Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Со пари ќе се носат странски инвеститори

Во првите шест месеци влегле 110 милиони евра странски инвестиции

Соња Маџовска

Јасно е дека годинава ќе нема инвестиции. Македонија со странски директни инвестиции од 109,9 милиони евра, за првите шест месеци од годинава, и натаму останува на дното, во споредба со земјите од регионот.

Власта, притисната од неколкуте откажувања и неостварените најави за влез на странски инвестиции, дури реши и да го менува Законот за економски зони, со што државата ќе им дава парична помош на потенцијалните инвеститори за да дојдат во земјава.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, со предлог-законот е прецизирано што значи регионална државна помош, според обемот на инвестициите. Постои можност стимулацијата да биде половина од износот на инвестицијата. „За инвестиции во висина на оправдани трошоци до 50 милиони евра во денарска противвредност, во согласност со овој Закон, се обезбедува 100 проценти од максималниот интензитет на регионалната помош. На пример, доколку инвестицијата изнесува 40 милиони евра, максималната регионална помош е 20 милиона евра. За инвестиции од 50 до 100 милиони евра во денарска противвредност, се обезбедува 50 проценти од максималниот интензитет од регионалната помош, односно инвестиција од 80 милиони евра, на пример, максималниот износ во согласност со Законот е 40 милиони евра. За инвестициите што надминуваат 100 милиони евра во технолошките-индустриски развојни зони се обезбедува 34 проценти од максималниот интензитет на регионалната помош“, појасни Бесими.

Една од новините во Законот е што ќе постои стопроцентно ослободување за десет години за персоналниот данок на доход место досегашните 50 проценти за пет години. Со Законот, меѓу другото, се прецизира и кој може да основа и да биде корисник во технолошко-индустриска развојна зона, се допрецизираат процентите доколку има потреба од државна помош. „Станува збор за допрецизирање на постапката како се доделува државна помош. Може да се оди до максималниот износ, но тоа не значи дека во секој случај Владата ќе го додели тој максимален можен износ“, потенцираше и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Досега во Македонија се регистрирани четири економски зони, две во Скопје и по една во Штип и во Тетово. Сите се празни, иако имаше бомбастични најави дека таму ќе врие од фабрики. Единствено во скопската зона „Бунарџик“ работи компанијата „Џонсон контролс“, а од неодамна со пробно производство почна и фабриката за катализатори „Џонсон мети“. Во економските зони во Штип и во Тетово единствена активност е пасењето на домашните животни. Локалните власти велат дека интересот за инвестирање е многу мал, односно таму се' уште не е изградена ниту потребната инфраструктура за создавање услови за инвестирање. Од Дирекцијата за слободни економски зони, по долго одбегнување да одговорат, конечно признаа дека во помпезно најавуваните зони работат само две фабрики.

Инаку, според последните податоци од Народна банка на Македонија, во првите шест месеци од годинава во земјава биле регистрирани речиси 110 милиони евра странски инвестиции, што значи дека тие се преполовени во однос на минатогодишната бројка од 206 милиони евра, инвестиции во истиот период. Драматични се податоците за јуни, во тој месец влегле само симболични 9,5 милиони евра инвестиции, за разлика од лани кога во истиот месец имало рекорден влез од дури 61 милион евра СДИ.

Во мај контото беше најдобро, со инвестиции од 32 милиона евра, со оглед на тоа што најголем дел од нив, дури 80 отсто, му припаѓаат на „Џонсон мети“,

Сепак, годинава е карактеристична по тоа што главната инвестициска активност во однос на лани е тоа што многу малку од вкупната сума отпаѓа на директни инвестиции, а најголемиот дел се исплатени дивиденди, инвестирање во свои објекти, а покрај тоа зголемена е и бројката на издадени кредити, за разлика од лани кога повеќе се земале отколку што се давале кредити. Според НБМ, странските фирми кај нас вложуваат пари не како директна инвестиција, туку како кредит, бидејќи таа може да се повлече откако ќе оствари добивка, а кредитот може да се повлече во секое време.

Ваквата исход годинава е логичен и произлегува од последиците на економската криза, што ги стопираше инвестирањата секаде во светот. Но, македонските власти долго време негираа дека компаниите со кои потпишале меморандуми се откажале од инвестирање во земјава, туку дека има фирми што само ги замрзнале инвестициите.

