|
|
|
|
|
|
Парламентарците си играат со бројки
СДСМ предлага зголемување на бројот на пратеници на 133, а ЛДП се залага за 90 члена
Оливера Војновска
Дали сегашните 120 народни избраници ја отсликуваат реалноста во Македонија според бројот на жители, етничка и национална припадност? Наскоро пред парламентот ќе биде старо-новата иницијатива за зголемување на бројот на пратениците на 133, овој пат поднесена од СДСМ. Од друга страна, ЛДП се залага за намалување на нивниот број на 90.
Социјалдемократите, всушност, побараа „проширување“ на парламентот за 13 места, од кои 10 за малцинствата - Турци, Роми, Срби, Бошњаци и Власи, а три за иселениците. Пред три и пол години ВМРО-ДПМНЕ излезе со идентичен предлог: на помалите етнички заедници да им се обезбеди сигурен влез во Собранието, но СДСМ тогаш беше против. Оттаму, прашање е колку ваквите заложби се резултат на искрената желба да се нагласи посебноста на малите заедници во Македонија. Или, можеби повеќе се мотивирани од лукративни политички цели.
Познавачите на нашите прилики сметаат дека на Македонија, како мала држава, не и' е потребно зголемување на бројот на пратеници. Политичкиот аналитичар и поранешен пратеник, Мерсел Биљали, не наоѓа логика во проширувањето на парламентот. Вели дека Собранието нема проблем со бројната состојба, туку со независноста од Владата. „Не мислам дека дефектот е во тоа што Собранието нема 135 или 140 пратеници, туку затоа што нема сопствена автономија. Факт е дека парламентот е сервис на Владата и не е автономен во одлучувањето. А за да се случи тоа не треба да се зголемува бројот на пратениците, туку да се одлепи од сервилноста и слепата послушност спрема извршната власт“, вели Биљали. Не верува дека предлогот за гарантирани мандати се должи на некаква грижа за малите етнички заедници. „Партиите си прават свои калкулации и притоа ги користат малите етнички заедници за политички пазар. Наместо квоти и зголемување на бројот на пратениците, може да се смени изборниот модел и Македонија да биде една изборна единица. Така, малите етнички партии нема да бидат приврзок на големите партии, туку ќе конкурираат меѓу себе со сопствена автохтона програма“, смета Биљали.
И професорот на ФОН, Осман Кадриу, е на мислење дека не треба да се менува вкупниот број пратеници во Собранието. За него е неоспорно дека треба да се обезбеди застапеност на помалите етникуми во парламентот. „Треба да се најде соодветен механизам и малите партии да имаат место во Собранието. Во секој случај нема потреба да се оди со зголемување на пратеничкиот состав“, вели професорот. Напомнува дека кога станува збор за непосредно изјаснување на граѓаните не може однапред да се смета дека ќе излезат толкав број гласачи и оти тој процент ќе обезбеди десет мандати. Според него, неосновани се стравувањата на политичките претставници на Албанците дека со квотите ќе се наруши механизмот на двојно гласање. Тој појаснува дека при гласањето со Бадентер се бара мнозинство од сите претставници на етничките заедници што биле присутни на седницата. Инаку, Кадриу има резерви и за трите мандати што треба да се обезбедат за иселениците, најмногу поради начинот и техниката на гласање на дијаспората.
Либералдемократите, пак, како посоодветно решение го сметаат намалувањето на бројот на пратениците на 90. Пратеничката од ЛДП, Роза Топузова-Каревска, како пример ја посочува Словенија. „Македонија има приближно исто жители колку и Словенија, која е одамна дел од ЕУ и нејзиниот парламент одлично функционира со 90 пратеници“, вели таа. Според неа, во рамките на оваа бројка може да се најдат мандати и за етничките заедници. „Македонија да биде една изборна единица е далеку подобро решение од гарантираните мандати. На овој начин малите заедници ќе освојат ист број мандати како и со квотите, но нема да бидат зависни од големите партии“ , смета Топузова-Каревска.
