|
|
|
|
|
|
Мислења
Џулиен Асанж - модерен Робин Худ
Филип Петровски
Не знам што треба да се случи за да се разбудиме, да ги предизвикаме квазиполитичарите кои не' владеат наместо да го подобруваат животот
Активизмот на Џулиен Асанж некои македонски медиуми го нарекоа „Почеток на трета светска војна“, веројатно сакајќи да го потенцираат значењето на тоа што овој човек го направи со објавувањето на тајните дипломатски материјали. И ми се чини дека споредбата е на место. Навистина е премногу значајно тоа што тој го направи. Џулиен Асанж е модерен Робин Худ. Го зема тајното од силните и бесплатно им го дава на послабите. Веројатно многу активисти за човекови права како и слободоумни луѓе сонуваат тие да можат вака да го потресат системот што го толчи на секој можен начин обичниот човек. Да објават материјали за тајноста и неискреноста на својата и на другите влади. Општо е познато дека политичарите и владите не се искрени и работат во длабока дискреција на своите интереси, но многу ретко, да не речам никогаш, не се случува да бидат на ваков начин брутално разголени.
Објавувањето на илјадниците доверливи документи на Интернет предизвика хаос во светските дипломатии, особено оние поголемите. Сега се трага по можните „предавници“, за оние што можеби придонеле за нивното истекување. Некој мора да биде обвинет, зашто беше разголена бруталноста на работата на светските дипломати. На ист начин се направи обид да се дискредитира и уништи Џулиен. Веднаш се појавија обвинувања за сексуални малтретирања од некои Швеѓанки. Интересно е што набрзо се дозна дека едната од нив ми ти била поврзана со ЦИА. Дека ќе се обидат да го дискредитираат и уништат, ми беше и повеќе од јасно. Веројатно и тој самиот си знаел што го чека. Но, се појави еден додатен ефект на кој мислам дека никој не сметал, дури ниту ЦИА, како и другите тајни служби.
Имено, хакерите и слободоумните персони кои се вешти со компјутери спонтано застанаа во одбрана на Асанж. Мислам дека на тој начин тие застанаа во своја одбрана, во одбрана на правото за слободно комуницирање, размена на податоци и право на слобода воопшто. Оти, ако нема спротивставување, владејачките елити се подготвени се' повеќе да земаат. Да ве стават во состојба на дрогирани и индоктринирани кукли кои само ќе имитираат живот. Верувам дека често навистина вака се чувствувате. Како некоја теледиригирана кукла, на која и' е всаден надворешен импулс, наредба како треба да се однесува. Посебно кон владејачките елити. Дека треба да се биде послушен, понизен и добронамерен. Дека не треба да се преиспитува ниедна одлука која е против вашиот интерес затоа што тие што го работат тоа знаат, умеат и се предодредени за тоа. Без разлика што често тие се далеку помалку образувани од вас, што го завршуваат со тешкотија факултетот по десет години студирање и слично.
Затоа хакерите (ова во контекст на сите слободоумни) се спротивставија. И тоа гласно. Ги нападнаа јавно и силно Пејпал и Виза. А најавија напади и на Амазон точка ком. Та затоа Амазон направи лупинг и не ја укина продажбата на документите објавени од Асанж. Вистински потег, оти ако биде нападната нивната страница организирано, може да имаат огромни финансиски загуби. Нападите на хакерите се, всушност, гласот на обичниот човек, кој има свое мислење и држи до својата слобода. Обичниот човек кој често нема никакво влијание врз државните текови и секогаш се смета на него само како на статистика и матичен број.
Претпоставувам дека сега сосема ќе се промени начинот на кој се продуцираат и комуницираат податоците. За да не се случи повторен кејблгате. Системот, светската влада, државните дипломатии ќе бараат начин да се надградат и да не се повтори скандалот. И секако да го супресираат ова што се претвора во ново светско движење за разголување на валк��ниците кои се прават во наше име. Но, ми се чини дека процесот е незапирлив. Тој веќе фати своја насока. Ги обедини сите кои се наоѓаат насекаде и кои контактираат меѓу себе само со компјутер и интернет. Им ја даде силата да сфатат дека можат да го грицкаат системот со сопсвената активност и им покажа дека не се безвредни и обична бројка. Оти беше зафатило едно сивило, една безнадежност дека поединецот нешто може да смени, затоа што ништо не е во негова можност.
Сега ќе видат светските влади со која енергија се судриле. Ќе укинат еден сајт кој го поддржува Асанж, што е бај д веј незаконски и против човековите права, ама затоа веднаш како одговор ќе никнат 10 нови. Тие ќе направат обид да ги укинат. А веднаш како одговор ќе никнат 100 нови. Ќе нема крај на маките на властодршците кои се претставуваат како демократи само кога не се зборува за суштината на демократијата или, пак, за нивниот стил на владеење.
Што од ова има врска со Македонија? Има ли некаков ефект од објавувањето на документите, зашто имаше и документи кои се поврзани со нашата држава. И тоа документи со сериозни импликации. Како за преговорите за името, за хашките случаи кои Бучковски побарал да не се враќаат во државава во време на избори. Веројатно постојат и други документи кои или се' уште не сме ги откриле, оти немаме истражувачи и ентузијасти кои можат уште повеќе да ја соголат домашната политичка арена. Сигурен сум дека нема да отстапиме од моделот на бескпрупулозност во владеењето и дека ако продолжат да се појавуваат ќе покажат оти нашите политичари се исти како оние најлошите кои се разголени во КАЈБЛГЕЈТ. За жал така е. Не гледам дека некој од нив воопшто и се труди да негира или, пак, да коментира за објавеното. Се спомнуваат куферчиња со милионски суми за промена на името. Тоа се настани со далекусежни, повеќегенерациски последици и пак ништо. Некако кај нас за се следи едно големо НИШТО. Ниедна државна институција која би требало да реагира по службена должност, барем да провери за што станува збор, не кажува ни „а“ ни „б“.
