Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Рибери најплатен во Бундеслига

Фудбалерот на германскиот гигант Баерн, францускиот интернационалец Франк Рибери е најплатен играч во Бундеслигата со месечна заработувачка од 833.000 евра. Овој 27-годишен фудбалер има договор со Баварците до 2015 година и е подобро платен дури и од ветеранот на Шалке Раул, кој ќе добива по 600.000 евра месечно.

Интересно, на третото место на најплатените играчи се капитените на германската репрезентација Михаел Балак и Филип Лам со месечна плата до 583.000 евра. Обајцата се нешто подобро платени од Бастијан Швајнштајгер, Арјен Робен и Марк ван Бомел.

Што се однесува до тренерите пак, Луј ван Гал е убедливо прв со плата од 633.000 евра, а го следат Феликс Магат од Шалке со месечна заработувачка од 458.000 евра, колку што заработува и генералниот менаџер на клубот од Гелзенкирхен.

Според информациите на германскиот „Билд“, Баерн е на врвот на листата на тимови кои издвојуваат најмногу пари за платите на фудбалерите. Баварците во касата мораат да имаат 90 милиони евра годишно за да нивните фудбалери од „Алијац арена“ дома заминуваат задоволни.

На второто и третото место се Волфзбург (70 милиони) Шалке (60 милиони), додека најмалку пари за плати издвојува Кајзерслаутерн, „само“ 13,5 милиони евра.

Мурињо: Го сакав Коларов, но ниту Реал не може против Сити

Жозе Мурињо призна дека Манчестер Сити е најдоминантниот клуб на фудбалскиот пазар, затоа што ниту Реал не успеа да победи во борбата за потпис на Александар Коларов.

Српскиот репрезентативец минатиот месец потпиша за „граѓаните“, трансфер вреден 16 милиони фунти, иако долго време беше цел на новиот тренер на Реал.

„Ако некој се обиде да тргне против нив, мора да знае дека ќе биде исклучително тешко. Фудбалерот кој е нивни пик, брзо станува нивен играч“, изјави Мурињо и додаде дека Манчестер сити би можел да стигне и до титулата во Премиер.

„Кога дојдов во Реал сакав да го купиме Коларов, но не можев против нив. Тие заминаа некаде каде што не можев да ги следам. Имаат пари, а ако имаат амбиции да стигнат до титулата, го можат и тоа. Верувам дека Сити, Челзи и Јунајтед се подготвени за борбата за трофејот. Што се однесува до Ливерпул пак, тешко ќе му биде на Рој Хоџсон, тие од година в година се се' полоши и полоши. Затоа ќе им треба време“, изјави Мурињо, кој очигледно не верува во големата четворка и шансите на Ливерпул и на Арсенал.

Јунајтед Ќе плати 60.000 фунти за гревот на Фергусон

Според лондонскиот таблоид „Сан“, англискиот вицешампион Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати казната во име на својот менаџер Алекс Фергусон поради бојкот на британската телевизиска мрежа Би-Би-Си.

Шкотскиот тренер прекина да дава изјави за Би-Би-Си уште од 2004 година, а се' поради прикажаниот документарен филм Панорама во кој во негативен контекст беше спомнато деловното работење на неговиот син Џејсон, кој во тоа време беше фудбалски агент. Од тогаш Фергусон по натпреварите на прес-конференциите ги праќа своите помошници.

Но, правилата врзани за односите на медиумите и Премиер лигата од оваа сезона се построги, па така Фергусон за секој натпревар по кој ќе нема изјава, ќе плаќа казна. Почнувајќи од 1000 фунти, таа казна до крајот на сезоната може да скокне и до 60.000 фунти. Меѓутоа, Фергусон таа казна, најверојатно, нема да ја плати од сопствениот џеб, со оглед дека управата на клубот го поддржува во битката со Би-Би-Си.

„Мислам дека Алекес повеќе нема да разговара со нас. Тој е принципиелен човек и човек од збор“, изјави стручниот кокоментатор на Би-Би-Си, Алан Ширер.

Манчестер сити го растури Ливерпул

„Граѓаните“ на свој стадион славеа со 3:0 во дербито на последниот меч од 2. коло во Премиер

Фудбалерите на Манчестер лесно и убедливо славеа во дербито на 2. коло на Премиер против Ливерпул со 3:0. „Граѓаните“ не брилираа, но на стартот на полувремињата постигнуваа гол преку Бери и Тевез, што им овозможи лесна и растоварена игра во текот на натпреварот.

Инспиратор на победата на домашните фудбалери беше сјајното 23-годишно крило Адам Џонсон, кој одигра клучно додавање при првиот гол и изнуди пенал при третиот. Домашните во водство дојдоа преку Герет Бери во 13. минута по одличната акција на Џонсон и дебитантот Џејмс Милнар. На 2:0 зголеми Тевез во 52 минута по корнерот и ударот на Ричардс, а Аргентинецот својот втор гол на натпреварот и во сезоната го постигна во 67 минута од пенал.

И Ливерпул имаше свои шанси. Фернандо Торес со неколку фантастични потези потсети на своите најдобри денови, но талентираниот голман на Сити Џое Харт својата работа ја заврши совршено.

Горкуф од Бордо во Лион

Францускиот репрезентативец Јоан Горкуф во продолжение на сезоната ќе го носи дресот на Лион, со кој потпиша долгогодишен договор. Информацијата ја потврдија и од Бордо.

„Лион и Бордо ги договорија условите за трансферот на Горкуф, а тој ќе биде во сила веднаш по завршувањето на стандардната процедура“, соопшти на интернет страната првакот од 2009 година.

Долгогодишниот договор со Лион, Горкуф ќе го потпише по лекарските прегледи. Исто така е познато дека Лион на Бордо за наследникот на Зинедин Зидан, како што подолго време го нарекуваат 24-годишниот креатор на играта, ќе му исплати 22 милиони евра отштета, што за францускиот фудбал е рекорден износ.


#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Британија потопена во Скопје
Вардар службено го загуби мечот со Хоризонт
Вознијацки за четири часа славеше двапати
Признание за Соботковски
Мозли