Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Во Битола ќе се одвива паралелно затворање на „Браќа Манаки“

Градоначалникот на Битола, Талески, ги обвини организаторите за уривање на фестивалот

Битола - Со историска проекција за фестивалот и доделување на плакети на основачите на фестивалот, битолската локална власт денеска ќе прави паралелно затворање на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во градот домаќин Битола. Револтиран од новиот концепт на организаторот, жирирањето, затворањето и коктелот на покровителот на манифестацијата да се одржат во Скопје, градоначалникот на Битола Владимир Талески, ја одби поканата на покровителот Бранко Црвенковски да присуствува во Скопје и ги покани истите гости на неговиот свечен коктел во 19 часот во Центарот за култура во Битола. Иако до вчера немаше потврда кој се ќе присуствува на битолското затворање, градоначалникот вели дека ова е првиот чекор на општината фестивалот комплетно да се врати во градот.

„Направивме наша програма со која одиме чекор напред. Правиме специјални плакети за основачите, иницијаторите и поддржувачите на фестивалот. Досега тоа внимание никој не им го укажал. Во исто време ќе промовираме нова Веб-страница и ќе отвориме канцеларија за филм“, изјави Талески.

Градоначалникот ги обвини организаторите за рушење на фестивалот и најави дека ќе побара од Министерството за култура како главен финансиер на манифестацијата, да ги разреши досегашните први луѓе, особено директорот Томи Салковски. „Ова што се случи со организаторот ја разоткри целата политичка позадина за рушење на фестивалот. Ќе барам од Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и од филмските работници, само не од Салковски, фестивалот да се врати во Битола. Ќе ги раздолжиме овие ’врвни’ организатори, зашто ваков упад во културата досега никој не помислил да направи“, рече Талески негирајќи дека општината е виновна за новиот концепт и преселувањето на фестивалот во Скопје.

Парите што општина Битола ги префрлила на сметка на организаторот на „Браќа Манаки“, сега ги бара назад. Талески вели дека се работи за буџет од 1,5 милиони денари што општината ги предвидела за фестивалот. (А.Б.)


Статијата е прочитана 136 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
Виктор Фридман стана „Духовен воин“ на Македонија
Валтер Карвалјо ја прими „Златна камера 300“ за животно дело
Богата програма на „Скопскиот џез-фестивал“
На Балканот творат талентирани луѓе
Новото ЦД на кларинетистот Тале Огненовски оценето како феноменално