Забога, па не знам што треба да се случи во светот или кај нас за да се разбудиме. За да ги предизвикаме квазиполитичарите кои не владеат, наместо да го подобруваат животот. Никако да излеземе од дупката. По никоја цена. А целата околина веќе има свои верзии на Викиликс. Почнуваат да се појавуваат материјали за копумпираноста на политичарите во Бугарија, за штетни договори, за провизии. Не знам, можеби ефектот кај нас ќе биде да се разбуди барем еден човек. Штипнете се, да видите дали барем вие сте будни.
(Авторот е доктор по политички науки)
http://www.filippetrovski.com |
#
|
Статијата е прочитана 2147 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: valentina koteska |
Датум: 18.12.2010 13:04:04 |
|
Pa nekako ne mi se veruva deka e sosema slucajno provaleno vo kompjuterskiot sistem,kako sto ne se srusija slucajno ni kulite a potoa cel svet go krenaa na noze za da gi pronajdat vinovnicite ...Nivnite igri nemaat kraj za zal rasipaniot um e sekogas cekor pred onoj drugiot... |
|
|
|
|
|
|
Од: Komentator |
Датум: 18.12.2010 19:25:46 |
|
Gospodinot sto "izlaja" kako miluvaat da kazat izlajanite...predizvika globalno svetcko politicko cunami...Dali i nie ke bideme "poplaveni" i ne e bas mnogu vazno .. cela Esen Makedonija ni e poplavena pa nikomu nisto...Jas samo od seta sila se smejam na obvilitelen akt ...siluval Svedanki ..da puknes od smea ...poprvo bi veruval deka tie mu se luti bidejki covekot ne zavrsil rabota kako trebe od brzanje da sedne na kompjuter....!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 18.12.2010 19:29:28 |
|
Што правиме ако на Викиликс се појави некаков допис од некоја амбасада до својата влада за вашето шаторско логорување,и се откријат мотивите.Можеби е малку малициозно од моја страна но ме испровоциравте со написот.Инаку очекувам уште документи за политичкото однесување како на власта така и на опозицијата. |
|
|
|
|
|
|
Од: Игор |
Датум: 18.12.2010 20:00:54 |
|
Валентина: веднаш направи капа од фолија и стави ја на глава за да не ти ги контролираат мислите.
Филип: Амазон го тргна wikileaks од своите сервери и беше нападнат. За каква "продажбата на документите објавени од Асанж" зборуваш? Не си разбрал нешто. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 18.12.2010 22:40:12 |
|
Ako ne se lazam,bajkata/legendata za Robin Hud e zasnovana na prikaskata deka toj KRADEL od bogatite,pa delel na siromasite.Prikaskata e ubava,samo sto ovoj humanitaren potfat na Robin Hud, poveke bi odgovaral za decata.Inaku i Boni i Klajd KRADELE od bogati,pa skoro i sekoj kradec krade od bogatite,no nemaat sreka da bidat "legendi"kako Robin Hud.Taka da i ovoj "humanitarec"Asanz e samo statist vo nekoja nova prikaska/legenda.Tie dosega sto objavuvaa,pisuvaa pa i dokazuvaa sto sve se slucuva vo zapadniot svet,bea kvalifikuvani kako teroristi,diktatori,komunisti,neprijateli,spijuni.....,e sega na ovoj "sreknik"Asanz mu e priredena Holiwoodska reklama,pa ke go "unovcat" za nekoj svoj potrebi.Do vistinata se doaga so razmisluvanje i analiziranje,a ne so reklamiranje i populizam.Toa zapamtete. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan -Trade Name! |
Датум: 19.12.2010 05:17:23 |
|
Odamna go znam ova ,Veruval il Ne! Imam dosta napisano za ovoj problem,ama me raducva i toa,sto i Ti ,Petreski .napisa nesto; Razumno i Citko na ovaa tema! |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 19.12.2010 09:19:31 |
|
Така го направија тие светот.Да не се знае што е ете така изворно,вистинско,невино случување,или случувања зад нечиј параван,како овој на Ласанж.Така да било каков коментар да се даде врз основа на слободата на мислење,или ете нека биде фантазирање,или проникнување во третата димензија,човек има за право се да помисли,па и да поверува.Што ако ете Асанж не е другиот Бин Ладен.Но,се ќе се заврши добро.Па и не е така страшно.Можеби сите или ако не сите,некој дел се фабрикувани во неговото атеље.Кој знае што друго може да произведе неговиот брат,аксцелераторот,таму длабоко негде во Алпите.Земјата како и секогаш прави чуда.Само едно е страшно.Што ако навистина Асанж,ете така сам си ја завршил работата?! |
|
|
|
|
|
|
Од: Ne e nisto slucajno |
Датум: 19.12.2010 15:09:35 |
|
Takov Kabelgate i istekuvanje na tolkav broj doverlivi informacii ne moze da bide slucajnost. Pozadi toa se skrieni nekoi drugi za nas nepoznati raboti i celi. Kakvi? Mozebi ce doznaeme posle desetina godini.. |
|
|
|
|
|
|
|
|