Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Поглед

Лекар без граници

Љупчо Поповски

Бујар Османи, министерот што треба да се грижи за здравјето на нацијата, во напад на лутина го раскина договорот со фирмата „Хацат“, која го снабдува Клиничкиот центар со храна. Министерот удри со рака по масата, извикувајќи: „Вака не може! Не смее никој да го прекине снабдувањето со храна на болните пациенти“.

Во оваа Македонија, држава со изместени или никакви вредности, министерот за здравство дури и ќе најави кривична пријава против фирмата „Хацат“ оти еден ден не ја испорачала храната за болните. Но, кој да му поднесе кривична пријава на министерот Османи затоа што не и' плаќа на „Хацат“ за храната што таа ја испорачува. Како не му е срам на Османи да најавува кривична пријава за фирмата на која и' должи еден милион евра.

Што сакаат овие наши министри. Сите во државава да работиме ударнички и бесплатно за тие да се прикажуваат како успешни министри. Можеби Бујар Османи посакал да помине низ шпалир на болните пациенти, лекари и сестри кога тие од скопските ресторани добиваа храна, која „Хацат“ не ја испорача бидејќи договорот му беше експресно раскинат и да слушне милозвучни аплаузи.

Тоа е филозофијата – обвини ги другите за она што си неспособен да го направиш. Умираа новороденчиња повеќе од каде било во регионот – тоа не било проблем; паѓаа покриви и убиваа луѓе – и тоа не било проблем, покривот го реновирала претходната власт; болните немале храна – и тоа не бил проблем на министерот, виновна е фирмата што е на издишување затоа што државата не и' плаќа.

Османи секој ден се појавува на телевизија и веројатно мисли дека колку повеќе си присутен во јавноста, толку можеш да ја освоиш. Но, тој медал има и друга страна – значи, има многу проблеми во ресорот што го водиш, а не знаеш како да ги решиш.


#
Статијата е прочитана 1488 пати.

Испрати коментар

Од: Учо-Гостивар
Датум: 18.12.2010 13:23:11
Штета толку млад човек а не научи ништо добро како се раководи ресорот.Што научи?Вработување на кадар со партиски книшки на ДУИ и ДПМНЕ,Трошење на пари за плати на непродуктивен кадар.Во Гостивар се жалат дека одделенијата се преполни со мед.сестри кои буквално нема кај да се преоблечат а не да работат.Штета вака млади кадри без никакво искуство да се фрлаат во оган.Ама едно е важно ДА СЕ ПОСЛУШНИ.
Од: valdez
Датум: 18.12.2010 15:41:05
Izgleda za tolku zasluzivme pa zatoa i vaka ni pravat. Neka odi vo Irska neka mu napravi vaka, da vidime kako ke reagira narodot
Од: gore
Датум: 18.12.2010 16:38:50
Toj covek zaedno so sovetnicite treba hitno da se smeni inaku rabotite dobivaat tragi-komicen karakter. Se raboti za zdravstvo, a ne za pogrebno pretprijatie. Za zal pacientite umiraat porati izvetveniot zdr. sistem i zaradi neukosta na tie sto bi treblo da se grizat za niv. Katastrofalno e od site strani i nikoj nisto en prevzema.
Од: spire
Датум: 18.12.2010 20:58:50
Ministercevo ni e kako MANEKENCE?????? Kade se culo i videlominister za Zdravstvo sekoja, ama bikvalno sekoja vecer na televizija????? Zamislite samo Minister za Zdravstvo na Kina sekoja vecer da e na televizija?????
Од: Diletant
Датум: 18.12.2010 22:15:59
Ministerot Bujar Osmani e lekr bez nikakvo prakticno iskustvo i rabota so pacienti, pa zatoa site negovi " reformi" se temelat na nekakvi si nebulozni soveti od negovite pomosnici i nekakvi si iskustva od drugite zemji. Posle tolku promasuvanja i skandali redno e da si zamine ili da bide smenet. No istiot ima dobra osobin , Mnogu e poslusen i sklon kon izvrsuvanje na sekakvi direktivi, iako istite mu pravat zlo na zdravstveniot sistem.
Од: Hari
Датум: 18.12.2010 23:29:55
Verojatno Makedonija e edinstvena zemja vo svet kade nema drzavna kardiohirurgija i kade Minister za zdravstvo e dete , mladic koj e vtora godina specijalizacija po hirurgija, no zatoa e clen na DUI i saka da se slika pred kamera.
Од: Čičo do Vrhovni
Датум: 19.12.2010 16:57:57
Македонија држава со изместени или никакви вредности. Sega se prašuvam ima li takvi što ke gi sredat tie izvitopereni vrednostite i od nikakvi ke sozdadat nekakvi. Ima ltakvi što se vredni da se spomnat, pa da rečeme imalo Gospod eve ni nadež. Veke nekolku pati dosega vo ovaa i seušte Makedonija, sekogaš so doverba , ovacii i vooduševuvanje gi prečekuvavme lideritei, im gi čistevme kilimite poslani pred golemata porta i veruvavme deka tie se vistinskite. No najčesto na krajot ni ostanuvaše našata čista duša, zagubenite iluzii i skameneta nasmevka. I povtorno se prašuvam može li da dojde nekoj što ke bide poinakov, so vrednosti čovečki, moralni, politički...od majka roden.Iskreno se somnevam zatoa što kandidatite što čekaat pred portata veke istata ja imaat pominato. Ako se tie kadri da sozdadat novi vistinski vrednosti i da gi gi razubavat postoečkite, togaš ništo drugo ne mi preostanuva da rečam osven "déjá vu". Vrhovni, ako gledaš nešto drugo, kaži mi kade da se svrtam.
Од: sime
Датум: 19.12.2010 18:40:44
Za vakvi gafovi vo zdravstvo na zapad si podnesuvat ostavki,no ova ne zapad,tuku balkan.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Колку УДБ-а беше нашата судба (8)
Од инвестициите остана само сон
Од хевиметалец до шеќерното дете
Сандокан прогласен за италијански витез
Божидар Димитров бил агент со име „Кардам“
ВМРО-ДПМНЕ рине лански снег!
Од атлетската патека во став мирно
Парламентарците си играат со бројки
„Ало, кој е на телефон“? „Јас, ти и Орвел!“
Прекршена заклетва - концерт во Србија по 20 години
Експлозија од вируси во амбулантите
Големи и мали, сите се ѕвезди на „Златно славејче“
Џулиен Асанж - модерен Робин Худ
Корисниците стравуваат од нелегалниот софтвер
Новата нормала на Балканот
Музика на светот за домашна употреба
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run