ЛДП во два наврати кога се отвораа измените на Изборниот законик излезе со ваков предлог, но тој не наиде на поддршка. Овој пат повторно најавуваат амандмани на предложениот закон од СДСМ со кои ќе побараат да се оневозможи пратеници да станат лица со двојно државјанство, како и отворени изборни листи. |
#
|
Статијата е прочитана 1436 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 18.12.2010 12:25:41 |
|
Ma kakov parlament. Parlament se ima tamu kade sto ima demokratija. Sto e smislata na istiot ako site zakoni se vadat kako od rakav i se izglasuvaat bez da se razgovara za nivnata sustina. Najsmesno e sto balkancite se uste ne ja svatile sustinata na zakonot, a zaboravaat deka toj e za dobroto i na samite niv. Da ne zboruvam za mentalitetot, poglednete gi pratenickite, koi se dozivuvaat kako da se nadminale sebe si samo so toa sto se prtenici, zaneseni zaboravile kako treba da se izgleda profesionalno, se natpevaruvaat vo sminka, obleka...mene seto toa mi e smesno koga ke izleze nekoja takva a recnikot odma ja izdava vistinskata licnost zatskriena zad toj "make up". Karikaturalna e Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: љубица |
Датум: 18.12.2010 12:27:45 |
|
Полека ,полека како што опозицијата почна отпосле да ,,пали,, со ВМРО-вските идеи (и тоа после 3 години), се ближи времето кога ќе се сведе само на име , но не и на членство(ќе облечат портокалови јакни ,наместо мизерните им жолти маички)...
Бродот им тоне ,а се надеваат дека ќе добијат некој спасувачки појас + , ама како што почна г-ѓата Шеќеринска да атакува по Србите ,неверно е дека другите националности ќе отворат прегратка за неа и сличните...
Сега бараат 13 места ,кутрите, се надеваат дека; давениците навистина може да ги спаси и сламка ... |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 18.12.2010 14:19:49 |
|
Znaci ovie portokalive se mnogu zaloslivi. Tie izbegaa od revizija na privatizacija za da go zastita B.C., a sega izbegaa od izbori za da ne ostane SDSM bez pratenici neli. Abe dosta so calami, da imavte j... nemase i lavovite da bidat invalidi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 18.12.2010 16:13:16 |
|
Felix, pardon Ljubice, i na vrapcinjata im e jasno deka piratskiot brod narecen DPMNE vece zabrzano tone, begate od zakon za privatizacija bidejki najkriminalnite dejanija gi napravi tvojot pastir, begate od izbori zatoa sto narodot veruva na realnosta koja e najcrna a ne na Latas, Ivona i Mirka koj vprocem kako i ti ste plateni da go branite ona sto ne moze da se brani. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 18.12.2010 18:55:58 |
|
Повторно акробатика во политичкото однесување,се бара нешто што предходно категорично се одбило.Станува веќе досадно да се следи вакво напред-назад однесување. Инаку Хari жити се неспоменувај ескиважа на избори,твоите водат со 2:1.Ескивиравте вонредни избори 2005 год. и лани твојот лидер му ја спрашти во спасувачка мисија. |
|
|
|
|
|
|
Од: sv dimitrija |
Датум: 19.12.2010 06:43:42 |
|
Navistina Komunjarive ziveat ushte vo minatoto .Shto ke i se na makedonija tolku partii i tolku ptatenici. Nashata drzava ne znajme dali ima 2,000.000 narod a Tolku Paraziti koj bez nikakva pozla za drzavata i za narodot ja nishaat stolicata .Shto imate pridoneseno za nashata drzava ,samo shteta i nosite i zbog vas narodo samo se prepukuvat. Polovinata od vas jas ne bi ve stavil ni BOSTAN da chuvate a kamoli drzava da branite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Apsurd do apsurd! |
Датум: 19.12.2010 12:41:45 |
|
Ideite/predlozite za zgolemuvanje na brojot na pratenicite e golem apsurd! Srbija napr. zagovara namaluvanje na brojot na pratenicite za 50% (od 250 na 125), a ima 4 pati pobrojno naselenie od Makedonija! Ovde e vece kazano deka Slovenija dobro funkcionira so 90 pratenici. Ona sto i treba na Makedonija e namaluvanje na brojot na pratenicite na 60 maksimalno 80 pratenici i vracanje na mnozinskiot model na glasanje so cel da se zajakne avtonomnosta na zakonodavnata vlast vo odnos na izvrsnata! Pratenicite na VMRO-DPMNE vo 1992 god. glasaa za raspustanje na vladata na N. Kljusev! Vavo nesto so proporcionalniot model e prakticno nevozmozno! |
|
|
|
|
|
|
|
|