднини од светот.

Со жалење забележувам дека нашите митинзи, посебно моите настапи, не се покриени медиумски. И во овој контекст не се објавени моите пораки од митингот во мултиетничките Долнени и Пласница, каде што зборував за сите етникуми и за краишта каде што има многу гурбетчии. Моите пораки се однесуваа за сите, дека сите народи на Балканот ќе бидат заедно во голема Европа. Пораката е јасна, сум рекол и ќе повторам дека за остварување на сите големи држави, некој пресметал дека ќе треба три пати поголема површина на Балканот. Сега ни останува или да ги пегламе планините или да бидеме сите заедно во голема Европа.



Која е Вашата визија за Македонија во услови кога целиот свет го тресе глобална криза?

Се знаат ингеренциите на претседателот. Како претседател можам да придонесам за подобрување на економската состојба преку чести билатерални средби и мултилатерални форуми со цел подигање на кредибилитетот на државата и подостоинствено претставување на државата, што би била голема порака до потенцијалните инвеститори. Јас сум оптимист дека за една или две тешки години на економска криза, глобализираниот свет под водство на новиот американски претседател Обама ќе најде решение од кризата. Само заеднички може да се преброди кризата за да не ни се повтори 1930 година, кога по светската економска криза ни се случи Втората светска војна.

 


Статијата е прочитана 789 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 13.03.2009 00:24:19
Vo vremeto na Antichka Makedonija Skopje bil glaven grad na trakijsko-ilirsko knezhestvo Dardanija, zatoa naj pravilno bi bilo nashata drzhava da se vika Dardanija i Makedonija. Na toj nachin i albancite i makedoncite kje bidat zadovolni. I volkot sit i ovcite na broj.
Од: Viki
Датум: 13.03.2009 00:27:13
многу ми се допаѓа тоа за моноетичноста :) ако може и во Грција сите групи посебно да се прашаат како треба..
Од: Trajko Kimov Negotino
Датум: 13.03.2009 02:22:06
Budjaku ako postane predsedatel na Republika Makedonia sigurno ke prodade uste nekoe drzavno zemjiste kako na ORKA za bagatelski pari. Ama pogolemi sansi ima daja prodade pola Makedonia na Albania.
Од: Паки
Датум: 13.03.2009 09:57:06
Јас му предлагам на Буџаку и на оној дарданецот државата да се вика ,,федерација Трт-Мрт,, - кому трт, кому мрт - Сепак принципиелно е прашањето - имаме ли мозок или не? Сонот за големи држави на Балканот не ги одминува ни Албанците, ни Македонците. Какви антички корени, кога со овој памет намаме никаква иднина? Размислете каде не води сето ова.
Од: igor
Датум: 13.03.2009 11:07:27
pa ne e monoetnicko. i albancite se makedonci po pasos...ako dobro se sekavam. ili ne se...
Од: srebre
Датум: 13.03.2009 13:08:04
samo vo mak moze nekoj da sedi vo vlada i da gi koristi site blagodeti a voedno da bara drugo ime na drzava,himna,znave pa vo ev za vakvo nesto se odi vo zatvor a ne vo vlada.koi tolku ne ja sakt mak ili da si odat ili razdelba.
Од: R.R.
Датум: 13.03.2009 16:32:44
Abe Albancite kako sto se trgnati ke baraat i da prestaneme da zboruvame makedoNSKI.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 13.03.2009 16:56:02
Najdobro ime bi bilo Dardanija (Makedonija), pa i grcite i albancite kje bidat zadovolni.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (11)
Цела Влада во кампања
Заев тврди дека осомничениот за возилото на Мојсеј бил човек на ВМРО-ДПМНЕ
Зденко
Европскиот парламент побара датум за преговори за Македонија
Изборот на судии и на обвинители одложен по изборите!
Бил Гејтс пак изби на врвот на најбогатите во светот
Зелена нелогичност
Музеј и за жртвите од кризата
Напаѓачот од Алабама убивал „по список“
„Индиго Бомбај“ е „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Брутото им ги скрати платите на дел од работниците
Иванов му се нафрли на Ружин за клетвите
Затвореникот бил повреден во тепачка?
Чекајќи го Годо
Експремиерот Георгиевски во одбрана на Тупурковски