Имено, бомбастично се најавуваше инвестицијата на француската фирма „Монтипе“, која објави дека го замрзнува својот влез во Македонија, а како изговор и' послужи кризата. Засега се' уште опстојува најавата за изградба на фабрика за производство на ЛЦД-монитори, заедничка инвестиција на јужнокорејската „Тривју“ и кинеската фирма „Хаер“, која никако да почне да се реализира. Се' уште нема ништо и од планираната инвестиција на словенечката фирма „Искра“. Сето ова илустрира дека, освен премногу реклами за инвестирање во Македонија, Интернет-влезови, многу потпишани меморандуми за соработка, со кои Владата може да се пофали, во земјава има се' помалку инвестиции, а слободните економски зони и натаму се празни. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 2658 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre
Датум: 07.09.2009 00:20:41
Ke se osmeli li stranec da investira vo zemja vo koja ima kazni od 22000 evra za neprijaven argat, (kako onoie slucaevi vo Prespa) a po ulicite na Skopje da gledas kako eden kup divi prodavaci prodavaat duri i akcizna stoka po centralnoto gradsko podracje ? Kako moze nekoj zapaden brend da otvori prodavnica vo Skopje i da se bori so konkurencijata od Shutka, kade sto ne samo sto se prodavaat falsivikuvani brendovi, tuku i prodavacite rabotat na crno a stokata e bez poteklo !?
Од: gorgi
Датум: 07.09.2009 00:26:54
Ministerot Vele Samak pod itno da se rekonstruira.Covekot ne rabori nisto, vednas da si zamine.Kako moze drugi Ministri (Janakievski) da si ponesuvaat moralni ostavki, Vele ova treba odamna da go napravi.
Од: Малиот Трпе
Датум: 07.09.2009 00:52:39
Овие од владата во поглед на странските инвестиции навистина се однесуваат како Малиот Трпе! Зачудува тоа што ништо, ама баш ништо не научија за трите години, колку што се на власт! Според нив странските инвестиции би требало да бидат панацеум за македонската економија?! Апсурд над апсурдите! Зарем не се сеќаваат дека Васил Тупурковски најавуваше препород на Македонија само со познатата легендарна „Милијарда“, позната како 2Милијардата на Циле“? А овие секоја година, во споредба со состојбите пред три години, трошат по повеќе од 1,2 милијарди евра за апсурдни цели, а се надеваат дека некој странец ќе им ги поправа глупостите!? Аман, доста со аналфабетизмот во економијата!
Од: Андреа
Датум: 07.09.2009 01:37:57
Делумно е добар текстот, ама "јадачките" на дел од анализата навистина се беспотребни. Го претвораат текстот во "бош муабет". Според тоа како јас ја гледам положбата на сегашна Македонија, мислам дека треба да си го памтите зборот и да го препрочитате за 2 години. Поздрав.
Од: BulgarMak
Датум: 07.09.2009 09:10:59
На пример, доколку инвестицијата изнесува 40 милиони евра, максималната регионална помош е 20 милиона евра. >>> Ova vo potvrda na napisuvanoto vo Biblijata deka bogatite kje stanat uste pobogati, a bednite kje zagubat i toa sto imaat
Од: Стојан
Датум: 07.09.2009 09:40:28
Кој ќе инвестира во земја за која не се знае дали воопшто ќе ги преживее идните неколку години? Тоа може да биде само од криминални структури што перат пари, краткорочни инвестиции привлечени од високи субвенции или луѓе спремни на висок ризик кои имаат сосвен други намери освен економските. Македонија е високо ризично подрачје за инвестиции (рејтингот по Фич е негативен) со лоша инфраструктура и корумпирана администрација.
Од: risto gusterov
Датум: 07.09.2009 10:28:26
Vo svetot se notirat samo direktnite stranski investicii. Podatocite na NBM se samo zalazuvanje deka eve i nie imame stranski investicii. Osven Johnson Controls Inc i Johnson Methey koj sto e rezultat na pozitivnite signali od Johnson Controls deka vo Makedonija treba da se investira,za sega ne gledam nisto drugo osven od vo mesto.
Од: jimmy
Датум: 07.09.2009 11:02:02
Niz koja vrata se vlezeni ovie investicii koga nisto ne e pokazano, ili uste poveke ni nabubrija dzepovite na Grujo i bargata. Koj e budala da investira vo drzava kako sto sme nie, banana drzava.
Од: јас
Датум: 07.09.2009 11:56:16
Море будала Влада ???Да му даваш пари на некого , да отвора погон кај тебе и максимално да му прогледуваш низ прсти за сите пропусти и неплаќање на др.давачки.А во исто време домашните фирми да ги чекаш „настрана да погледаат “ и да им „ стегнеш“ казни од илјадници евра!!! И на крај да се фалиш дека еве толку и толку милиони евра странски инвестиции!! ВМЛО и се' e можно!!!
Од: kaktus
Датум: 07.09.2009 12:51:33
Стварно, што се случи со потенцијалниот инвеститор од Тексас, кој изјави дека во Македонија е добро да се инвестира, затоа што има многу говеда? И тој се откажа........ Кај е Владата малку да го стимулира
Од: Трпе.
Датум: 07.09.2009 14:15:30
Доста беа инвеститорите што ѓи донесе Ташкович и си замина без никаков одговор.Доста се и инвестиците на Самак,кој под хитно треба да си замине.Ставревски и тој многу се потроши.Лугево се за жаленје.Со толку многу инвестици незнам што ке работи македонската држава.Па сега уште треба да се расфрлат натодните пари.Наместо инвестиците да доагат кај нас по се изгледа нашите инвестират во странство.Еве нешто се шушка дека сме инвестирале во Чешка.
Од: Branko
Датум: 08.09.2009 01:20:51
Stranskite investitori sami doadjaat ne treba da gi barame niz svetot. Problemot e vo zakonodavstvoto se dodeka ima slucai kako Swedmilk, EVN, Okta..... tesko nekoj da se osmeli da stavi trn vo zdrava noga a ako Gruevski i Compani mislat deka svetot ne gleda i ne slusa se lazat samite sebe. Sekoj sto saka da vlozi vo Makedonija prvo gleda kolku moze da zaraboti i dali i kolku ce bide oporezen ili ne. Zakonot mora da bide ist za site. i za cesni ikriminalci i stranskite investitori.
Од: Goce USA
Датум: 08.09.2009 05:17:38
AMAN Vladata neka ne nosi poveke investitori !!!! Moze sami ke dojdat :)

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Билјана Ангеловска
Едиторијал
Маја Томиќ
Мислења
Филип Петровски
Четворката од Чаир замина дома

Стил
Марков манастир - раззеленета средновековна приказна
Договорните услуги отпорни на ножици