Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Наука Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Култура
03.10.2008, 17:14

Новото ЦД на кларинетистот Тале Огненовски оценето како феноменално

„Тале Огненовски е еден од најголемите композитори во светот на музиката“, пишува „All About Jazz“

Новиот албум на македонскиот кларинетист и композитор Тале Огненовски, објавен на 1 септември годинава, едноставно насловен „Македонски џез композиции за кларинет од Тале Огненовски“, добива одлични рецензии од странскиот печат, а особено внимание му е посветено на познатата Веб-страница „All About Jazz“. Тале Огненовски се јавува како автор, композитор и аранжер на сите 12 композиции присутни на албумот, кој е издаден за „Индепендент рекордс“ во продукција на Тале Огненовски и Стеван Огненовски, а во дистрибуција на „Д’ Орчар“.

Ова трето ЦД на Огненовски е продолжение на неговите претходни два албуми под наслов „Џез, македонски народни ора и класична музика“ и „Моцарт и концертите на кларинет на Огненовски“ (Тале Огненовски аранжираше делови од концертот за кларинет на Моцарт, за два кларинета), по повод 250-годишнината од раѓањето на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. И на новиот албум Огненовски настапува со неговиот актуелен квартет: Тале Огненовски на кларинет, флејта, зурла, мала гајда и тапан, неговиот син Стеван Огненовски на флејта и тапан и неговите внуци Никола Огненовски и Климент Огненовски на флејти.

Во освртот за делото на Тале Огненовски, „All About Jazz“ меѓудругото пишува: „Тале Огненовски е познат во светот по неговите виртуозни перформанси. Огненовски и неговиот квартет нудат сензационална џез-музика на кларинет. Македонскиот џез на кларинет компониран од Тале Огненовски ќе биде феноменален. Различни фрази, спектакуларни соло-изведби на кларинет, кои се и интересни и фасцинирачки за луѓето да ги слушаат и да им се восхитуваат. Секој дел од албумот е ритмички комплексен. Истражувањето на македонските музички традиции со џез-сензибилитет е извонредно. Звукот е едноставно феноменален. Музиката на Огненовски е безвременска. Тале Огненовски очигледно е далеку пред своето време, и тоа е класика што ќе постои засекогаш. Овој албум е еден од најдобрите џез-инструментални албуми на сите времиња. Тале Огненовски отвори нови можности за кларинетот што никој не можеше да ги предвиди. Тој е најголемиот кларинетист, флејтист, зурлист, и гајдист на сите времиња, демонстрирајќи уникатни вештини, богатство на изуми, извонредна импровизациска виртуозност и извонредна музичка способност во сите области на музиката. Тој е еден од најголемите композитори во светот на музиката...“ (Т.И.)


Статијата е прочитана 3145 пати.


Испрати коментар



Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
На Балканот творат талентирани луѓе
Виктор Фридман стана „Духовен воин“ на Македонија
Валтер Карвалјо ја прими „Златна камера 300“ за животно дело
Во Битола ќе се одвива паралелно затворање на „Браќа Манаки“
Богата програма на „Скопскиот џез-фестивал“
03.10.2008, 19:31

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Вторник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Јас кризирам, ти кризираш... тие се смеат

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Наука | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |