Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
3460

Фељтон

Kолку УДБ-а беше нашата судба (4)

Зошто ОЗН-а ја уби Чесноска

Прилепската партизанка ја ликвидираа Злате Билјановски и Мито Мицајков кај месноста Буковиќ, на патот Гостивар – Кичево

Виктор Цветаноски

Во јули 1945 година ОЗН-а ја ликвидира прилепчанката Панде Чесноска, која работеше во истата служба и имаше чин поручник. Директни егзекутори беа Злате Билјановски и Мито Мицајков. Целата вистина за злосторот се дозна летото 1990 година кога возачот Љупчо Покрајчев – Чкало, реши јавно да каже дека неа ја убиле двајцата високи раководители на ОЗН-а кај месноста Буковиќ на патот Гостивар – Кичево.

Билјановски и Мицајков на 12 јули тргнале на службен пат од Скопје за Кичево. Со нив ја повеле и Чесноска, иако таа никогаш дотогаш не одела на терен. Откако го поминале преминот Стража и почнале да се спуштаат на надолнината кон Зајас им се дупнала гума. Покрајчев слегол од џипот и забележал расфрлени клинци на патот со кои ги потковуваат коњите. Тогаш Мицајков му рекол дека тие ќе прошетаат надолу додека тој ја залепи гумата.

„Јас немав што да правам. Ми беше сомнително зошто ме оставија сам, а ми беше страв да не ме фатат балистите. Тргнав кон завојот и гледам Мицајков и Билјановски, еден од една друг од другата страна, Панде ја зеле во средина и ја носат кавалерски. Потоа Билјановски се трга десно. Мицајков остана поназад, го извади пиштолот и од зад грб пукна во неа. Панде паѓаше, но ја прифати Злате и ја однесе на крајот, на работ од патот. Тука ја легна. Слушнав повеќе пукотници. Страшно се уплашив од глетката. Сакав да ги убијам, но помислив на децата и жената. Во ОЗН-а ќе знаеја дека јас сум ги ликвидирал, а не балистите. Решив да не интервенирам, се правев како ништо да не видов. Ете ова ми тежеше на душата. Цели 45 години сакав да ја кажам вистината за Панде Чесноска“, ќе му се исповеда Покрајчев на новинарот Драги Башевски, чие искажување го објави весникот „Нова Македонија“ во август 1990 година.

ОЗН-а тогаш ќе соопшти официјално дека Панде Чесноска патувала со двајца офицери на ОЗН-а, службено од Скопје за Кичево. Попладнето, околу 15 часот се случил дефект на возилото. Додека возачот го поправал, Чесноска и двајцата сопатници малку се оддалечиле од него, но неочекувано наишле на балистичка заседа. Таа била на бришан простор и ја погодил еден од првите куршуми. Наместо останала мртва. Погребана е наредниот ден во Прилеп.

Наредното утро по ликвидацијата на Чесноска непознато момче донело телеграма со која се известувало семејството дека нивната Панде загинала кај Зајас, а подоцна бил донесен и ковчегот со неа.

„Веста не покоси, јас бев бремена, тешко ја поднесов смртта на Панде, така беше со сите дома, не можевме да ја преболеме. Ни ја донесоа со кола од Скопје, во присуство на Пецо Ивановски – Тиквар. Беше ставена во сандак -ковчег затворен, не ни дозволија да го отвориме за последен пат да ја видиме. Меѓутоа, нашата желба беше поголема од наредбата, вечерта во 1 часот по полноќ го отворивме ковчегот. Внатре беше Панде, убаво облечена, исчешлана, мислиш дека спие. Кај неа најдовме 50.000 лева, рачен часовник што го добила од Америка од двете тетки како поздрав за победата, прстен дијамант, спомен од свекрва ми и едно пенкало во џебот, а чевлите што ги носеше беа нови, неносени“, ќе му изјави нејзината снаа Панда Илиеска – Чесноска на новинарот Башески.

Чесноска ја испратиле со сите почести, со говори. Перо Ивановски – Тиквар не можел да зборува потресен од случајот, паднал во несвест. Цел Прилеп дошол да ја испрати, единствено не дошле нејзините убијци, Злате Билјановски и Мито Мицајков. Роднините уште тогаш насетувале дека таа е ликвидирана, но не смееле да зборуваат. „Верував дека не е убиена од балистите, само тоа можам да го кажам. Мислев дека беше ликвидирана од причини што на погребот не дојдоа тие што беа со неа да кажат како Панде загина“, додава нејзината снаа.

Во тоа дека ја ликвидирала ОЗН-а се увериле кога очевидец на убиството им раскажал за трагичниот крај на Панде.

„Еден другар на татко ми Ѓорѓи Илиески, се вика Миха Зику, бил овчар во Зајас, уште тогаш му има кажувано: ’Ѓорѓи ми лежи на душава и сакам да ти кажам што сум видел за девојката што ја убија овде. Таа и' била золва на ќерка ти. Тој ден покрај мене помина џип, а во него беа четири луѓе. Шоферот, една женска и двајца мажи кои седеа назад. Кога минаа се прашав:Бре мајката и жените добија власт!? Дури го реков тоа слушнав истрел. Немаше борба со балистите. Веднаш потоа се врати џипот со тројца луѓе, ја немаше жената. Си реков: Што е мајката, да не ја отепаа? Тргнав да одам и да видам, но на 50 метри се премислив. Џипот се врати со еден камион војници. Јас стоев потпрен со крликот и никој не ме забележа. Ја кренаа жената и си заминаа. Таа била меѓу два камења, како што ја фрлиле, тоа го видов после, откако сите си отидоа...“

За убиств��то истиот ден дознал и прилепчанецот Крсте Митрески – Господ. Возачот Покрајчев на сите кои ќе го прашале им велел дека е убиена од балистите, единствено на Господ му ја кажал вистината. Дента кога ја ликвидирале Митрески командувал со единицата што го чистела теренот од балистите во Кичевско и стасал веднаш на самото место. „Кога ме виде Чкало со рака ми покажа кон Злате и Мицајков, ми даде на знаење дека е ликвидирана од нив, не од балистите... Тој ден не наидовме на балисти. Ако имаше, ќе ги најдевме зашто вршевме фронтален претрес и имавме поставено заседи и ситуацијата ја имавме по контрола“, објаснува Митрески.

Причините зошто е ликвидирана Чесноска никој не ги кажа јавно, ниту пак Злате Билјановски и Мито Мицајков ги демантираа тврдењата на Чкало за злосторот што го извршиле. Во времето кога за тоа пишуваше „Нова Македонија“ тие се' уште беа живи. Чкало вели дека многу подоцна по нејзиното убиство слушнал од поединци дека ја ликвидирале поради тоа што наводно била англиски шпион. Тој во тоа не верувал. Според него, таа била вистински комунист, многу добро ја познавал и често ја возел со колата.

„Панде Чесноска беше многу убава жена, внесе љубомора кај сите што работеа во ОЗН-а. Кога ќе излезеше од работа да си оди дома, така беше убаво облечена и стегната во униформата народот подзастануваше да ја гледа. Беше прекрасна и го свртуваше вниманието на луѓето“, раскажува тој.

И убиството на Панде Чесноска, како и ликвидацијата на Лена Стојческа најверојатно го наредил Цветко Узуноски – Абас, кој во тоа време бил првиот човек на ОЗН-а. На ваквата констатација упатуваат неколку факти. Прво, Чкало тврди дека Билјановски и Мицајков пред да тргнат за Кичево излегле од канцеларијата на Абас. Второ, сценариото за наводната ликвидација на Чесноска дека налетале на балистичка заседа наликува на она што тој му го предлагал да го каже Ванчо Бурзевски откако тајно ќе ја ликвидира Стојческа, дека налетале на заседа на Германците. И, трето, во документите што Колишевски ги сочувал за Абас и кои беа под ембарго десет години, се наоѓаат исечоци од „Нова Македонија“ во кои се објавени сведочењата за ликвидацијата на Чесноска, што значи дека и Колишевски сметал дека неговиот баџанак дал налог да се убие.

Која е Панде Чесноска? Д-р Павле Митрески пишува дека таа била член на СКОЈ и КПЈ од пред војната. „И покрај тоа што Чесноска била ќерка на богато и видно семејство од Прилеп, таа уште од раната младост се определила за револуционерното дело, за борбата на македонскиот народ, за ослободување и за создавање сопствена национална држава. Пред војната се дружела со прогресивните младинци од Прилеп, а најмногу соработувала со народниот херој Кире Гаврилоски – Јане. Нивното зближување постепено ќе прерасне во вистинска љубов“, пишува д-р Митрески.

Есента 1943 година Чесноска била испратена во редовите на партизанските единици кои тогаш се наоѓале на ослободената територија на Дебарца. Во Бирото на Вториот обласен комитет останала се' до 5 декември 1943 година кога партизанските единици се повлекле за Егејска Македонија. Вториот обласен комитет заминал за Битола, а Чесноска била испратена за Охрид. Нејзе, најверојатно, и била дадена задача да ја пренесе архивата. Таа во Охрид се сместила во куќата на Никола Михајлов Камнаровски, кого го познавала од порано. Тој пред војната работел како келнер во кафеаната на нејзиниот стрико во Прилеп. Меѓутоа, ќе биде предадена и уапсена и подоцна однесена во битолскиот затвор. Заедно со други партизани ќе побегне од затворот и повторно ќе се вклучи во движењето.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 3168 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 14.12.2010 12:22:56
Ovie tragichni sudbini, iako pripagaat na eden mal del razotkrieni sluchaevi, pokazhuvaat deka Jugoslavija ne beshe nishto podobra od ostanalite komunistichki diktaturi. Zatoa zlostornichkiot rezhim na Tito da go tolkuvame kako nuzhno zlo gi potvrduva samo tvrdenjata na zapadnite intelektualci, deka nie pravoslavnite sme skloni kon diktaturi. Tito da go velicheme kako pohuman od Stalin ili drugite komunistichki diktatori e bez nikakov respekt prema mnogubrojnite zhrtvi. Negoviot rezhim beshe na pochetokot duri i porigorozen i od Stalinoviot, Tito gi popushti stegite duri otkako stana ekonomski zavisen od Zapad.
Од: jovan
Датум: 14.12.2010 13:27:53
Koj znae sto se slucilo, no tuku taka OZNA da likvidira vo prisustvo na svedoci(vozacot) e amlku naivno.
Од: Goran Janeski Tetovo
Датум: 14.12.2010 14:46:57
Neznam zosto nekoi luge uporno go mesaat Tito i Jugoslavija vo seto ova.Siguren sum deka tito ne dojde vo Prilep da gi pravi ovie nedela.Toa bea akti na lokalnite politicari-makedonci.Dali bush maliot e diktator?Za negovo vreme se slicuvaa izmacuvanjata i izivuvanjeto vo irackiot zatvor.Ako tite bese diktator,togas sto bese sekoj eden britanski vladetel?Tie britancite ja pustosea i pljackaa Indija,tie istite britanci se uste toa go rabotat niz Afrika.Tie istite britanci imaat istrebeno celi narodi.Ne probuvam da gi razvodenuvam zlostorstvata na titenceto,sekoj eden zlocin treba da se osudi,no koga ke citam kako "zapadot e zgrozen od zlocinite na komunizmot", a od druga strana nitu zbor na zlocinite na Cercil,M'c Milian i cenetata im kralska familija, e togas mi se gadi.
Од: xxL from Prilep
Датум: 14.12.2010 14:50:12
ja ubile po naredba od generalot vo OZNA,poradi ljubomora!
Од: Skopjanec
Датум: 14.12.2010 15:31:37
So kakvi argumenti objavuvate ovakvi ''svedocenja posle 45 godini,a 20 nov poredok posle komunistickiot.Toj ''svedok-soucesnik''ceka li da umrat lugeto pa da pisuva ''solo-svedostva''
Од: ИСТО Е И ДЕНЕС
Датум: 14.12.2010 15:51:22
