Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

„Калевала“

Музика на светот за домашна употреба

Репертоарот на бендот „Калевала“ е од она што се нарекува „ворлд мјузик“. Сепак, иако се тоа песни од различни култури, карактеристично за нив е што се создавани во градски, урбани средини во 19 или 20 век. Во тој контекст влегуваат и македонските староградски песни

Јасминка Павловска

Името на бендот „Калевала“ звучи егзотично, далечно, но вирее токму во Македонија, а го сочинуваат Јасна, Владо и Зоран, кои со своето музицирање во скопските локали (секоја сабота навечер во „Тренд“, а често во „Магор“ и „Менада“) придонесуваат Скопје да живее во амбиентот на светските метрополи. „Калевала“, всушност, е стар фински еп што припаѓа на светското наследство од митолошка литература. Она што ги поврзува скопскиот бенд и финскиот еп би можело да се побара токму во зачувувањето на светското наследство, во истражувањето на заедничките емотивно-музички нишки во различни култури.

„Името на бендот, всушност, ни го даде еден пријател што беше запознат со нашиот музички концепт“, почнува муабетот со Јасна и Владо. „Нашиот репертоар е од она што последниве децении се нарекува ’ворлд мјузик‘. Изведуваме фадо, португалска традиционална музика, всушност, градска лисабонска музика. Изведуваме и француски шансони, руски песни, а имаме и некои фински за да го оправдаме името ’Калевала‘. Сепак, иако се тоа песни од различни култури, карактеристично за нив е што се создавани во градски, урбани средини, во 19 или 20 век. Во тој контекст влегуваат и македонските староградски песни од кои неколку, исто така, имаме во нашиот репертоар“, објаснуваат Јасна и Владо, додека го оправдуваат отсуството на Зоран, поради други обврски.

Јасна и Владо Овчаровски, инаку млад брачен пар што има деветмесечно бебе, всушност, се носители на идејата за музицирање според ваков концепт, уште многу време пред да станат бенд. Некаде во 2008 година, нивниот интерес за „оживување“ на старите градски песни од светот, добива некаква бендовска физиономија кога почнуваат со настапи во „Магор“. Денес тие двајцата се стандардните членови на бендот: Јасна - вокал, Владо - гитара, но членството на „Калевала“ е варијабилно со тројца или четворица музичари.

„Иако сега сме во тричлена формација со Зоран Павлоски на контрабас, до пред извесно време работевме и со Горан Спасевски на ритам-гитара. Претходно имавме и кларинетист од Франција, Николас Ком, кој се врати во родната земја. Песните се, секако, стари, често изведувани и популарни во земјата од каде што потекнуваат, но ние ги изведуваме со наши аранжмани. Веќе имаме подготвено едно ЦД, во наша домашна продукција, кое повеќе е промотивно, но сега подготвуваме нешто продукциски посериозно“, раскажуваат Јасна и Владо.

Во средина како што е Македонија, каде што музичкиот вкус најчесто е поставен меѓу турбофолкот и комерцијалната поп-музика, тие се пријатно изненадени од добрата прифатеност на нивниот музички концепт и репертоар.

„Работите со уметноста се толку изненадувачки што често знаат да ги изненадат и оние што се занимаваат со неа“, вели Јасна. За среќа, такво позитивно изненадување ни се случи и нам, што говори дека Скопје сака да живее со светскиот дух или, пак, дека музичкиот вкус се гради според понудата. Последниов период секоја сабота свириме во клубот ’Тренд‘ и добиваме сигнали дека публиката е навистина задоволна од нашата музика. Сега подготвуваме нов албум што го следи континуитетот на првото ЦД, односно сакаме тоа да биде со повеќе авторски песни. Тоа треба да бидат композиции изведени на различни јазици, со различни музички форми, инспирирани од културата на различни подрачја. Во секој случај албумот треба да има космополитски карактер, но и неколку македонски песни“, ветуваат Јасна и Владо во име на „Калевала“.


#
Статијата е прочитана 594 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Колку УДБ-а беше нашата судба (8)
Од инвестициите остана само сон
Од хевиметалец до шеќерното дете
Сандокан прогласен за италијански витез
Божидар Димитров бил агент со име „Кардам“
ВМРО-ДПМНЕ рине лански снег!
Од атлетската патека во став мирно
Парламентарците си играат со бројки
„Ало, кој е на телефон“? „Јас, ти и Орвел!“
Прекршена заклетва - концерт во Србија по 20 години
Лекар без граници
Експлозија од вируси во амбулантите
Големи и мали, сите се ѕвезди на „Златно славејче“
Џулиен Асанж - модерен Робин Худ
Корисниците стравуваат од нелегалниот софтвер
Новата нормала на Балканот
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run