Вознијацки за четири часа славеше двапати
Втората тенисерка во светот, Данката Каролина Вознијацки, го освои Роџерс купот во Монтреал со победата над руската тенисерка Вера Звонарева. Вознијацки славеше во два сета со 6:3 и 6:2, по еден час и 14 минути игра.
Титулата во Монтреал е трета во оваа сезона за Вознијацки, а втора на тврда подлога, со што потврди дека е една од главните фаворитки на претстојниот УС-опен, кој почнува на 30 септември.
Финалниот меч во канадскиот град требаше да се одигра во недела, но поради дожд целиот распоред беше префрлен за понеделник. Токму поради тоа финалистките одиграа по два меча. Прво ги одработија полуфиналињата, а потоа играа за трофејот, што ќе влезе како занимливост во историјата на овој турнир. Каролина Вознијацки во полуфиналето ја совлада Светлана Кузњецова со 6:2 и 6:3, додека Звонарева против Белорусинката Викторија Азаренка првиот сет го освои во тај-брејк со7:6, а во вториот поведе со 1:0, но во тој момент Азаренка поради проблеми со стапалото го предаде мечот.
КлаЈстерс подготвена за одбрана на ЊуЈорк
Белгијката Ким Клајстерс изјави дека е подготвена за одбрана на титулата на последниот годинашен Гренд-слем турнир, УС-опен. Белгијката за време на четврт-финалниот меч против Русинката Вера Звонарева на турнирот во Монтреал го повреди левиот колк, но со дополнителниот лекарски преглед е утврдено дека нема да има проблеми во Њујорк.
„Нема дилеми, ќе бидам подготвена за УС-опен“, порача четвртата тенисерка на ВТА-листата.
Рафаел Надал прв носител на УС-опен
Рафаел Надал е поставен за прв носител на УС-опен, последен Гренд-слем турнир во годината, кој почнува в понеделник.
Шпанецот од првата стартна позиција ќе тргне во лов на единствениот голем тениски наслов кој му недостасува во неговите богати витрини. Втор носител е Роже Федерер, а потоа следуваат Новак Ѓоковиќ и Енди Мари.
Во женска конкуренција носителките се' уште не се одредени поради доцнењето на Роџерс купот во Монтреал. Се очекува прва носителка да биде Данката Каролина Вознијацки, кој победи во Канада. Инаку првиот светски женски тениски рекет во светот, Американката Серена Вилијамс се' уште е на рехабилитација по рутинската операција на десното стопало и нема да настапи во Њујорк.
Ждрепката за поединечниот турнир ќе се одржи утре.
|