Во Домот на армијата во Скопје вчера беше промовирана книгата „Македонците во Викторија“ од авторите Ицо Најдовски и неговиот син Роберт, издадена од Институтот за национална историја на Република Македонија.
Во Австралија книгата е издадена минатата година од страна на Министерството за мултикултура во државата Викторија. „Македонците во Викторија“ зборува за посебноста и идентитетот на македонскиот народ кој живее во австралиската земја со сите свои елементи да се биде Македонец. (МИА)