СРБИЈА ГРЦИЈА и БУГАРИЈА се творби на злосторот на Балканот. Сите проблеми се од овие три вештачки творби зголемени врз туѓи територии и народи особено врз македонскиот народ. А само пред сто год имало повеке Македонци и од Грци и од Срби. Само денес во Грци и Бугари се претопени околу четири милиони Македонци. И денес предавниците тоа го негираат и слушаат гркосрбобугаро пропаганда и ги убиваат дејците македонски на било каков начин.
Од: СРБ
Датум: 14.12.2010 16:40:53
Некои злоупотреби и убиства (кои немаат оправдување) се ништо во однос на државата која ја направија 1944 година и во однос на она што денес е направено со криминалот, општата пљачка. Комунистите национализирале, конфискувале? А сега? Овие демократи пеплосаа и опљачкаа се. Тие се дабетер.
Од: Mile
Датум: 14.12.2010 23:58:26
E Gorane od Tetovo, nemoj ti se molam tolku mnogu odednas da pisuvas fakti zosto "Kultiviraniot Balkanec" i slicnite na nego ne mozat da go razberat napisanoto.Takvite ne mozat da go "sklopat" mozaikot.Kultiviraniot Balkanec "trubi li trubi" za diktaturi, necovecki sistemi, a olicetvorenie na "demokratijata" ja sogleduva vo Zapadot, veruvam so fam.Kenedi, John Lenon,M.L.King, denovive so Djulijan...... Tuku za Kultiviraniot i istomislenicite daleku e da citaat Wikiliks, toa e za niv "naucna fantastika" koja veruvam ne ja razbiraat, "cipovite" vo mozokot im se "zacementirani", ta ne gi prepoznavaat ovakvite informacii. Za vakvite veruvam deka Tito im e kriv sto ne bevme pokaneti vo Sofija denovive, da Tito e vinovnikot za Bukurest 1913 i poskoriov......... da da, toa ke e, nema koj drug!
Од: kire petreski,prilep
Датум: 15.12.2010 00:35:30
Панде Чесноска била ПРОБУГАРСКИ ОРИЕНТИРАНА,како и многу други ЧЛЕНОВИ ОД НЕЈЗИНАТА ФАМИЛИЈА и тоа е вистинската причина зошто е убиена.Проверете и ќе видите дека е така.
Од: OD NEKOJ
Датум: 15.12.2010 03:47:17
Ne me cude nisto, decata na istite udbasi i codosi se i sega na vlast.
Од: Bogomil
Датум: 15.12.2010 04:24:02
Soborcite ja ,,ubile,, mladata partizanka CCesnoska, ,,nivni zzrtvi,,i se Kuzman Josifovski -Pitu, Strasso Pindzzur, Kocco Racin... Svojstveno stana da se tvrdi deka sme dzzelati sami na sebe, pa proizleguva deka bugarskite, germanskite fassisticcki ordi i balistite bile samo nekoi fini lugje i dekor vo koj makedonskata revolucija si gi izela svoite deca. Svedosstvoto na ssoferot i ovccarot se potpira na mnogu tenki argumenti za da se ocrnuvaat taka zzestoko dve drugi lica, koi zad sebe imaat bogata revolucionerna dejnost. So sliccni paussalnosti i denes se sspekulira za tragedijata so avionot vo koj zagina pretsedatelot Trajkovski, pa i za smrtta na ministerot za vnatre[ni raboti Jordan Mijalkov.
Од: Od Zapad
Датум: 15.12.2010 04:47:34
I sega kako jas da veruvam vo istorijata sto ja ucev???? Procitavte sto se slucuvalo, neli? Kolku li takvi istoriski lagi denes ne gi znaeme...
Од: L. Kolisevski e moralno cist
Датум: 15.12.2010 08:32:19
Od ona sto dosega mozev da go soznaam nemam sretnato nieden podatok deka L. Kolisevski direktno ili indirektno nekogo likvidiral. Na osnova na nekoi soznanija mislam deka toj bil visoko moralen covek. Znam deka nekoj ke rece deka bil ,,kraguevacki djak,, no toa e druga rabota. Kako i na sekoj politicar moze da mu se zabelezuva za politicki greski sto gi pravel, no, za mene moralot e povazen i povreden.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Маја Томиќ
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Љупчо Поповски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Иван Кастев

Кабир Беди
Сандокан прогласен за италијански витез

Тереза Кесовија
Прекршена заклетва - концерт во Србија по 20 години

 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary