Мозли: На Ферари треба да му се одземат бодови
Бившиот претседател на ФИА, Макс Мозли, изјави дека Советот на светскиот мотоспорт (ВМСЦ) треба да му одземе бодови на Ферари поради случувањата на трката за Големата награда на Германија.
ВМСЦ во септември ќе ги сослуша челниците на Ферари и ќе решава за евентуалната казна откако пресуди дека италијанскиот тим му нареди на Фелипе Маса за време на трката да забави за да го помине клупскиот кол��га Фернандо Алонсо.
Шпанецот на тој начин победи, а Ферари беше казнет со 100.000 долари.
„Мислам дека и на Алонсо и на Маса треба да им се одземат бодовите што ги освоија во Хокенхајм, како и на Ферари во поредокот на конструкторите. Не сакам да препорачувам казни, но тие треба да се казнат од спортски аспект, а не само парично“, рече Мозли. |