Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Божидар Димитров бил агент со име „Кардам“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го откачува контроверзниот министер за дијаспора


Подготвен сум да се разделам и од Божидар Димитров, изјави во четвртокот попладне бугарскиот премиер Бојко Борисов, коментирајќи го скандалот со дипломатите што имале „матно“ минато како соработници на тајните служби.

Досието на министерот без ресор од поранешната ДС беше обелоденето пред парламентарните избори во 2009 година, во кои тој се вклучи како кандидат-пратеник. Тогаш стана јасно дека Димитров работел во структурите на репресивниот апарат во време на комунистичка Бугарија, под ханските псевдоними „Кардам“, „Тервел“ и „Телериг“.

Премиерот Борисов изјави дека сега, и доколку дојде до политички консензус, „подготвен сум да се разделам и од Божидар Димитров“, но, сето ова „еднаш засекогаш да заврши“.

Премиерот Бојко Борисов уште еднаш ги изгуби нервите и ги искара новинарите. Тој беше „испровоциран“ од прашањето: Не е ли двоен аршин во владата да има министер (Божидар Димитров ), а во исто време да се прекинат назначувања на дипломати чие минато е поврзано со репресивниот апарат на комунистичкиот режим.

Не е двоен аршин, одговорил премиерот, според кој, министерот е само еден човек и тоа без ресор, а амбасадорите со минато на агенти сочинуваат педесет проценти (од сите оние што се во бугарските амбасади),пренесе бугарскиот весник „Дневник“.

„Доколку треба да направам таков чекор, ќе го сторам тоа во име на доброто на државата. Но, не е едно и исто, ако си се напил еднаш, веднаш да те прогласат за алкохоличар“, реагираше Божидар Димитров, контроверзниот бугарски министер задолжен за дијаспората. Во продолжение тој уште додаде: „Право на премиерот е во интерес на доброто на државата ... да се ослободи во кој било момент од кој било министер“, рече тој.

Објавувањето на имињата на дипломатите-агенти не создава проблеми во разговорите за шенген, увери уште Бојко Борисов пред почнувањето на завчерашната средба на ПССЕ во близина на Брисел. Но, Борисов бил известен од заменик-министерот за надворешни работи, Константин Димитров, дека веќе има реакции од неколку европски земји за случајот, што не било пријатно.

Генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Лопез, на пример, побарал премиерот Бојко Борисов да му објасни како е можно толку години по демократските промени Бугарија да има толку многу дипломати поврзана со поранешната Државна безбедност.

Изјавата на претседателот Прванов дека агентите не' внесоа во ЕУ и во НАТО може да се толкува дека не сме примени“, ја прокоментира Борисов изјавата на претседателот на државата. Георги Прванов се спротивстави на намерите на владата за разрешување на дипломатите-полицајци и воведувањето лустрација за кандидатите за функции во мисиите во странство. Според Борисов, како што пренесува софиски „Монитор“, оваа изјава ќе создаде повеќе тензии и проблеми отколку чинот на повлекување на амбасадорите. Премиерот потсети дека претходната влада назначувала амбасадори во последните денови пред изборите, и тоа токму оние што заминаа во клучни држави. „Беа испратени агреманите и немаше како да ги отповикаме“, вели Борисов, кој и самиот бил изненаден од бројката од 41 проблематичен амбасадор.

Министерот за надворешни работи, Николај Младенов, претходно изјави дека во иднина Бугарија нема да биде претставувана во странство од луѓе што биле поврзани со службите на поранешниот режим. Според него, соодветните законски промени ќе бидат предложени веднаш по Нова година, кога ќе бидат разгледани и новите назначувања. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Весела Чернева, пак, објави дека бројот на дипломатите „со досие“ драстично се зголемил во последните 15 години, а најмногу во рамките на претходните десет години.

По избувнувањето на скандалот, генералниот конзул на Бугарија во Санкт Петербург, Георги Михов, сам поднесе оставка, пишува „Монитор“. (Д.Ч.)


#
Статијата е прочитана 4465 пати.

Испрати коментар

Од: Пловдив
Датум: 18.12.2010 14:26:52
Абре, за човек ли го есапите Б. Димитров. Еднаш човек што ќе го предаде св сојот народ тој е спремен и друг пат или секојпат туѓиот. Тој е отпадок од опшсстеството.
Од: НЕДОУЧЕНИ ФОРУМ КОМЕНТАТОРИ
Датум: 18.12.2010 18:29:02
Многу коментари пратев во овој ценет медиум и има кај нас луге дури и на ваков кодош и шпион и лажго за македонската вистина му веруваа не напаѓаа нас што се спротиставуваме со македонски аргументи. Издајничиња неосвестени од типот на фиљо гркосрбоманчето или блгарофилчиња горд сум што сите мои коментари во едно да се соберат се гледа како Македонец дека се бранам и си ја знам вистината и сум против сите лаги од гркосрбоблгарската кујна која е основа на македонскиот егзодус од 1913 до 2010 и незнам до кога.
Од: mirka kumanovo
Датум: 18.12.2010 21:50:16
bugari ovakvi onakvi ama od do godina podenusuvat baranje za vlez vo evrozonata a vo eu vlegoa vece dalecnata 2008...a nie ne mozeme vo eu da vlezeme i ce gi kritikuvame da nesme podobri.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 19.12.2010 23:08:50
Dali i nie kje dozhiveeme i kaj nas lugjeto koi rabotele vo strukturite na represivniot aparat vo vreme na komunistichka Jugoslavija da bidat odstraneti od funkcija.
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 20.12.2010 00:22:30
Do Mirka od Kumanovo. Seuste davaat Bugarski psasosi bez pari i mozes da si odis koga sakas kaj niv ako ne ti e dobro kaj nas.Nam ne ni treba EU i NATO.Tamu ne sakale bezimenjaci kako nas.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Колку УДБ-а беше нашата судба (8)
Од инвестициите остана само сон
Од хевиметалец до шеќерното дете
Сандокан прогласен за италијански витез
ВМРО-ДПМНЕ рине лански снег!
Од атлетската патека во став мирно
Парламентарците си играат со бројки
„Ало, кој е на телефон“? „Јас, ти и Орвел!“
Прекршена заклетва - концерт во Србија по 20 години
Лекар без граници
Експлозија од вируси во амбулантите
Големи и мали, сите се ѕвезди на „Златно славејче“
Џулиен Асанж - модерен Робин Худ
Корисниците стравуваат од нелегалниот софтвер
Новата нормала на Балканот
Музика на светот за домашна употреба
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run