Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

На струшкиот кеј стопирана дивоградбата на Дилавер Бојку - Леку

Ископан дел од шеталиштето на кејот на Црн Дрим поради поправка на водоводна цевка

СТРУГА - На струшкиот кеј се запрени градежните работи на објектот, сопственост на Дилавер Бојку-Леку. Основниот суд во Струга, по барање на Државното правобранителство, со привремена мерка вчера ги стопира зафатите пред хотелот „Блу скај“, сопственост на семејството на Леку, кој пред неколку години беше нарекуван балкански крал на трговијата со луѓе.

Пред хотелот е ископан дел од шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим поради поправка на пукната водоводна цевка. Но, наместо шеталиштето да се врати во првобитната состојба, се започнати градежни работи. Низ Струшката чаршија се слуша дека поправката на пукнатата цевка е само параван, а вистинската намера е да се изгради објект под нивото на горното шеталиште. На тој начин хотелот на Бојку директно ќе биде поврзан со водите на Црн Дрим.

„Сопствениците на хотелот „Блу скај“ и неколку од соседните објекти побараа одобрение да ја поправат водоводната цевка, со обврска кејот да го вратат во првобитната состојба. Ние од локалната самоуправа им издадовме одобрение. Заедно со меѓуопштинското јавно претпријатие дефектот е отстранет. На граѓаните им ветувам дека нема да дозволиме тука да се изведуваат градежни работи. Доколку дојде до тоа, веднаш ќе интервенираат градежните инспектори зашто шеталиштето е јавна површина“, ветува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Според него, се' што е надвор од важечките урбанистички планови е дивоградба и ќе се постапува според законот, без разлика чиј е објектот.

Познавачи на актуелните прилики во Струга не веруваат дека ќе бидат запрени градежните активности пред хотелот на Бојку и дека дел од шеталиштето ќе се врати во првобитната состојба. Тие велат дека слично било и кога се градел хотелот. Притоа, биле носени неколку решенија за запирање на градбата и за уривање на дивоизградените делови. Но, објектот бил изграден и непречено работи.

Се дознава дека има донесено и пресуди за уривање на дивоизградените делови на постојниот хотел, дека се потврдени од Апелациониот суд во Битола, но дека не биле правосилни.

Сомневањата дека Дилавер Бојку-Леку може да прави се' во Струга ги поткрепуваат со тоа што при изградбата на хотелот „Блу скај“ не биле почитувани решенијата за запирање на градбата и било отстапено од градежната документација. Во овој случај јавноста очекува поефикасен однос на надлежните органи и ист третман за сите што го кршат законот. (С.И.)


Статијата е прочитана 488 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 18.10.2008 00:31:50
Toa e dodeka gi potkova strukturite... posle gradbata si prodolzuva... celta ne bira sredstva!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Шпанци ќе градат ветерници и фабрика во Штипско
Без склучен договор, ЕЛЕМ и' продава поскапа струја на ЕВН
Одбележано матурирањето на 198 Роми
Општините да издаваат лични карти, пасоши ...
Промовирана книга за нашите во Австралија